Правниот факултет (исто така познат како Факултет на правото или Колеџ на правото) е институција од областа на правното образование.
Дипломи од областа на правното образование
САД
Во САД, Правниот факултет нуди програма за постдипломски студии која обично трае три години и со со која студентите се здобиваат со титула Доктор по правни науки. На некои факултети во Луизијана истовремено се доделуваат дипломи за завршени студии по граѓанското право. За да добие пристап до одобрената програма за правни науки на Американската адвокатска асоцијација на САД (ААА), потенцијален студент мора да го положи приемниот испит на Правниот Факултет, и да има посетувано најмалку четири години додипломски студии, а со тоа и стекнато соодветна диплома. Сепак, некои Правни факултети како што е Правниот факултет Кули ( Одобрен од ААА) во Мичиген, им признава на студентите најмалку 60 додипломски кредити. Во моментов, постојат 199 Правни факултети кои се одобрени од страна на ААА .
Во моментов има пет онлајн Правни факултети кои не се акредитирани од ААА, но се регистрирани и регулирани од страна на Државната адвокатска асоцијација на Калифорнија.
Канада
Најстариот факултет во Канада кој нуди дипломи од областа на правното образование е основан во 1848 година на Универзитетот Мекгил во Монтреал. За основно владеење на правото во Канада се доделува Диплома по правни нуки , за која е потребно да се има посетувано курс на колеџ и е слична на првиот степен по правни науки во Соединетите Држави, освен што курсевите имаат научна содржина (како што е семинарскиот труд за академски истражувања која се бара во повеќето школи) . Програмите траат три години, и имаат слична содржина во нивната прва година од задолжителните курсеви. Покрај првата година и минималните услови за дипломирање, изборот на курсеви се врши и врз основа на различно насочување кон деловното право, меѓународно право, право поврзано со природните ресурси, кривично право, Абориџинско право, итн Со оглед на тоа дека во правниот систем на Канада се вклучени француското граѓанското право и англо-американската вообичаено право, некои Правни факултети нудат Диплома по правни науки ( Вообичаено право) и Диплома по право( Граѓанско право), како што е Универзитетот Мекгил и Универзитетот во Отава. Некои универзитети како на пример Универзитетот во Торонто, Правниот факултет Осгуд Хол, Кралскиот Универзитет, Универзитетот во Западен Онтарио, Универзитетот во Виндзор и Универзитетот во Британска Колумбија го сменија називот на дипломата во Доктор по правни науки. Наспроти промените во означувањето, факултетите кои се одлучуваат за дипломата Доктор по правни науки не ги менуваат нивните програми. Ниту дипломата за Доктор по правни науки или дипломата по правни науки сами по себе се доволни за квалификации за канадска лиценца, секоја општина со провинцијален закон бара стажирање и успешно завршување на провинциската обука за вештини и одговорности, како што е Професионалниот правен курс за обука на Правното општество во Британска Колумбија, Програма за обука за вештините и одговорностите наметнати од правното општество на Горна Канада и Училиштето за адвокатура во Квебек. Иако главната причина за воведување на дипломата Доктор по правни науки во Канада беше да се направи разлика од дипломата во Европа каде не е потрбно да се има претходно високо образование, Американската адвокатска асоцијација допрва треба да ја признае дипломата за да биде доделена од страна на која било институција во Канада. [8 ] Според канадскиот образовен систем дипломата за Доктор по правни науки доделена од канадските универзитети ги има задржано одликите на дипломата по правни науки и се смета како втора програма за влез, но не како програма за дипломирање. (Овој став е аналоген на ставот на Канадските Универзитети дека дипломите за Доктор по право и академската диплома по право се сметаат како втора програма за влез, а не како постдипломски студии.) И покрај тоа, несогласувањето продолжува во врска со статусот на дипломата, на Факултетот за правни науки на Универзитетот во Торонто, дипломата за Доктор по правни науки се смета за супериорна во однос на дипломата по правни науки. Некои универзитети имаат развиено заедничка канадски и американски програма за дипломи по правни науки и дипломата за Доктор по правни науки, како што се Јорк Универзитетот и Њујоршкиот универзитет, Универзитетот во Виндзор и Универзитетот во Детроит Мерси, и Државната универзитетска програма на Универзитетот во Отава и Мичиген.
Англија и англиски земји во кои владее вообичаеното право
Во Англија, Австралија, Нов Зеланд и други англиски земји во кои владее вообичаеното право, диплома по право обично е додипломски квалификација, дипломите по правни науки се најчестите. Во Австралија и Нов Зеланд, дипломата по право може да се земе како Комбинирана диплома по право заедно со друга титула и студирањето трае пет години, наместо можните шест години ако се зема секој степени одделно.
