мини|Лохан на забава по пролетното модно шоу на Келвин Клајн во 2007.

Линдзи Лохан (англиски: Lindsay Morgan Lohan) (), е американска глумица, поп пејачка и модел. Ја започнува својата кариера како дете-манекенка пред нејзиното филмско деби во Дизниевата преработка од 1998 Стапица за Родители (The Parent Trap) на возраст од 11 години. Лохан се здобива со уште повеќе слава помеѓу 2003 и 2005 година со главните улоги во филмовите Откачениот Петок (Freaky Friday), Злобни Девојки (Mean Girls) и Херби: Целосно Натоварен (Herbie: Fully Loaded), а потоа и појавувајќи се во независните филмови Другари (A Prairie Home Companion) на Роберт Алтман и Боби (Bobby) на Емилио Естевез.

Нејзината кариера беше прекината во 2007 година поради тоа што два инцидента на возење под дејство на алкохол и три посети во установа за рехабилитација од дрога доведоа до неколку изгубени филмски проекти. Продолжува со нејзината кариера со гостувањето во серијата Грдата Бети (Ugly Betty) во 2008 година, глумењето во комедијата Породилни Болки (Labor Pains) во 2009 година, како и со појавувањето во Мачете (Machete) на Роберт Родригес во 2010 година. Лохан започна втора кариера во поп-музиката во 2004 година со албумот Зборувај (Speak), проследен со албумот Малку Повеќе Лично (A Little More Personal) во 2005 година. Таа има привлечено значителен публицитет, особено околу нејзиниот приватен живот.

Живот и кариера

Ран живот и образование Лохан (Lindsay Dee Lohan) е родена на 2 Јули 1986 година, во градот Њујорк и пораснала во Мерик и Колд Спринг Харбор во Лонг Ајленд, Њујорк. Таа е најстарото дете на Доната “Дина“ (моминско: Суливан) и Мајкл Лохан. Линдзи има 3 помали браќа и сестри, од кои сите биле модели или глумци: Мајкл Џуниор (којшто се појавува со Линдзи во Стапица за Родители (The Parent Trap), Алиана (“Али“) и Дакота (“Коди“), најмладото дете во семејството Лохан. Лохан има ирско и италијанско потекло и е одгледана како католик. Од страна на мајка ѝ, сите од нејзиното семејство биле „добро познати ирски католички сталварти“ и нејзиниот прадедо, Џон Л. Суливан, бил соосновач на Партијата за Живот (Pro-life Party) во Лонг Ајленд. Лохан го посетувала средното училиште Колд Спринг Харбор, каде што добро ѝ одело наука и математика до 11то одделение кога започнала со домашно школување.

Нејзините родители имаат бурна историја. Тие се венчале во 1985 година, се разделиле кога таа имала 3 години, и потоа си се вратиле еден на друг. Повторно се разделиле во 2005 година и го финализирале својот развод во 2007 година. Нејзиниот татко, Мајкл, е поранешен Вол Стрит трговец и стопанственик кој го наследил бизнисот со тестенини од татко му и имал порблеми со законот во неколку наврати, додека нејзината мајка, Дина, е поранешна пејачка и танчерка.

1989-2002: Рана кариера и Стапица за Родители (The Parent Trap) Лохан ја започна својата кариера како дете-манекенка во агенцијата Форд Моделс на тригодишна возраст. Таа беше во детската колекција на Келвин Клајн и Аберкромби (Abercrombie Kids) и се појави во преку 100 телевизиски реклами, вклучувајќи ги и оние за Пица Хат (Pizza Hut) и Венди’с (Wendy’s), како и за Џело (Jell-O) со Бил Козби. На десетгодишна возраст, кога Лохан ја играше Александра “Али“ Фаулер во серијата Друг Свет (Another World), списанието Соуп Опера изјави дека таа веќе се смета за ветеран во шоу-бизнисот.

Лохан остана да ја игра таа улога една година, пред да си оди за да учествува во семејна комедија на Дизни од 1998 година, Стапица за Родители (The Parent Trap), преработка на истоимениот филм од 1961 година. Таа играше двојна улога на разделените сестри-близначки, кои се ободуваат да ги спојат нивните долго-разведени родители, во чии улоги се Денис Квејд и Наташа Ричардсон. Филмот заработи 92 милиони долари низ целиот свет и критичарот Кенет Туран ја нарече Лохан „душата на филмот исто како што Хејли Милс беше во оригиналот“, кажувајќи исто така дека „таа е многу повешта од нејзината претходничка во создавањето на две различни личности.“ Лохан доби награда „Млад Артист“ (Young Artist Award) за најдобра претстава во игран филм, како и тригодишен филмски договор со Дизни.

