Модно творештво (моден дизајн) — применета уметност на дизајн и естетика или природна убавина на облеката и модните додатоци. Модниот дизајн е под влијание на културата и општествевиот однос и бил разновиден во однос на времето и местото. Модните творци работат на многу начини при дизајнирањето на облека и модни додатоци. Некои работат сами, а некои како дел од тим. Модните творци се обидуваат да ги задоволат желбите на потрошувачите за естетското дизајнирање на облеката, па поради потребното време да ја донесат облеката на пазарот, понекогаш од потрошувачите може да се очекува да го сменат вкусот за облека. Всушност, некои модни творци имаат углед кој им овозмозува да воведуваат нови модни трендови.
Модните творци се обидуваат да дизајнираат облека која е едноставна и естетски привлечна. Мора да имаат предвид кој ќе ја носи облеката и пригодата во која ќе се носи таа облека. Модните творци имаат широк избор и комбинации на материјали со кои работат и широк избор на бои, модели и стилови. Сепак, дел од секојдневната облека нема голем избор на вообичаени стилови. Обично се бара несекојдневна облека за специјални пригоди како, на пример вечерна облека или облека за забави. Дел од облеката се прави специјално за одредени личности како што е случај со високата мода или конфекциската облека. Денес, голем дел од облеката е создадена за масовниот пазар, особено неформалната и секојдневната облека.
Структура
Модните творци можат да работат на многу начини. Можат редовно да работат за една модна компанија, подобро познати како "внатрешни творци" коишто ги поседуваат творбите. Можат да работат сами или како дел од екипа. Независните дизајнери работат за себе, продавајќи ги своите дизајни на модните куќи, дирекно во продавници или на производителите на облека. Облеката го носи заштитниот знак на купувачот. Некои модни творци ги продаваат своите дизајни под заштитно име кое тие сами си го создаваат. Дел од нив се само вработени и дизајнираат облека за посебни клиенти. Други пак, снабдуваат специјални продавници или стокови куќи од високата мода. Овие дизајнери создаваат оригинална облека, исто како тие што ги следат веќе поставените модни трендови. Меѓутоа, повеќето модни творци работат за производителите на облека, создајќи модни дизајни за мажи, жени и деца за масовниот пазар. Бројни дизајнерски брендови кои имаат "име" како Келвин Клајн, Гучи или Шанел се дизајнирани од тим на посебни дизајнери под раководство на моден директор.
Дизајнирање на колекција
Модна колекција е кога дизајнерите ги вклопуваат сите сезоните заедно, со цел да ги прикажат свиоте идеји на нови трендови за изборот на скапа облека, како и изборот за масовниот пазар. Се зема предвид дека творбите за кратко време стануваат немодерни, обично за една до две сезони. Сезоната е дефинирана како есен / зима или како пролет / лето.
Дизајнирање на облека
Модните творци работат на различни начини. Некои прават скици на хартија, додека други прават дипли на ткаенината во форма на облека. Кога дизајнерот е целосно задоволен од изгледот на штофот (или муслин), тој / таа се консултира со професионален изработувач на шеми кој ја привршува работната верзија на дизајнот. Работата на изработувачот на шеми е многу прецизна и макотрпна. Изгледот на готовата облека зависи од прецизната изработка. На крај, примерокот од облеката се крои и се испробува на модел.
