right|thumb|25 пара означени со бои. Усучена парица, често и бакарна парица — вид ожичување каде два проводници кои образуваат едно електрично коло, се меѓусебно усучени за да се намали електромагнетната интерференција (EMI) од надворешните извори; на пример, електромагнетно зрачење од незаштитени телефонски кабли (UTP), и преслушување помеѓу соседни кабли. Усучената парица е пронајдок на Александар Грејам Бел.
Објаснување
Во операции со балансиран пар, двете жици носат исти и спротивни сигнали и одредиштето ја детектира разликата помеѓу овие две жици. Ова е познато како диференцијален облик на трансмисија. Изворите на звук воведуваат сигнали во жиците со соединување на електрични или магнетни полиња и притоа се стремат кон еднакво соеднинување во двете жици. На овој начин звукот произведува општо познат сигнал, кој се предава на примачот при појава на карактеристичниот сигнал. Овој метод не функционира кога изворот на звукот е близу до сигналните жици; поблиска жица би се соединила со звукот по цврсто, што вообичаеното отфрлање на примачот не би успеал да го отстрани. Овој проблем е особено очигледен во телекомуникациските кабли каде парови од ист кабел се еден до друг на големи растојанија. Еден пар може да предизвика преслушување на друг и тоа претставува додаток на должината на кабелот. Испреплетувањето на паровите го гледа овој ефект како на секој пола свијок, жицата поблиску до изворот на звукот да се менува. Обезбедувањето со интерферентен извор останува непроменето, или пак скоро непроменето, односно на растојание од еден свијок, предизвиканиот звук е вообичаен. Диференцијалното сигнализирање исто така ја намалува електромагнетно зрачење на кабелот, заедно со придруженото ослабување, дозволувајќи големо растојание помеѓу размените.
Ратата на испреплетување (наречена уште и степен на испреплетување, која најчесто се мери со број на свијоци во еден метар) претставува дел од спецификацијата за даден тип на кабел. Онаму каде блиските кабли имаат иста рата на испреплетување, ист проводник на различни парови може повеќепати да лежи веднаш едно до друго, делумно поништувајќи ја користа од диференцијалниот облик. Поради оваа причина најчесто се спицифицира, барем за каблите кои содржат мал број на парови, ратата на испреплетување да мора да се разликува.
За разлика од FTP(телефонски кабел со фолија) и STP(заштитен телефонски кабел), UTP(незаштитен телефонски кабел) не е опкружен со никаква заштита. Тој е основен тип на жица за телефонска употреба и често се употребува кај компјутерските мрежи, особено како продолжен кабел или за привремени мрежни врски поради големата флексибилност на каблите.
Историја thumb|Поставеност на кабли на бандера. Порано телефоните користеле телеграфска линија, или кола со отворена жица со единечна-жица за враќање на земјата. Во 1880те електричните трамваи беа поставени во многу градови, што придонесе до зголемување на звукот во тие кругови. Судската парница, која не беше од корист, ги претвори телефонските компании во балансирани кругови, кои имаа идентична корист од намалување на ослабувањето, па оттука дојде и до зголемување на рангот.
Како што дистрибуцијата на електричната енергија станува се по вообичаена, ова мерило се покажа незадоволително. Две жици, поставени на едната страна на вкрстувачките плочки на услужната бандера, го делат патот со електричниот вод. Во рок од неколку години, сè поголемото користење на струјата повторно придонесе за зголемување на интерференцијата, па инженерите измислија метода наречена жичена транспозиција, за да се отстрани интерференцијата. Во жичената интерференција, жиците прават замена на своите местоположби, по еднаш на неколку дрва(бандери). На овој начин двете жици би примале сличнa EMI од електричниот вод. Ова всушност претставува рана имплементација на испреплетувањето, со рата на испреплетување од околу 4 свијока на еден километар, или шест на една милја. Вакви отворено жичени балансирани линии со периодична транспозиција, денес сè уште преживуваат во некои рурални средини.
Телефонскиот кабел е пронајден од Александар Грејам Бел во 1881 година.. See also TIFF format scans for USPTO 00244426 До 1991, целата телефонска мрежа во Америка беше или телефонски кабел или отворена жица со транспозиција поради заштита од интерференција. Денеска, поголемиот дел од милионите километри на телефонски кабел во светот се надворешни земјени врски, кои ги поседуваат телефонските компании, кои се користат за гласовни сервиси, a кои се единствено управувани или пак дури и видени од телефонските работници.
