1377 Папа Григориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим. 1562 На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција. 1773 Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Антарктичкиот круг. 1939 Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време. 1945 Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска 1961 По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“. 1995 Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6,433 лица. 1996 Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.
Родени: 1504 Папа Пиј V, римски папа. 1706 Бенџамин Франклин, американски политичар и дипломат, работник, печатар, филозоф и државник. 1899 Ал Капоне, американски гангстер. 1924 Благоја Талески, македонски државник. 1942 Мохамед Али, американски боксер. 1962 Џим Кери, канадски глумец. 1966 Љубчо Георгиевски, премиер на Република Македонија (1998-2002).
Починати: 395 Теодосиј I, римски цар. 1468 Скендербег, албански национален херој. 1598 Фјодор I, руски цар. 1864 Марко Павлов, првиот дипломиран македонски лекар. 2010 Михалис Папаконстантину, грчки политичар. 2008 Роберт Фишер, американски шаховски велемајстор.17 јануари