Историја
Се смета дека модниот дизајн започнал во 19 век со Чарлс Фредерик Ворт кој бил првиот дизајнер со своја сопствена етикета сошиена на облеката што ја создал. Пред поранешниот трговец со текстил да ја основа неговата maison couture ( модна куќа ) во Париз, дизајнирањето и создавањето на облека било обработувано од голем број на напознати шивачки. Високата мода потекнувала од онаа облека што била носена во кралските судови. Со успехот кој го постигнал Ворт, тој имал способност да им диктира на своите потрошувачи што да носат, наместо да го следат сопствениот пример како што претходно правеле изработувачите на облека. Поимот couturier ( моден творец ) всушност бил првиот поим кој ги опишувал дизајнерите. Само облеката што била направена после 1858 година може да се смета како моден дизајн, додека сите делови од облеката од друг период се проучувани од експертите како носии. Во текот на 1858 година многу модни куќи почнале да најмуваат уметници за да ги скицираат и бојат дизајните на облеката. Цртежите биле покажувани на клиентите, што било многу поевтино отколку да се произведе вистинска облека во работилница. Доколку на клиентот му се допадне дизајнот, дизајнерите го подготвувале и на тој начин модната куќа заработувала од облеката. Од овде произлегува традицијата на дизајнерите да прават скица на облеката, наместо да прикажуваат готова облека на модели на своите купувачи, и како разултат на тоа започнала економијата во модата.
Видови на мода
Облеката направена од изработувачите на облека се дели на три главни категории, иако истите можат да бидат поделени на дополнителни, специфични категории.
Висока мода
Сè до 1950 година, модерната облека главно била дизајнирана и изработена по мерка за високата модa (haute couture) и секој дел од облеката бил направен за посебен клиент. Облеката била направена по нарачка на посебен купувач и обично била направена со висок квалитет, скапа ткаенина, секој детал и изработка биле шиени со огромно внимание, честопати се користеле долготрајни техники и рачна изработка. Цената на матерјалите и потребното време за изработка се приоритетни за изгледот и формата на облеката.
Конфекциска облека
Конфекциската облека е вкрстување помеѓу високата мода и масовниот пазар. Оваа облека не е направена за посебни купувачи, меѓутоа се обрнува големо внимание на изборот на матерјалите. Облеката е направена во мали количини за да гарантира ексклузивност, што значи дека е прилично скапа. Обично колекциите на конфекциската облека ги презентираат модните куќи секоја сезона во периодот познат како Модна недела. Модната надела се одржува во одреден град и се случува двапати во годината.
Масовен пазар
Момантално модната индустрија се потпира на продажбата на масовниот пазар. Масовниот пазар на потрошувачите им нуди голем избор на конфекциска облека во големи колиЧини и стандардни величини. Евтините матерјали кои се креативно искористени даваат пристап до модата. Дизајнерите на масовниот пазар обично ги приспособуваат трендовите поставени од познатите имиња во модата. Обично чекаат да дојде сезоната за да се осигураат дали стилот ќе стане популарен, пред да ја произведат сопствената верзија на оригиналниот изглед. Со цел да се заштедат пари и време се користат поевтини матерјали и поедноставни техники за изработка кои лесно можат да се направат со машина за шиење. Поради тоа, готовиот производ може да се продаде многу поевтино. Постои еден вид на дизајн наречен "кич”, по потекло од германскиот збор ”kitchen”, што значи "грдо" или "неестетски привлечно". Кичот може да се однесува и на "носење или покажување на нешто што не е повеќе во мода". Честопати, панталоните со висок струк кои се носеле во осумдесеттите години се сметаат како кич во модното изразување.
Приход
Средна годишна заработувачка на платените модни творци била 61 160 долари во мај 2008 година, 50 проценти од нив заработиле помеѓу 42 150 и 87 120 долари. Најмалку десет проценти од нив заработиле помалку од 32 150 долари, а десет проценти заработиле повеќе од 124 780 долари. Средна годишна заработувачка била 52 860 долари ( 28 340 фунти ) од облека, добра и прибори за шиење. Модната индустрија вработува најголем број на модни творци.
