Искуства блиски со смртта (ИБС) е термин кој се однесува на широк спектар лични искуства поврзани со неминовна смрт, искусување на голем број неверојатни чувства како напуштање на телото, лебдење, екстремен страв, потполна смиреност, сигурност или топлина, чувство на умирање, појава на блескава светлината која некои луѓе ја толкуваат како прикажување на Бог или божественост.

Овие феномени обично се јавуваат откако на личноста ќе и биде утврдена клиничка смрт или на каков и да било друг начин ќе се доближи до “состојба на смрт” и оттука произлегува терминот искуства блиски со смртта. Со најновите достигнувања во областа на реанимацијата, бројот на ваквите искуства значително се зголеми. Многу научници ги сметаат овие искуства за халуциногени, додека парапсихолозите и некои конвенционални научници стојат зад ставот дека тоа се всушност докази за постоењето на задгробен живот.

Интересот за овие искуства го разгоре Рејмонд Муди, со објавувањето на книгата “Живот по животот” (“Life after Life”) во 1975 г.и со формирањето на Меѓународното здружение за искуства блиски со смртта(МЗИБС)(International Association for Near-Death Studies (IANDS) ) во 1981 г. Според анкетата на Гул (Gallup poll), околу 8 милиони американци се изјасниле дека доживеале вакво искуство. Некои коментатори како што е на пр. Симпсон велат дека бројката на ваквите искуства со смртта е поголема, бидејќи луѓето кои доживеале нешто вакво главно се плашат да зборуваат за тоа или пак не сакаат воопшто да ги споделат своите искуства со другите.

ИБС спаѓаат во полето на изучување на парапсихологијата, психологијата, психијатријата и клиничката медицина.

Особености

Најраните белешки за искуствата на прагот на смртта датираат од времето на Митот за Ер (Myth of Er), објавен во делото “Држава” (10.614-10.621) на Платон. Во митот станува збор за кажувањето на еден народен војник за неговото искуство на прагот на смртта, за задгробниот живот и реинкарнацијата.

Истражувачите ги откриле заедничките одлики на овие искуства. Брус Гревсон вели дека општите одлики на искуствата вклучуваат чувство на напуштање на своето тело, прикажување на починати роднини или свештени лица, надминување на границите на егото, времето и просторот.

Одликите на класични искуства блиски со смртта се:

Телепатско примање на порака. Чувство/ свесност дека си мртов. Чувство на мир, пријатност и благосостојба. Позитивни емоции. Чувство на отстранетост од светот. Чувство на напуштање на телото. Набљудување на своето тело однадвор.Понекогаш дури и посматрање на сестрите и докторите кои се обидуваат да те вратат во живот. Чувство на преминување во “оној свет”, опишано како состојба на вшмукување од извонредна темна сфера или тунел. Движење со огромна брзина кон светлина или ненадејно потопување во неа. Комуникација со светлината. Средби со “Претставници на светлината”,“ Души во бело”или други духовни фигури. Исто така не се исклучува и можноста повторна средба со починати блиски лица. Силно чувство на безусловна љубов. Дефиле на сопствениот живот. Прикажувања за сопствениот живот и природата на универзумот. Состојба на двоумење. Приближување до граница. Се смета дека постои врска меѓу народните културни и религиски верувања. Неретко, искуствата на поединците се толкувани според народните верувања кои ги поставуваат границите на кажаното .

Кенет Ринг(Kenneth Ring)(1980),направил подподелба на овие искуства во континиум од пет степени.Тој изјавил дека 60% од испитаниците го искусиле првиот степен(чувство на мир и пријатност) и дека само 10% од нив го достигнале петтиот степен( “влегување во светлината”).

