„Кандид или оптимизам“ () или едноставно „Кандид“ () е сатиричен роман на францускиот писател и филозоф Волтер, напишан во 1759 година.Critical Survey of Short Fiction (2001) Во „Кандид“, Волтер заклучува дека оптимизмот не треба да се прифаќа некритички и го предлага познатиот принцип според којшто „ние мора да ја обработуваме нашата градина“, наместо Лајбницовата мисла дека „сè е најдобро во најдобриот од сите можни светови“. Денес, Кандид е препознатлив како Волтеровото magnum opus и често се вбројува во западниот канон. Тоа е веројатно најизучуваното дело од француската литература.
Историска и литературна позадина Безброј изумрени историски настани го инспирирале Волтер да го пишува Кандид, а најзабележителна е Седумгодишната војна и Лисабонскиот земјотрес во 1755 година: двата настани се однесуваат на книгата и се цитирани од страна на стручњаци, како причини за создавање на делото.Wade (1959b), p. 88 Лисабонскиот земјотрес во 1755 година, цунами и пожарите кои се случиле како резултат на Денот на сите светци, имале силно влијание врз теолозите и врз Волтер, кој бил разочаран од сето тоа. Земјотресот имал особено голем ефект врз повремената доктрина на оптимизам, филозофски систем кој подразбира дека такви настани не треба да се случуваат. Оптимизмот е заснован на Теодикеја од Готфрид Вилхелм Лајбниц, што вели дека сè е најдобро, бидејќи Бог претставува благонаклонето божество. Овој концепт често е вметнуван во обликот „сè е најдобро во најдобриот од сите можни светови“, (француски:„Tout est pour le mieux dans le meilleur des mondes“). Филозофите имале тешкотија при совладување на стравот од овој земјотрес со овој оптимистички поглед на светот.Radner & Radner (1998), pp. 669–686
thumb|left|350px|Ова метално гравирање од 1755 година покажува рушевини во пламен од Лисабон и цунами, совладувајќи ги бродовите на пристаништето.
Веднаш по оваа природна катастрофа, Волтер го одбил Лајбницовиот оптимизам, убеден од тоа дека ако овој е најдобриот можен свет, сигурно треба да е многу подобар отколку што е.Mason (1992), p. 4 Волтер го напаѓа ова оптимистичко верување и во двете дела Кандид и „Песна за несреќата во Лисабон“, француски: Poème sur le désastre de Lisbonne. Против ова гледиште, тој го користи Лисабонскиот земјотрес и во Кандид и во неговата Песна, опишувајќи ја на саркастичен начин катастрофата како нешто најстрашно „во надобриот од сите можни светови“.Wade (1959b), p. 93 Веднаш по земјотресот, невистинити гласини се ширеле насекаде низ Европа, понекогаш преувеличувајќи ја суровоста на настанот. Ира Вејд, познат стручњак за Волтер и делото Кандид, ги анализирала изворите што можеби Волтер ги искористил при осознавање на настанот. Вејд претпоставува дека основниот извор на информации за Лисабонскиот земјотрес, Волтер го црпел од делото Relation historique du Tremblement de Terre survenu à Lisbonne напишано во 1755 година од Анж Гудар.
Покрај овие настани, современи стереотипи на германското обележје може да биле извор на инспирација за текстот, како што биле во Симплициус Симплицисимус, сатиричен и авантуристички роман напишан од Ханс Јакоб Кристофел фон Гримелсхаузен во 1669 година, а инспириран од Триесетгодишната војна. Главниот лик на овој роман е многу сличен со главниот лик на Кандид, којшто наводно поседувал стереотипични германски одлики. Според биографот на Волтер, Алфред Овен Олдриџ, овие два стереотипи од Кандид и двата од Симплициус вклучуваат „крајна лековерност или сентиментална едноставност“, притоа создавајќи квалитети. Алдриџ пишува, „Откако Волтер ја призна блискоста со германските автори од 15 век коишто имаат дрзок и шегаџиски стил, мала е веројатноста дека тој добро го познава делото Симплицисимус.“
Сатиричен и пародичен претходник на Кандид, Гуливеровите патувања од Џонатан Свифт,(1726) е дело со најблиска литературна сродност со него. Оваа сатира раскажува приказна за едно „наивно момче“, по име Гуливер, кој (исто како и Кандид) патува низ неколку „далечни земји“, очеличен од многуте незгодни ситуации во кои се нашол. Волтер веројатно го користел делото Гуливеровите патувања како инспирација при пишување на Кандид, а сличностите помеѓу овие две дела се доказ за тоа.Havens (1973), pp. 844–845 Други можни извори на инспирација за Кандид се Телемах,(1699) од Франсоа Фенелон и Космополит,(1753) од Луј-Шарл Фужере де Монброн. Кандидовата пародија на поучниот роман, веројатно е врз основа на Телемах, опфаќајќи ја и прототипичната пародија на мудриот учител, врз чија основа е Панглос во овој случај. Исто така, Монброновиот главен лик доживува низа разочарувачки патувања слични на оние на Кандид.Wade (1959b), p. 296.