Незаштитен телефонски кабел (Unshielded twisted pair-UTP) thumb|Unshielded twisted pair
UTP каблите се пронајдени кај многу Етернет мрежи и телефонски системи. За внатрешни телефонски апликации, UTP најчесто е групиран во множество од 25 парови според стандардот законик според боите на 25-пара развиен од АТ&Т. Карактеристични подмножествa од овие бои (бела/сина, сина/бела, бела/портокалова, портокалова/бела) се појавуваат во поголемиот број на UTP кабли.
За градски надворешни телефонски кабли кои содржат стотици илјади парови, кабелот е поделен на помали, но идентични снопови. Секој сноп се состои од телефонски кабли кои имаат различна рата на испреплетување. Сноповите се меѓусебно испреплетени и на тој начин го сочинуваат кабелот. Паровите кои имаат иста рата на испреплетување сè уште можат да искусат одреден степен на преслушување. Жичените парови се бираат многу внимателно за да се постигне минимално преслушување во големиот кабел.
UTP кабелот е исто така најчесто употребуваниот кабел во компјутерските мрежи. Модерниот Етернет, општопознатиот податочен мрежен стандард, користи UTP кабли. Телефонските кабли најчесто се користат кај податочни мрежи за врски со кратка или средна должина поради нивната релативно мала цена во споредба со оптичките влакна или коаксијалниот кабел.
UTP исто така, сè повеќе се употребува и кај видео апликации, а најмногу кај безбедносни камери. Голем број на просечни и луксузни камери вклучуваат UTP со setscrew терминали. Ова е возможно поради фактот дека пропусниот опсег на UTP кабелот го има значително подобрено baseband-от на телевизиските сигнали. Додека видео рекордерите сè уште имаат небалансирани BNC поврзувачи за стандарден коаксијален кабел, се користи балун кој прави претворање на 100-омови балансиран UTP во 75-оми небалансиран. Балунот исто така може да биде искористен кај камерите кои немаат UTP излез. Само еден пар е неопходен за секој видео сигнал.
Кабелска заштита thumb|left|SF/FTP thumb|FTP cable format thumb|left|S/FTP thumb|S/UTP cable format
Телефонските кабли најчесто се заштитени со цел да се спречи електромагнетната интерференција. Бидејќи заштитата е направена од метал, таа може да послужи и како основа. Сепак, најчесто заштитата или заштитениот телефонски кабел има додадено специјална жица за основата наречена одводна жица. Заштитата може да биде поставена на поединечни парови, или на колекција од парови. Кога таа се поставува на колекција од парови, се однесува како покривка. Оваа заштита мора да биде поставена на одредена основа, за да функционира.
Заштитен телефонски кабел (Shilded twisted pair-STP или STP-A) STP каблите вклучуваат метална заштита врз секој поединечен пар од бакарни жици. Овој тип на заштита го штити кабелот од надворешна EMI. На пример 150 омски заштитен телефонски кабел одреден од IBM кабелските системски спецификации кој се користи со token ring мрежи.
Покриен незаштитен телефонски кабел (S/UTP) Познат и како телефонски кабел со фолија (FTP), тој претставува покриен UTP кабел (ScUTP).
Покриен заштитен телефонски кабел (S/STP или S/FTP) S/STP кабелот, познат и како Покриен целосно заштитен телефонски кабел (S/FTP), е и поединечно заштитен (како STP кабелот) и исто така има надворешна метална заштита која ја покрива целата група на заштитени бакарни парови (како S/UTP). Овој тип на кабел ја нуди најдобрата заштита од интерференција предизвикана од надворешни извори, а исто така го елеминира и туѓото преслушување.
Забележете дека различни автори и трговци користат различна терминологија (на пример, STP понекогаш го користат за означување на двете STP-A, S/STP, и S/UTP).
