Роберт Питер „Роби“ Вилијамс (роден на 13 февруари 1974 г.) е англиски пејач – текстописец, вокален тренер и повремен глумец. Тој е член на групата Take That. Вилијамс се прослави со првото појавување на групата на почетокот и на средината на ’90 - те години. По многу недоразбирања со менаџерскиот тим и одредени членови на групата, Вилијамс ја напушти групата во 1994 г. за да започне своја соло кариера. На 15 јули 2010 г. беше објавено дека тој повторно се вратил во Take Тhat и дека групата има намера да издаде нов албум во ноември 2010.
Вилијамс има продадено повеќе од 55 милиони плочи низ светот. Тој е најдобро продаваниот британски соло изведувач во Велика Британија и најдобро продаваниот нелатино изведувач во Латинска Америка. Шест од неговите албуми се наоѓаат помеѓу првите 100 најпродавани албуми во Велика Британија. Тој исто така беше почестен со петнаесет BRIT Awards (Британски музички награди) повеќе од било кој друг изведувач, како и со седум ECHO Awards. Во 2004 г. тој беше примен во музичката хала на славните на Велика Британија откако беше изгласан за,,најдобар изведувач на ’90-тите”.
Живот и кариера 1974 – 1989 Младост Вилијамс е роден на 13 февруари 1974 г. во Стоук на Трент од страна на Питер и Џенет Вилијамс. Него и неговата постара сестра Сали ги одгледа нивната мајка Џенет која се разведе од нивниот татко, стенд-ап комичарот Питер Парп Конвеј, уште кога Роби имаше три години. Вилијамс учеше во основното училиште Мил Хил во Стоук-он-Трент, потоа во римокатоличкото училиште Св. Маргарет Вард, а исто така учеше и во училиштето за танцување УКДДФ (UKDDF) во Тунстал. Тој учествуваше во неколку училишни претстави, а неговата најголема улога беше онаа на Артфул Доџер (Artful Dodger) во продукција на Оливер!."Robbie Williams: The ego has flown" . NZ Herald. Retrieved 14 June 2018 Како талентиран фудбалер, Вилијамс кратко време играше за фудбалскиот клуб Порт Вајл и поради повреда на глуждот заврши тоа што беше ветувачка кариера. По ова и пред да стане член на групата Take That, Вилијамс работеше и во пекарница и како продавач на двојни прозорци, но беше отпуштен поради тоа што го фатиле како ги советува клиентите да не го купуваат производот.
1990 – 1995 Take That Во 1990 г. шеснаесет годишниот Вилијамс беше најмладиот член на Take That. Според документарниот филм Take That: For the Record, неговата мајка прочитала оглас во кој се барале членови за нов машки бенд и му предложила да проба со групата. На денот на неговата аудиција / интервју со Најџел Мартин-Смит, тој се запозна со членот на групата Марк Овен. Во периодот кога популарноста на бендот беше на високо ниво, Вилијамс беше познат како друштвениот шегаџија на бендот. Иако поголемиот дел од материјалот на бендот беше пишуван и изведуван од страна на Гери Барлоу, Вилијамс го изведе водечкиот вокал на нивните Топ Десет хитови "Could It Be Magic", "I Found Heaven" и "Everything Changes". Сепак тој имаше конфликти со Мартин-Смит околу ограничувачките правила за членовите на Take That и почна да пие сè повеќе алкохол и да се плетка со кокаин."Robbie: 'Drugs gave me best times of my life'. The Telegraph. Retrieved 14 June 2018
Во јули 1995 г. Вилијамс користеше наркотични средства толку многу што се предозира вечерта пред настапот на неговата група на MTV Europe Music Awards (МТВ Европски музички награди). Според документарниот филм For The Record, тој изјави дека е незадоволен што неговите музички идеи не биле прифатени сериозно од страна на водечкиот пејач Барлоу и Најџел Мартин-Смит, бидејќи неговите желби за истражување на хип-хоп и рап се спротивставувале на вообичаените балади на бендот. Барлоу објасни во интервјуата дека Вилијамс престанал да внесува креативност и не правел ништо друго освен тоа што му било кажано. Како што Вилијамс имаше недоразбирања со менаџментот на бендот, така Џејсон Оринџ имаше проблеми со неговото зголемено воинствено однесување, неговиот недостаток на интерес во изведувањето и неговата навика да ги пропушта пробите на бендот.
