Поврзано Браќа Миладиновци.

Константин Миладинов (Струга, 1830 – Цариград, денешен , 18 јануари 1862) — македонски собирач на народни умотворби и поет.Македониум, антологија на македонската национално-политичка мисла, стр. 9 и 10, Скопје, 2003.Писмо на Константин Миладинов до Георги С. Раковски, 8 јануари 1859, „Браќа Миладиновци – препис“, коментирал и уредил Никола Трајков, Бугарска академија на науките, Институт за историја, Издание на БАН, Софија 1964, стр. 131-133. Со неговата песна „Т'га за југ“, која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.

Ран живот, образование и учителска дејност Роден е во Струга, во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Бидејќи е роден како посмртче, за него се грижел најстариот брат Димитрија (р. 1810), кој го заменил починатиот татко. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина. На 14 октомври 1849 година се запишал на Филозофскиот факултет во Атина, дипломирал 1852 година, отсек грчка филологија. Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места.

По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година станал учител во селото Трново, Битолско.

По завршувањето на студиите престојувал во манастирот „Зограф“ на Света Гора. По враќањето во Струга, станал учител во битолското село Магарево.

Преродбенска дејност

Престојот во Русија (1856–1860) thumb|лево|200px|Константин Миладинов (долу десно) во Москва со бугарскиот писател Љубен Каравелов, 1858 год.Во 1857 година се запишал и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувал во неговиот весник „Братски труд“, како и во весникот „Дунавски лебед“. Константин заминал во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај.

Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија.

Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.

Печатење на Зборникот

Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со идниот свој голем мецена и пријател, хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмајер, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмајер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот. Од Виена тие двајцата заминуваат во Ѓаково, бискупската столица на Штросмајер. Во Ѓаково Константин останал неколку месеци и ги препишал сите песни со кирилска азбука, бидејќи целиот Зборник бил напишан со грчки букви. Заслугата дека Зборникот е напечатен со кирилица е на Штросмајер, како се гледа од едно негово писмо. Тој го посоветувал Константин да го транскрибира со кирилска азбука, и дури тогаш да го напечати. Како драг гостин на бискупот, Константин останал во Ѓаково до 9 јануари 1861 год., кога заедно со него заминал во Загреб, каде што го дал во печат Зборникот.

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - „Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци“, дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васил Чолаков).

Затвор и смрт Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Надевајќи се дека ќе успее да го ослободи својот брат, наместо за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети околности.

Генеалогија

Поетски текстови мини|десно|Песната Т'га за југ објавена во весникот Дунавски лебед, 7 февруари 1861 Бисера, Б'лгарски книжици, година I, 1858, кн. 15.„Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15. Желание, Б'лгарски книжици, година I, 1858, кн. 15. Голапче, Б'лгарски книжици, година I, 1858, кн. 15. Шупељка, Б'лгарски книжици, година I, 1858, кн. 15. Не - непијам, Б'лгарски книжици, година I, 1858, кн. 15. Клетва, Б'лгарски книжици, година I, 1858, кн. 15. Скрсти, Б'лгарски книжици, година I, 1858, кн. 19.„Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 19. Грк владика на Болгарите, Б'лгарски книжици, година I, 1858, кн. 24.„Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 24. Побратимство, Б'лгарски книжици, година II, 1859, кн. 22.„Б'лгарски книжици“, година II, 1859, кн. 22. Думание, Б'лгарски книжици, година II, 1859, кн. 22. Сираче, Братски труд, 1860, кн. 1.„Братски труд“, 1860, кн. 1. На сâнцето, Братски труд, 1860, кн. 1. Еѓуптин делиа, Братски труд, 1860, кн. 3. „Братски труд“, 1860, кн. 3. На чуждина, Дунавски лебед, година I, 1860, бр. 20.„Дунавски лебед“, г. I, 1860, бр. 20. Тâга за југ, Дунавски лебед, година I, 1860, бр. 20.

Константин Миладинов како тема во уметноста „Сентиментално писмо“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 47-48.

Галерија

Наводи

Библиографија

Константин Миладинов. (1984). Избор. Избор и предговор Гане Тодоровски, Скопје: Мисла. Поленаковиќ, Харалампие. (1984). „Поетот Константин Миладинов“. Во: Константин Миладинов. Избор. Избор и предговор Гане Тодоровски, Скопје: Мисла.

Надворешни врски Константин Миладинов на Викиизвор. Константин Миладинов „Творби“ Т'га за југ Т'га за југ, препеана на кинески од македонистот Лиу Јару Константин Миладинов - поезија Царевна Миладинова за својот татко Димитрија Миладинов и својот стрико Константин Миладинов Зборник со писма на браќа Миладинови.

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Константин Категорија:Луѓе од Струга