Хаус музиката е стил на електронска музика која потекнува од Чикаго, Илиноис, САД во почетокот на 1980-тите години. Првпат стекна популарност во средината на 1980-тите години во дискотеките, и беше наменет за Афро-Американците, Латиноамериканците и геј заедниците; најпрвин во Чикаго, а потоа се рашири и во другите американски градови како Детроит, Њујорк, Лос Анџелес и Мајами. Се распространи и низ Европа, пред да се слее со поп и денс музиката во светот, од почетокот до средината на 1990-тите години.
Хаус музиката е под силно влијание на елементи на соул и фанк музика, стилови во состав на диско музиката. Хаус музиката генерално содржи ударни диско инструменти, особено карактеристичен и истакнат е басот на секој бит, но може да се одликува и со истакната сентисајзер бас-линија, електронски тапани, електронски ефекти, фанк и поп семплови, и вокали.
Музички елементи Хаус музиката е музика со брзо темпо за диско танцување, иако е по модерен стандард на денс-музика, темпото е на средината и генерално се движи меѓу 118 и 135 БВС (Битови во секунда). Темпото во раните години на хаус музиката било побавно.
Значаен елемент на хаус музиката е истакнатиот удар на тапан на секој бит (исто така познат како четири-на-четири бит), најчесто создаден од тапан или семплер. Ритамот на тапанот е надополнет со хај-хет видови на кимвал , кои речиси секогаш вклучуваат посебен вид на осумтактен бит помеѓу секој удар, и барабан или некој лесен звук на двотактно или четиритактно отчукување од секоја лента. Овој модел доаѓа од таканаречениот "четири-на-четири" удар на тапан од 1960-тите, а посебно од диско тапанарите во 1970 година. Продуцентите најчесто создаваат нови видови на семплови со звуци на тапан, со цел да добијат посложени звуци, кои ќе служат за миксови на големи звучни системи во клубовите, ставајќи акцент на долниот среден опсег на честоти каде што се наогаат основните честоти на човечкиот глас и другите инструменти, најчесто бас и барабан.
Производителите користат многу разни звуци на бас во хаус музиката, од постојани повторувачки електронски создадени линии, секвенционирани на синтисајзер, како што е Роланд СХ-101 или ТБ-303, до студиски снимки или семплови направени од басисти на електрична гитара во живо, или едноставно филтрирани примероци од сите стерео снимки од траки од класичен фанк или какви било други песни. Бас-линиите на хаус музиката имаат за цел да ги сочуваат нотите кои се во рамките на една-октава, додека диско бас-линиите често се балансирани ноти, одвоени со октава со што ќе добие поголемо растојание мегу нив. Некои рани хаус продукции користат делови на бас линии од претходните диско песни. На пример, продуцентот Марк Тролан (Mark Trollan) со траката "Hot Rod", копирал делови на бас-линија од итало диско песна од 1983 година со наслов "Feels Good (Carrots & Beets)" (од Електра и Тара Батлер)за да ја формира основата на неговото издание на "Your Love" од Џејми Принципл (Jamie Preinciple). Френки Кнаклс (Frankie Knuckles)ги користи истите ноти во неговата попозната верзија на "Your Love", од 1987 година, која исто така содржи вокал.
Електронски добиените звуци и семплови на снимки од жанрови како што се џез, блуз, диско, фанк, соул и синт поп се ногаат често на основата, со додаден удар на тапан и бас линија на синтисајзер. Хаус траките, исто така може да вклучуваат елементи на диско, соул-стил, или госпел вокали и дополнителни инструменти како дајре.Многу хаус миксови, исто така, вклучуваат повторувачки, кратки, синкопирани стакато акордни семплови, кои се повторуваат и се обично составени од 5-7 акорди во 4-битен такт. Техното и трансот, кои се развија заедно со хаус музиката, ја имаат оваа основна структура на битот, но тие обично ја избегнуваат хаус музиката која има елементи на реални звуци,како и музиката на Црнците и Латиноамериканската музика,како би добиле повештачки извори на звук.