Оринџ и Барлоу го соочија Мартин-Смит со внатрешните конфликти, бидејќи тие не сакаа Вилијамс да го напушти бендот за време на турнејата или пред некоја идна турнеја низ Америка, којашто никогаш не се одржи. За време на една од последните проби пред почетокот на турнејата, групата се соочи со Вилијамс во врска со неговото однесување и изјави дека сака да оди на турнеја без него. Тој се согласи и ја напушти групата. Тоа беше последниот пат во дванаесет години кога беа сите заедно. И покрај напуштањето на Вилијамс, Take That ја заврши турнејата Nobody Else Tour како четворочлен бенд. Подоцна, на 13 февруари 1996 г. на дваесет и вториот роденден на Вилијамс, бендот се распадна."Broken promises as Take That can take no more". Independent. Retrieved 14 June 2018
Набргу потоа, Вилијамс беше фотографиран од страна на печатот како се забавува со членовите на Oasis на Glastonbury Festival. По неговото заминување тој стана тема на разговор во ток-шоуа и весници откако ги потврди неговите планови да стане соло пејач, а исто така беше и забележан како се забавува со Џорџ Мајкл во Франција. Сепак, клаузула во неговиот договор со Take That му забранува да објави некаков материјал сè додека групата не се распушти официјално.Подоцна беше тужен од страна на Мартин-Смит и беше принуден да плати 200 000 долари во комисија. По разни правни битки за неговото право на соло кариера, Вилијамс победи и се ослободи од неговиот договор со BMG. На 27 јуни 1996 година Вилијамс официјално изјави дека потпишал договор со Chrysalis Records.
1996-1998 “Life Thru a Lens” и “I've Been Expecting You” По заминувањето од Take That, Вилијамс ја започна својата соло кариера во 1996 г. со обработката на “Freedom" од Џорџ Мајкл. Синглот го достигна второто места на UK Singles Chart што е за дваесет и седум места погоре од оригиналот на Џорџ Мајкл. Во март истата година започнаа снимањата за првиот албум на Вилијамс во студиото Маисон Руж во Лондон. Набргу по неговото запознавање со Гај Чемберс, Вилијамс го издаде "Old Before I Die" првиот сингл од неговиот деби албум. Напишан од страна на Вилијамс, Ерик Базилијан и Дезмонд Чајлд, синглот беше издаден во април 1997 г. и го достигна второто место на музичките листи на Велика Британија. Меѓутоа, во голема мера беше игнориран на меѓународните музички листи. Вториот сингл "Lazy Days", беше издаден во средината на 1997 г. Иако Вилијамс минуваше низ рехабилитација од дрога, по совет на неговиот пријател Елтон Џон, му беше дозволено да го проверува снимањето на спотот за песната, но промовирањето на спотот беше виртуелно непостоечко, па поради тоа се бореше да стигне до првите четириесет места на која било Европска музичка листа, додека на музичките листи во Велика Британија беше помеѓу првите осум.
Неговиот деби албум Life Thru a Lens, беше издаден во септември 1997 година. Албумот беше промовиран на неговиот прв соло-концерт во живо во театарот Élysée Montmartre во Париз, Франција. На почетокот албумот бавно се пробиваше, дебитирајќи на единаесеттото место на албумските листи во Велика Британија. Третиот сингл од албумот "South of the Border" немаше значително влијание на музичките листи на Велика британија. Го достигна четиринаесеттото место откако по неговото издавање во септември 1997 година. Откако Вилијамс дозна за загриженоста на издавачката куќа за неговата иднина, го издаде четвртиот сингл од неговиот албум не знаејќи дека тоа ќе биде неговиот најголем сингл на музичките листи во Велика Британија и еден од најпознатите и најуспешни песни досега.
“Angels” стана најпродаваната песна на Вилијамс во Велика Британија која беше двапати сертифицирана како Платина од страна на БФИ (Британска Фонограмска Индустрија). Песната, освен што стана хит во Европа и во Латинска Америка, предизвика нагло зголемување на продажбата на неговиот албум. Албумот беше во првите десет на британските топ листи и остана таму 218 недели правејќи го 58-от најпродаван албум во историјата на Велика Британија со продажба од над 2,4 милиони. Албумот успеа да продаде над три милиони копии само во Европа.