На 14 години, Лохан ја играше ќерката на Бети Мидлер во првата епизода на краткотрајната серија Бети (Bette), но се откажува од оваа улога кога продукцијата се сели од Њујорк во Лос Анџелес. Таа исто така играше и во два филма на Дизни: Во Природна Големина (Life-Size) наспроти Тајра Бенкс во 2000 година и Добиј Поим (Get a Clue) во 2002. Исто така во 2002 година, таа беше во врска со пејачот Арон Картер. Имало изјави дека Лохан била во расправија со Хилари Даф, која исто така одела со Арон Картер, но Лохан на тоа подоцна изјави дека „луѓето само почнале да продаваат приказни.... за кои лесно може да се пишува.“

2003-2004: Откачениот Петок (Freaky Friday), Злобни Девојки (Mean Girls) и Зборувај (Speak) Лохан ја играше улогата на Ана Колман заедно со Џејми Ли Кертис во семејната комедија од 2003 година Откачениот Петок (Freaky Friday). По нејзина иницијатива, нејзиниот лик беше повторно напишан и сменет во Готски стил за да ѝ биде поблизок. Критичарот Роџер Еберт напиша дека Лохан „има Џоди Фостер вид на сериозност и целосен фокус под нејзината личност како тинејџер.“ Овој филм ѝ заработи на Лохан награда за Пробивачка Изведба на Ем-Ти-Ви филмските награди во 2004 година, и сè до 2010 година, останува како нејзин комерцијално најуспешен филм, кој заработува 160 милиони долари низ целиот свет, како и 88% одобрен рејтинг од мрежната страница Rotten Tomatoes.

Со цел да има тројна кариера – глумица, пејачка и танчерка, слично како Ен Маргрет и Мерилин Монро – Лохан започна да го истакнува своето пеење преку глумата. За саундтракот на Откачениот Петок, таа ја испеа последната тема Ultimate и исто така сними четири песни за саундтракот на Исповеди на тинејџерската кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen). Продуцентот Емилио Естефан Џуниор ја потпиша Лохан за пет-албумски договор во 2002 година. Две години подоцна, Лохан потпиша договор за снимање со Казабланка Рекордс (Casablanca Records), воден од Томи Мотола.

Во 2004, Лохан играше две главни улоги. Првиот филм, Исповеди на тинејџерската кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen) – нејзината прва улога во филм што не е преработка – заработи вкупно 29 милиони долари на домашниот бокс-офис, на кој Брендон Греј од мрежната страница Box Office Mojo коментираше дека тоа е „доста над очекувањата со оглед на фактот дека филмот е наменет за млади девојки.“ Филмот во целост, сепак, не доби позитивна критика. Роберт К. Елдер од страната Metromix напиша дека “иаке е сèуште ветувачка ѕвезда, Лохан ќе треба да се покае пред да ѝ биде простено за овој филм.“

Тинејџерската комедија Злобни Девојки (Mean Girls) беше нејзиниот прв филм надвор од Дизни. Филмот беше критички и комерцијален успех, заработувајќи 129 милиони долари ширум светот и според Брендон Греј „цементирајќи го нејзиниот статус како новата кралица на тинејџерските филмови“, додека Стив Родс напиша дека „Лохан нè вчудовидува уште еднаш. Умно напишаното сценарио е совршено за нејзинииот интелигентен бренд на комедија.“ Лохан доби четири награди на „Тин Чојс Авордс“ (Teen Choice Awards) во 2004 година за Откачениот Петок и Злобни Девојки, вклујувајќи ја и наградата за Пробивачка Филмска Ѕвезда. Злобни Девојки исто така ѝ заработи и две награди на Ем-Ти-Ви филмските награди во 2004 година, Најдобра Женска Изведба и Најдобар Тим заедно со неколку други членови од филмскиот тим.