Модно образование
, 2007]]
Постојат голем број на добро познати уметнички училишта и училишта за дизајн низ светот кои нудат диплома за моден творец. Најугледните училишта за дизајн се Национален Институт за мода и технологија - Индија, Моден Институт за дизајн и реклама, Моден Институт за технологија, Европски Институт за дизајн, Институт Марангони, Централен Колеџ за уметност и дизајн Св. Мартинс, Кингстон Универзитет - Лондон, Модна Федерација ПАРИЗ, Европска Модна Акредитација, Савана Колеџ за уметност и дизајн, Институтот Прат, Колеџ за мода Лондон, Универзитет Вестминстер во Лондон, Национален Институт за модна технологија во Индија, Модна академија Антверпен во Белгија, Ново училиште за дизајн - Парсонс во Њуjорк, Политехнико Милано, Институт за Уметничко училиште Чикаго, Колеџ Колумбија Чикаго, Национален Колеџ за Уметности ( НКУ ) во Пакистан, Универзитетот Шечен, Универзитет РМИТ во Мелбурн, Католички Универзитет Фу Жен во Тајван и Рафлс Дизајн во поголемиот дел на Азија. Единствениот Универзитет од Ајви Лигата кој има студентска програма за моден дизајн е Универзитетот Корнел во Итака, Њуjорк. Програмата ја нуди Одделот за наука за текстил и Дизајн на облека. Универзитетот Корнел исто така нуди програма за студенти за дизајн на облека во Соединетите Американски Држави. Програмата е наменета да упати на потребите на академијата, индустријата и истраувањето, замајќи го во обѕир дизајнот на облеката како применета наука што го опфаќа дизајнот, технологијата, физичките науки, хуманитарните и општествените науки, со цел да ги задоволи човечките потреби за облека.
Области на модниот дизајн
Постојат редовни купувачи и е добро познато во трговијата и во јавноста) може да одлу~чи да се развие во нова област. Доколку фирмата создаде име на облека што веќе се произведува, се овозможува поголема продажба на новата линија. Најбезбедно за компанијата е да се развива во област слична на онаа што веќе ја знае. На пример, дизајнер на спортска облека за жени може да го развие производството во спортска облека за мажи. Во табелата долу се прикажани областите во кои дизајнерите сакаат да се усовршат.
областупатствопазарДневна облека за жени Практична, удобна, модерна Висока мода, конфекциска облека, масовєн пазарВечерна облека за жени Гламурозна, префинета, соодветна за пригодата Висока мода, конфекциска облека, масовєн пазарДолна женска облека Гламурозна,удобна, лесна за перење Висока мода, конфекциска облека, масовєн пазар Дневна облека за мажиНеФормална, практична, удобна кројачки занает, конфекциска облека, масовєн пазарОблека за деца Тренди или модерна, практична, лесна за перење, едноставна конфекциска облека, масовєн пазар Облека за девојкиУбава, живописна, практична, лесна за перење, евтинаконфекциска облека, масовєн пазарОблека за тинејџериЖивописна, удобна, гламурозна, убаваконфекциска облека, масовєн пазарСпортска облека Удобна,практична, лесна за перење,едноставна конфекциска облека, масовєн пазарТрикотажа Нослива и колоритна за сезоната конфекциска облека, масовєн пазарСекојдневна облекаМодерна, топла,нослива и колоритна за сезоната конфекциска облека, масовєн пазар Невестинска облекаРаскошна, гламурозна, класична Висока мода, конфекциска облека, масовєн пазарДодатоци Впечатливи, модерни Висока мода, конфекциска облека, масовєн пазар
Системот на познатите
Дизајнерите работат според хиерархиски систем. Дизајнерите во модниот систем во Франција се поделени на многу слоеви. Модата обезбедува систем на функционирање на доминантни и подредени позиции во општествениот поредок. Модата е идеологија која е дел од процесот во кои одредени општествени групи, во овој случај елитните дизајнери, основаат, задржуваат и создаваат моќни позиции и врски на доминантност и подреденост. Позициите на доминантност и подреденост се појавуваат природно и легитимно, не само кај оние со доминантни позиции, туку и кај оние со помалку важни позиции. Модата и посредникот на модата - облеката, прават да има нееднаквости во општествено - економскиот статус, што се чини легитимно и прифатливо.