По додипломски квалификација (дипломата по правни науки) дополнително студирање е потребно пред започнувањето со праксата. За да стане адвокат студентот мора да го заврши Курсот за правна пракса и последователно да го исполни двегодишниот договор за обука. За адвокатура поединецот мора да земе диплома по правни науки, курс за обука за професионална адвокатура (поранешен професионален курс за адвокатура), а потоа се здобие со учеништво (правно стажирање) пред да започне со работа во канцеларија.
Додека дипломата по правни науки се добива на универзитетот (обично на оние како Оксфорд, Кембриџ и институциите на Расел групацијата за најамбициозните кои сакаат да бидат правници) подоцнежните професионални курсеви се земаат на Професионалните факултети, како на пример на Правниот факултет за градење кариера. Ретко, некои студенти се образуваат на Техничкиот колеџ во Градскиот Правен факултет (поранешните простории на Судот на Правниот факултет), кој е најстар организатор на правни обуки.
Азија Индија
Во Индија, правното образование традиционално се нуди како три годинишни постдипломски студии. Сепак структура е променета од 1987 година. Степените на правно образование во Индија се доделени и уредени според Законот за адвокати од 1961 година, овој закон е усвоен од страна на Собранието од аспектот на правното образование и регулирање на правната професија. Според Законот, Адвокатскиот Советот на Индија е врховно регулаторно тело за регулирање на правната професија во Индија и исто така обезбедува усогласување на законите и одржувањето на професионалните стандарди од страна на правната професија во земјава.
Во таа насока, Советот на адвокати на Индија ја пропишува основната наставна програма што треба да се спроведува за да може една институција да добие квалификации за доделување на диплома по право. Советот на адвокати врши надзор на институциите на кои им е одобрена диплома и ја оценува нивната методиката и наставниот план, утврдува дали институцијата ги исполнува потребните стандарди, ја признава институцијата и одобрената диплома. Традиционално, дипломите кои се одобрени се именуваат како Диплома по правни науки или Диплома по право. Услов за да се добие некоја од овие дипломи е кандидатот да има веќе диплома од одредена насока која ја нуди институцијата. Потоа курсот за Диплома по правни науки/ Диплома по право трае три години, по успешното завршување му е доделена една од споменатите дипломи.
Сепак по предлог од страна на Комисијата за закони на Индија и по доминантниот повик за реформи на Адвокатскиот Советот на Индија се експериментира со создавањето на специјализирани правни универзитети единствено посветени на правно образование и на тој начин академски стандарди на правната професија во Индија се ставаат на едно повисоко ниво. Оваа одлука била донесена некаде во 1985 година, а потоа бил формиран и првиот Правен универзитетот во Индија во Бангалор кој бил именуван како Национален Правен факултет на Универзитетот во Индија (популарно „НПФ”). Овие правни универзитети требало да понудат мулти-дисциплинарен и интегриран пристап врз правно образование. Тоа било првпат една диплома по право, освен Дипломата по правни науки или Дипломата по право да биде доделена во Индија. НПФ понудила петгодишен курс по право, кога успешно ќе се заврши се доделува диплома со назив „ Диплома по правни науки (Одликување)”.
Подоцна биле основани други Правни универзитетите, сите нуделе петгодишни правни студии доплолнети со повеќе програми со различни стручни називи. Следен на листата бил Универзитет на Националениот правен институт формиран во Бопал во 1997 година. Уневерзитети од овој тип биле основани и во 1998 година. Националниот Правен универзитет Јодхпур за првпат во 2001 година понудил дополнета диплома по право „Диплома по бизнис администрација и правни науки (Одликувања)”, која и претходела на „Дипломата по правни науки (Одликувања)” доделена од Националниот универзитет на правни науки во Западен Бенгал. Националниот универзитет во Гуџарат основан во Гандингар понудил дипломи по комјутерски накуи, по природни науки, по уметност како и Дипломата по правни науки.
Сепак и покрај овие специјализирани Правни универзитети, други институции во Индија продолжуваат да ги нудат традиционалните тригодишни степени на образование и се подеднакво признати како прифатливи квалификации за вршење на правна дејност во Индија. Уште една суштинска разлика која сè уште се провлекува е дека прифатлива квалификација за тригодишните студии по право е кандидатот да поседува диплома по право, а за да се кфалификуваат за петгодишните дополнети студии по право, кандидатот мора да има успешно завршено Класа XII од соодветните Одбори за образование во Индија.
И студентите кои посетуваат тригодишни студии и оние кои посетуваат петгодишни дополнети студии можат да бидат дел од Советот на адвокати на Индија, по исполнувањето на условите за подобност и по запишувањето, може да се појават пред кој било суд во Индија.
Малезија