Создавање на делото Волтер (1694–1778) веќе бил добро познат автор, значаен по својата сатирична духовитост, уште од времето на Лисабонскиот земјотрес. Тој станал член на Француската академија, (француски: Académie Française) во 1746 година. Волтер бил деист (приврзаник на деизмот), голем борец за слобода на религијата и критичар на сè она што е поврзано со тиранијата на владејачките слоеви. Кандид станал дел од филозофските, политичките и уметничките дела што искажуваат такви гледишта.Means (2006), pp. 1–3Gopnik (2005) Попрецизно, книгата била пример за другите романи од XVIII и раниот XIX век, наречени „Философски романи“ (Contes philosophiques). Овој жанр, ги опфаќа и неговите претходни дела: Задиг и Микромегас.McGhee (1943), pp. 438, 440Aldridge (1975), p. 155Mason (1970), pp. 19–35 thumb|135px|right|Гравација на Волтер објавена како корица на изданието од 1843 година на неговото дело Философски речник.
Не е познато кога точно Волтер го напишал Кандид,Wade (1959a), p. 65 но стручњаците претпоставуваат дека делото првично било напишано во доцната 1758 година, а Волтер започнал да го пишува уште во 1757 година.Torrey (1929), p. 446 Се смета дека еден дел од делото Волтер го пишувал во неговата куќа во Фернеј, а друг дел при тринеделната посета на Карл Теодор, изборник на Баварија, Пфалц во областа Швецинген (Schwetzingen), за време на летниот период во 1758 година. Покрај цврстиот доказ за овие тврдења, познатата легенда вели дека Волтер го напишал Кандид за три дена. Оваа идеја веројатно е врз основа на непознавање на делото од 1885 година La Vie intime de Voltaire aux Délices et à Ferney од Лусјен Пери, (нејзиното вистинско име било Клара Адел Лус Херпин) и Гастон Могра. Во неа се докажува дека Волтер не се брзал, ниту пак го импровизирал работејќи на Кандид, туку работел на него во текот на една година.Wade (1959b), pp. 145, 156.
Постои само едно проширено, непечатено издание на Кандид, напишано уште пред неговото објавување во 1759 година. Тоа било откриено во 1956 година од страна на Вејд, кое тогаш било наречено La Vallière Manuscript. Постоело верување дека Волтер им испраќал поглавја на војводата и војвотката Ла Виера (La Vallière) есента, 1758 година. Непечатеното издание било продадено на Bibliothèque de l'Arsenal во доцниот 18 век, каде што останало неоткриено скоро цели двесте години.Rouillard (1962) Ова било најоригиналното и најреалното од сите „преживеани“ копии на Кандид, што Волтер веројатно ѝ го издиктирал на својот секретар Жан-Луј Вањиер, па потоа било веднаш издадено.Wade (1957), p. 94. Покрај ова издание, се верувало дека постојат и други, од кои едно е копирано од Вањиер за Карл Теодор, кај кого гостувал Волтер летото 1758 година. Првиот кој установил дека постоела оваа копија бил Норман Л. Тореј во 1929 година, но останува непотврдено дали таа сè уште постои.Wade (1956), pp. 3–4.Torrey (1929), pp. 445–447.