На почетокот на 1998 г. Вилијамс и Чемберс започнаа да го пишуваат вториот албум во Јамајка. Првиот сингл "Millennium" беше инспириран од главната музичка тема на Џон Бари, од „Филмот за Џејмс Бонд“. Песната стана првиот број еден сингл на Вилијамс откако беше издадена во септември истата година. Песната се продаде со над 400 000 копии само во Велика Британија и беше сертифицирана како Златна од страна на БФИ во ноември 1998 година. Таа исто така стана хит во топ дваесет музичките листи во многу европски земји како и хит во Латинска Америка и Австралија.
Албумот I've Been Expecting You дебитираше на првото место на албумските листи на Велика Британија откако беше издаден во октомври 1998 година. Албумот доби поголемо внимание надвор од Велика Британија, оставајќи траг на европските и латиноамериканските пазари со хитови како "No Regrets" во соработка со пејачот на групата Pet Shop Boys - Нејл Тенант и пејачот на групата The Divine Comedy – Нејл Ханон. Синглот “No Regrets” беше издаден во ноември 1998 година и го достигна четвртото место на музичките листи во Велика Британија поддржана со Adam and the Ants, “Antmusic”. Синглот се продаде со над 200 000 копии во Велика Британија и беше серифициран како Сребрен во октомври 2004 година, скоро шест години по неговото оригинално издавање.
Третиот сингл "Strong" од албумот, дебитираше на четвртото место во Велика Британија и на деветтото место во Нов Зеланд, но сепак остана на 68 место во Германија, 99 место во Франција и на 55 место во Холандија. Четвртиот сингл "She's the One", преработка на една песна од албумот на World Party, Egyptology, стана неговиот втор број еден хит во Велика Британија. Песната беше издадена како двојна а-страна со “It’s Only Us”, официјалната тема за ФИФА 2000 (FIFA 2000). Песната имаше голем успех продавајќи се со над 400 000 копии само во Велика Британија и беше сертифицирана како Златна од страна на БФИ во почетокот на 2000 година. Вилијамс ја заврши годината со голема европска турнеја.
Албумот беше мега хит, со продадени скоро 3 милиони копии само во Велика Британија, серифициран 10 пати како Платина од страна на БФИ. Албумот се продаде и во над 4 милиони копии само во Европа.
1999-2001 Sing When You're Winning и Swing When You're Winning Во 1999 г. Вилијамс потпиша договор со Capitol Records во САД која што е дел од EMI (Electric & Musical Industries Ltd.). Вилијам започна промотивна турнеја во САД и кога го издаде неговиот прв американски и канадски сингл "Millennium" го достигна 72 место на Billboard Hot 100. Албумот The Ego Has Landed беше издаден во јули 1999 г. во САД и Канада притоа неимајќи го успехот што го постигна во Европа – албумот се искачи на 63 место на американската албумска листа Billboard и на 17 место на канадската албумска листа SoundScan. И покрај тоа, Вилијамс имаше одличен видеоспот и беше номиниран на MTV Video Music Awards за,,Најдобро видео од машки изведувач”. Тој не победи, но изложеноста помогна во продажбата на албумот.
Capitol Records, сакајќи да го направи Вилијамс уште поголема ѕвезда, ја издаде и втората песна од албумот, баладата “Angels”. Вилијамс сними нов спот за неа и кога беше издаден во есента истата година стана поголем хит од “Millenium”, искачувајќи се на 53 место. Но, тоа не беше доволно за Вилијамс така што тој се сконцентрира и на остатокот од светот каде што веќе имаше оставено влијание. Албумот се продаде во 590 000 копии во САД, сертифициран како Златен од страна на RIAA во ноември истата година. Компилацијата беше издадена насекаде низ светот (но како ограничено издание во Европа). Албумот имаше голем успех во Нов Зеланд достигнувајќи го бројот еден на официјалните албумски листи.
За време на промоцијата и турнеите во 1999 г. станувајќи светска поп ѕвезда, Вилијамс најде време да работи на неговиот трет албум.