Емир Ќучук Султановиот мост познат и само како Камен мост, претставува камен лачен мост кој ја премостува Брегалница кај Штип. Мостот се наоѓа на самиот влез во градот и според податоците, тој бил изграден во 1672 година и спаѓа во ретките примероци на турската архитектура во Штип. Мостот го добил името по султанот Ќучук Емир. За време на Првата балканска војна преку овој мост поминувала демаркационата линија, која градот го делела на српски и бугарски дел. Населбите од левата страна на река Брегалница биле под бугарска власт, додека оние од десна страна потпаднале под српска окупација. Во минатото со оглед на големиот водостој, мостот имал мошне важна комуникациска улога, но денес со намалувањето на водата во реката Брегалница, има повеќе историско - архитектурно значење. Денес кај овој мост според предвидената студија за регулација на Брегалница се предвидува да изгради гумена брана.

Наводи

Категорија:Мостови во Македонија Категорија:Отомански мостови во Македонија Категорија:Згради и градби во Штип Категорија:Лачни мостови Категорија:Камени мостови