Поради строгата цензура што владеела за време на Луј XV, „Кандид“ не бил објавен со името на Волтер како автор, туку лажно било наведено дека станува збор за француски превод од некој германски автор. Така, на насловната страница на првото издание на „Кандид“ од 1759 година пишувало дека станува збор за „превод од германски јазик од страна на господинот д-р Ралф, со додатоците што се најдени во докторовиот џеп кога умрел во Минхен, летото господово 1759“. Истовремено, дури и во своите приватни писма, тој упорно одрекувал дека „Кандид“ е негово дело.Veljko Korać, „Volterov Kandid“, во: Volter, Kandid. Beograd: Rad, 1961, str. 125.„Волтеровиот Кандид“, во: Волтер, Кандид. Скопје: Феникс (без дата), стр. 122. Појавата на „Кандид“ веднаш предизвикала остра реакција на кралскиот режим. На пример, во писмото на генералниот адвокат до врховниот тужител на Франција (двајцата највисоки државни функционери кои го следеле секое ново книжевно и филозофско дело) „Кандид“ се опишува како дело против религијата и добрите обичаи, по што врховниот тужител веднаш издал налог да се пронајдат виновниците. Меѓутоа, уште пред да реагираат надлежните органи во Франција, „Кандид“ бил јавно запален во Швајцарија, што само продонесло да се зголеми неговата популарност надвор од границите на Франција.Veljko Korać, „Volterov Kandid“, во: Volter, Kandid. Beograd: Rad, 1961, str. 129.
Кандид бил истовремено издаден во пет држави, до 15 јануари 1759 година, иако точната дата на издавањето е непозната. Денес се познати седумнаесет верзии на Кандид од 1759 година, на оригинален француски јазик, за кои се водело голема расправа во врска со тоа, која од нив е најпрвин издадена. Многу верзии биле издадени и на други јазици, на пример, на италијански јазик и трипати на англиски јазик, истата година. Комплицираната наука за пресметување на датите на објавување на сите верзии нашироко е опишана во статијата на Вејд „Првото издание на Кандид: Проблем на идентификација“. Процесот на објавување бил премногу таен, веројатно тоа е „најскришното дело на векот“, поради очигледната незаконска и непристојна содржина на книгата. Најголемиот број копии на Кандид истовремено биле објавени во Женева од Крамер, во Амстердам од Марк-Мишел Реј, во Лондон од Џин Ноурс, а во Париз од Ламбер.
thumb|200px|left|Илустрација од 1803 година на два мајмуна. Кандид ги убива мајмуните, мислејќи дека ги напаѓаат девојките.
Делото претрпело поголема и значителна проверка, но и неколку помали, веднаш по неговото првично објавување.Wade (1959b), p. 182 Верзијата на Кандид, објавена во 1761 година, покрај неколку незначителни промени, содржела големо дополнување на 22. поглавје, за кое војводата од Валиер сметал дека е слабо. Англискиот наслов на ова издание бил Кандид, или Оптимизам, преведено од Германецот д-р Ралф.Davidson (2005), pp. 52–53. Последното издание на Кандид одобрено од Волтер било вклучено во Крамеровата компилација (собран материјал) од 1775 година, (l'éditions encadrées).Wade (1959a), pp. 63–88Taylor (1979), p. 207Williams (1997), p. 97
Волтер категорички бил против вметнување на илустрации во неговите дела, како што тој изјавил во писмото до писателот и издавачот, Шарл-Жозеф Панкук во 1778 година. Наспроти овој протест, два комплета илустрации за Кандид биле насликани од францускиот уметник Жан-Мишел Моро ле Жен. Првата верзија била направена на трошок на Моро, во 1787 година, вклучувајќи го и објавувањето на делото на Кел Oeuvres Complètes de Voltaire, истата година.Bellhouse (2006), p. 756 Моро нацртал четири слики за ова издание, а истите биле изгравирани од Пјер-Шарл Бакоа.Bellhouse (2006), p. 757 Втората верзија се состоела од седум цртежи на Моро, изменувани од многубројни резбари.Bellhouse (2006), p. 769 Современиот уметник од XX век Паул Кле се надоврзал на ова, велејќи дека додека го читал делото Кандид го открил својот уметнички стил. Кле, исто така, го илустрирал ова дело, а неговите цртежи биле објавени во верзијата од 1920 година, режирана од страна на Курт Волф.Waldinger (1987), p. 23
Содржина