Лохан стана најмладиот домаќин дотогаш на Ем-Ти-Ви филмските награди на 17-годишна возраст. По Злобни Девојки, кој беше напишан од Тина Феи и вклучи неколку алумни од „Саботен Ноќен Живот“ (Saturday Night Life), Лохан била домаќин на ова шоу трипати помеѓу 2004 и 2006 година, како и на Светските Музички Награди во 2006.

Зборувај (Speak), нејзиниот деби-албум, беше пуштен во продажба во декември 2004 година, искачувајќи се на четврто место на Билборд 200 листата и заработувајќи Платински сертификат на почетокот на 2005 година. Лохан ко-напиша шест од дванаесетте песни на албумот. Албумот беше фален од Линда МекГи од Радио и Телевизија од Ирска (RTÉ), која му даде 4 од 5 ѕвезди и коментираше дека Зборувај ги отвора сите сурови емоции и тинејџерски гнев коишто би се очекувале од еден уметник на нејзина возраст“ и дека „додека нејзините вокали не се сензационални, нивната тврдост ја одржува Лохан низ овој албум“, како и споредувајќи го овој албум со музичките почетоци на Аврил Лавињ. Сепак, Allmusic ѝ даде 2 од 5 ѕвезди изјавувајќи дека албумот „повеќе изгледа како спореден производ на преувеличена славна култура отколку на вистински албум.“ Првично, овој поп албум беше воведен со песната Гласини (Rumors). Опишана од страна на списанието Ролинг Стоун како „бас-тешка, агресивна клупска химна“, таа ги опишува жалбите на Лохан кон папараците и најпосле доби Златен сертификат во САД.

За време на снимањето на Херби: Целосно Натоварен (Herbie: Fully Loaded), Лохан била примена во болница поради инфекција на бубрегот предизвикана од стрес во личниот живот и од снимањето на нејзиниот прв албум додека филмот бил уште во продукција, поради што списанието Венити Фер го етикетираше ова како „првото катастрофално снимање на Лохан“. Списанието исто така опиша како Лохан ја откажала својата промотивна турнеја и беше повлечена од филмскиот постер поради „однесување кое не ѝ доликува на една Дизни ѕвезда.“ Лохан започна врска со глумецот Вилмер Валдерама во 2004 година, гостувајќи во една епизода од серијата Луди 70-ти, каде што тој редовно глумеше. Според Венити Фер, раскинувањето со Валдерама придонело до нејзините проблеми за време на снимањето на Херби: Целосно Натоварен (Herbie: Fully Loaded).

Со Злобни Девојки (Mean Girls), нејзиниот јавен профил значително се зголеми и параците почнаа да ја следат. Таа помина неколку години живеејќи по хотели во Лос Анџелес, од кои две години таа ги помина во хотелот Шато Мармонт. При крајот на 2007 година, откако си најде постојано живеалиште, таа објасни дека поминала толку време по хотели затоа што „не сакала да биде сама“ но дека „тоа не е начин на живот... не е многу постојан.“ Лохан имаше неколку автомобилски несреќи кои беа во весниците, со мали удари во август 2004 година, Октомври 2005 година, и во ноември 2006 година, кога таа доживеа мали повреди од папарацо кој ѝ ја удрил колата кога ја следел да ја слика. Полицијата ја нарекла несреќата намерна, но обвинителите рекоа дека нема доволно докази за да се поднесе кривична пријава.

2005: „Херби: Целосно Натоварен“ (Herbie: Fully Loaded) и „Малку Повеќе Лично“ (A Little More Personal) мини|Херби, колата што се појавува со Лохан во Херби: Целосно Натоварен (2005). Лохан се врати во Дизни во 2005 година за Херби: Целосно Натоварен (Herbie: Fully Loaded), петтиот филм во серијата со антропоморфската кола Херби. Целосно Натоварен заработи 144 милиони долари ширум светот и доби различни оценки. Стивен Холден од весникот Њујорк тајмс ја нарече Лохан „вистинска ѕвезда која... навистина изгледа како да е дома на екранот“, додека пак Џејмс Берардиели напиша дека „иако изгледа како толку светла ѕвезда, Лохан игра споредна улога до автомобилот.“ Во 2005 година, Лохан беше првата славна личност според која беше направена кукла од компанијата My Scene, издадена од „Мател.“ Таа исто така го позајми гласот во анимираниот Ди-Ви-Ди филм My Scene оди во Холивуд, заснован на серијата кукли.