Рождеството на Пресвета Богородица — главна селска црква во гевгелиското село Давидово, Македонија.
Црквата се наоѓа на работ од селото, на крајот од последните куќи.
Местоположба
Црквата е подигната на зарамнето стрмно каменесто место.
Историја
Црквата била подигната пред 1860 година од страна на неимарот Андон Китанов. Денешната градба на црвата потекнува од 1926 година, кога старата црква била обновена.
Архитектура
Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, која во наосот е потпрена на шест колони во два реда, по три столбови на јужната и на северната страна со капители. Сводовите на трите кораби се обновени во 1991 година. Црквата е изградена од обичен камен.
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис. Тој бил обновен во олтарната апсида, од страна на зографот Јордан Доневски од село Гари, Дебарско, во 1991 година.
Иконостас
Црквата поседува иконостас изработен во 1926 година, а иконите во него, според стилските одлики се од век.
Галерија
Поврзано Гевгелиско архијерејско намесништво Миравска парохија Давидово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Давидово Давидово Категорија:Дела на Дебарската школа