Клиничките искуства во овој поглед главно се однесуваат на прекин на доток на крвта до срцето и миокардичен прекин (клиничка смрт),шок од постпартална загуба на крв или од периоперативниот компликации, септички или анафилактичен шок, губење, кома како резултат на сериозни оштетувања на мозокот, интрацеребрална хеморагија или инфаркт, обид за самоубиство, степен на давење или асфиксија, апнеја и тешка депресија. Спротивно на општоприфатеното мислење, Кенет Ринг верува дека самоубиствата исто како и случајните или “ненамерните” искуства блиски со смртта се непријатни доживувања. Некои вознемирувачки факти од ваквите искуства се попрецизно разгледани од страна на Грејсон и Буш. Карлис Осис и неговиот колега Ерлендур Харалдсон. Тие сметаат дека содржината на искуствата блиски со смртта не се разликуваат од култура до култура, освен идентитетот на некои од ликовите и религиските фигури видени за време на ваквите доживувања. Сепак Јоши Хата и неговиот тим пријавија случаи значително различни од опишаните погоре.

Истражувања Неколку академски дисциплини од областа на медицината, психологијата, психијатријата, придонесоа кон истражувањата во областа на искуствата блиски со смртта. Неколку пионери во оваа област како на пр. д-р Елизабет Кублер-Рос (Elisabeth Kübler-Ross), Џорџ Ричи и книгата на Рејмонд Муди "Живот по Животот" од 1975 го разгорија интересот за оваа област и привлекоа огромно внимание. Ова беше проследено со основањето на Меѓународното здружение за искуства блиски со смртта МЗИБС (IANDS), во 1981 г. МЗИБС (IANDS) е меѓународна организација која ги охрабрува научните истражувања и изучувања на материјалната,психолошката, социјалната и духовната природа и последиците од искуствата блиски со смртта. Помеѓу делата од оваа област спаѓаат и “Весникот за искуствата блиски со смртта” (Journal of Near-Death Studies) и тримесечникот “Вајтл Сајнс” ( “Vital Signs”). Подоцнежните истражувачи како Брус Грејсон, Кенет Ринг и Мајкл Сабом помогнаа во промовирањето на ова поле и го претставија неговото учење во академските кругови. Медицинската заедница беше скептична кон ова учење така што заемот кој го издели за овие истражувања беше оскуден. Меѓутоа самите Грејсон и Ринг развија алатки кои ќе можат да се користат во клиниките. Најголем придонес во ова поле имаше “ Индексот на “тежината” на искуството” (Weighted Core Experience Index) на Ринг, кој служи за проценка на степенот на доживувањето и Грејсоновaта “Скала на искуствата блиски со смртта” (Near-Death Experience Scale), која служи за правење разлика помеѓу луѓето за кои е помалку или повеќе веројатно да доживеале некое такво искуство. Според зборовите на нејзиниот создавач оваа скала исто така е клинички корисна во одделувањето на синдромите од органска мозочна природа, од оние необични реакции на стрес. Подоцна се покажа дека оваа “скала” работи истиот принцип како и скалестиот модел на проценка на Рајх. Грејсон го свртел вниманието на искуствата блиски со смртта како една од централните теми на клиничките истражувања , додека Морс и неговите колеги ги истражувале овие искуства во полето на педијатријата. Истражувачите од полето на медицината и психијатријата ги проучуваа невробиолошките фактори кај ваквите искуства. Британскиот психолог Сузан Блекмор(1993) со хипотезата за “умот во фаза на умирање” како и основачкиот издавач на магазинот “Скептик” (Skeptic), Мајкл Шремер(1988) спаѓаат во научниците кои ја истакнуваат природната и невролошката страна на овие искуства.