Споредба на некои стари и нови кратенки, според ISO/IEC 11801: Старо име Ново име кабелско прикажување заштита на парови UTP U/UTP нема нема FTP F/UTP фолија нема STP U/FTP нема фолија S-FTP SF/UTP фолија, испреплетување нема S-STP S/FTP испреплетување фолија Кодот пред цртата ја одредува заштитата на самиот кабел, додека пак кодот после цртата ја одредува заштитата на поединечните парови: U = незаштитен F = заштитен со фолија S = заштитен со испреплетување
Најопшти категории на кабел
Категорија Пропусен опсег Апликации БелешкиCat10.4 MHzТелефонски и модемски жициНе е опишан во EIA/TIA препораките. Несоодветен за модерните системи.Cat2? MHzПостари терминални системи, пр. IBM 3270Не е опишан во EIA/TIA препораките. Несоодветен за модерните системи.Cat316 MHz10BASE-T and 100BASE-T4 ЕтернетОпишан во EIA/TIA-568. Несоодветен за брзини поголеми од 16 Mbit/s.Cat420 MHz16 Mbit/s Token RingCat5100 MHz100BASE-TX & 1000BASE-T ЕтернетCat5e100 MHz100BASE-TX & 1000BASE-T ЕтернетПодобрен Cat5. Практично ист како Cat5, но со подобри стандарди за тестирање па Gigabit Етернет работи надежно.Cat6250 MHz1000BASE-T ЕтернетНајчесто инсталиран кабел во Финска според 2002 стандардот. SFS-EN 50173-1Cat6e250 MHz (500 MHz според некои извори)10GBASE-T (во развој) ЕтернетНе е стандард; сопствен натпис на производителот на кабелот.Cat6a500 MHz10GBASE-T (во развој) ЕтернетСтандардот е во развој (ISO/IEC 11801:2002 Амандман 2).Cat7600 MHzСè уште нема апликации.Четири парa, U/FTP (заштитени парa). Стандардот е во развој.Cat7a1200 MHzТелефон, CATV, 1000BASE-T во истиот кабел.Четири пара, S/FTP (заштитени пара, кабел со прикажување-испреплетување). Стандардот е во развој.Cat81200 MHzВо развој, сè уште нема апликации.Четири пара, S/FTP (заштитени пара, кабел со прикажување-испреплетување). Стандардот е во развој.
Кабел со цврсто јадро наспроти блокирачки кабел Кабелот со цврто јадро е наменет за користење кај инсталирани постојани движења. Тој е помалку флексибилен од блокирачкиот кабел и е по склон кон неуспех ако постојано се витка. Блокирачкиот кабел се користи за fly leads кај парче од панел-плоча и за врски кои се протегаат од портите на самиот ѕид до крајните уреди, со што не допушта пукање на спроводникот. Блокирачкото јадро е најчесто по скапо од цврстото јадро.
Конекторите за цвртото јадро треба да се различно дизајнирани од оние за блокирачкото јадро. Користење на конектор со погрешен тип на кабел може да доведе до несигурно поврзување. Приклучоците кои се дизајнирани за цврсти и блокирачки јадра се подготвено достапни и дури некои трговци ги нудат приклучоците кои се дизајнирани и за двата типа на кабли.
Производство Смалување на бакарна прачка Првиот чекор кај производството на каблите со низок напон претставува смалување на бакарната прачка. Бакараот се праќа во фабрика во 5000 намотувања. Овие бакарани спирали постојано се навлекуваат низ дијамантските коцки кои значително го намалуваат пречникот на бакарот до 10 или 12 мерки. Во овој процес се користи подмачкување за да го намали триењето и затоплувањето на бакарниот кабел. Кога сето ова ќе заврши, бакарот вертикално се извиткува во таканаречени пакети од стебла. Овие пакети од стебла понатаму се пренесуваат до друга операција за навлекување која ја намалува големината на бакарот. Во оваа фаза, бакарот се полни и со електрична енергија. Ова го кали бакарот, што всушност претставува процес на омекнување. Откога ќе се омекне и олади, тој поминува низ ласерски мерен систем, за да се потврди дека е во рамките на спецификациите на производството.
Процес на бакарна изолација Процесот на бакарна изолација е постојано надгледуван и контролиран до +/- "0001". Откога бакарот ќе се изолира, поминува низ корито со вода за ладење, овозможувајќи и на обвивката на жицата да се стврдне соодветно.