Во септември 2008 беше објавено дека во 25 британски и американски болници ќе се испитува степенот на искуството блиско со смртта кај 1500 пациенти кои преживеале инфаркт. Тригодишното истражување предводено од д-р Сем Парнија од Универзитетот при Саутгемптон, се надева дека ќе утврди дали луѓето чие срце престанало да чука или чиј мозок престанал да работи имаат чувство на одделување од телото со појава на нестварни слики или илузии. Ова истражување произлегува од поодамнешен осумаесетомесечен пилот-проект. На 28 јули,2010 г. Парниа во интервјуто за неговото предавање на Голдсмит, тврди дека “доказите сега налагаат дека менталните и когнитивните процеси може да продолжат одредено време откога ќе настапи смртта” и го опишува самиот процес на смртта како “сеопфатен мозочен удар ” и како и кај секој друг удар не се очекува дека свеста нема веднаш да се изгуби. Тој го истакнува своето несогласување со терминот “искуства блиски со смртта” бидејќи “пациентите на кои се спроведуваат истражувањата не се речиси мртви туку се веќе мртви. Поради самата непрецизност на терминот, подоцна се донесуваат многу непрецизни научни идеи”. “Весникот за искуствата блиски со смртта “(Journal of Near-Death Studies), “ Весникот за нервни и ментални нарушувања”(Journal of Nervous and Mental Disease), “Британскиот весник за психологија” (British Journal of Psychology), “Американскиот весник за детски болести” (American Journal of Disease of Children”, “Реанимирање”(Resuscitation), The Lancet, Death Studies, and the Journal of Advanced Nursing се некои од научните и академските весници кои објавувале или сè уште редовно објавуваат нови истражувања на оваа тема.

Несогласувања во учењата од областа на искуствата блиски со смртта Популарноста на учењата во полето на искуствата блиски со смртта беше непостојана. Според податоците од анкетите на Галуп и Проктор(1980-1981), спроведени врз значителен дел од американската популација, дури 15 % од испитаниците имале искуство блиско до смрт. Во 2001 г. Кноблауч спроведе поселективна студија во Германија и откри дека 4% од испитаниците искусиле вакво доживување.Сепак податоците собрани од овие проучувања може да зависат времето и местото на испитувањето.

Катедрата за физика и астрономија при универзитетот во Охајо во 2005 година, спроведе телефонско истражување врз одреден број испитаници во Австралија како дел од истражувањето на Рој Морган Катибус и дојде до заклучок дека 8.9% од испитаниците го имаат искусено овој феномен. Ван Ломел, кардиолог од Холандија, во 2001 спроведе истражување во клинички услови врз пациенти кои биле дијагностицирани со прекин на работата на срцето и кои подоцна биле реанимирани. Тој открил дека 62 пациенти (18%) доживеале искуство кое се граничи со смрт, а 41 од нив (12%) го опишале истото.

Според Мартенс единствениот успешен метод за пристап на искуствата на блиски со смртта е формирање на меѓународна колекција на податоци од повеќе центри за стандардизирано изветување за пациентите чие срце престанало да пумпа. Овој метод на пристап бил доста познат меѓу истражувањата во Европа.

Биолошки анализи и теории Д-р Рик Страсман некаде во периодот на деведесеттите години на дваесеттиот век изврши испитување на психоделичната дрога Диметилтриптамин во Универзитетот во Ново Мексико. Страсман ја разви теоријата дека причина за појавата на феноменот на искуство блиско до смрт е огромното излевање на диметилтриптамин од епифизната жлезда. Само двајца од неговите испитаници изјавија дека доживеале слушни и визуелни халуцинации како при искуство блиско со смртта,иако многумина рекоа дека чувствувале нешто слично на состојбата при искусување на класично ИБС. Неговото објаснување за ова беше можниот недостаток на паника во болничките услови како и можните разлики во дозирањето при доживувањето на самиот феномен. Сите испитаници подложни на истражувањето беа веќе искусни корисници на диметилтриптамин или на други психотрпни или ентеогени супстанци. Некои познавачи сметаат дека доколку за овој експеримент биле користени испитаници кои немале претходно користено диметилтриптамин, можно е да бил поголем бројот на волонтери кои би почувствувале слични симптоми како при искусување на ИБС.

Д-р Карл Џансен, психијатар по потекло од Нов Зеланд се обиде преку лаги да ја увери јавноста дека ги репродуцирал ефектите од ИБС со користење на кетамин. Меѓутоа бидејќи кетаминот е редовно користен во медицината, заклучоците од истражувањата се доста сомнителни.

Невробиолошките модели биле доста критикувани бидејќи не можеле да ги објаснат ИБС, кои резултираат од блиските судири со смртта, каде мозокот всушност не е подлежен на никаква физичка повреда, како при на пр. избегнување на автомобилска несреќа. Ваквите ситуации можат секако да имаат невробиолошки последици предизвикани од стрес.