Историја thumb|right|ноќен клуб "Парадајс" во ЊуЈорк Хаус музиката е потомок на диско музиката, која спои звуци на соул, Р'н'Б, фанк, со славенички пораки за диско танц, љубов и сексуалност, сета дополнета со повторувачки и стабилен бит на бас ритам. Некои диско песни вклучуваат звуци произведени од синтисајзери и тапани, а некои композиции целосен електронски звук; примери имаме кај Џорџо Мородер(Giorgio Moroder) од доцните продукции во 1970 година како хит синглот на Дона Самер (Donna Summer),"I Feel Love" од 1977 година, и неколку од раните 1980-ти диско-поп-продукции од страна на Хај-Енерџи(Hi-NRG) за групата Лејм.
Хаус музиката, исто така, порано беше под влијание на мешање и уредување техники од страна на диско диџеи, продуценти и аудио инженери како Валтер Гибонс (Walter Gibbons), Том Милтон (Tom Moulton), Џим Барџис (Jim Burgess), Лери Леван (Larry Levan), Рон Харди (Ron Hardy), М & М и други кои создаваат ваков вид на музика подолго време со уредување на постоечките диско траки.Раните хаус продуценти како Френки Кнаклс (Frankie Knuckles)создадоа слични композиции од нула со користење на синтисајзери, секвенсери и други апарати за правење на ритам.
Хипнотичката електронската трака "On and On", издадена во 1984 година од страна на диџеј Џеси Сандерс (Jesse Saunders) од Чикаго и напишана од Винс Лоренс (Vince Lawrence), содржела елементи кои беа главна причина за почетокот на хаус звуците, како на пример 303 синтисајзер и минимал вокалите. Таа понекогаш е цитирана како 'првата издадена трака', иако имало и други примери од истиот временски период, како што е "Music is the Key" на Ј.М Силк (J.M. Silk) во 1985 година.
Потекло на терминот Терминот "хаус музика" можеби има свое потекло од ноќен клуб во Чикаго наречен Верхаус (The Warehouse) кој постоел од 1977 до 1982 година. Верхаус најпрво беше под покровителство на геј црни и латино мажи, кои доаѓаа да танцуваат на диско музиката која ја пушташе резидент диџеј на клубот, Френки Кнаклс(Frankie Knuckles). Во документарецот на Канал 4 , Pump Up The Volume, Кнаклс првпат го слушна зборот "хаус музика",кога виде натпис "ние пуштаме хаус музика" на еден знак на прозорец од еден бар на јужната страна на Чикаго. Еднаш ден луѓето кои се возеа во автомобил со него се пошегува на тоа велејќи, "Знаеш, тоа е вид на музика која ти ја пушташ во Верхаус!", а потоа и сите се смееja. Леонард, диџеј од Јужен Чикаго , во своите објавени извештаи, тврди дека тој ставил таков знак на прозорецот оти тоа му било местото каде што пуштал музика која би можела да се најде во некој дом, во неговиот случај се однесува на соул и диско траките на мајка му со кои тој работел во своите сетови. Ферли Џекмастер Фанк беше цитиран како вели "Во 1982 година, настапував како диџеј во клубот наречен Плејграунд (The Playground) и таму беше ова дете по име Леонард кој беше диџеј на еден сопернички клуб наречен Ринк (The Rink). Тој дојде една ноќ во мојот клуб, и во диџеј кабината ми рече, 'Имам трик со кој ќе ги преземам сите луѓе од вашиот клуб во мојот, а се вика хаус музика. Сега, од каде го доби тоа име, или што направи да мисли така не знам, одговорот лежи во него.
Траката на Чип Е. од 1985 година "It's House", исто така, можеби помогнала во дефинирањето оваа нова форма на електронска музика. Сепак, самиот Чип Е. влева доверба во здружението на Кнаклс, тврдејќи дека името потекнува од методите на продавање плочи во Импортс (продавница за плочи), каде што работел во раните 1980-ти години: каде имало плочи со музика што диџеј Кнаклс ја пуштал во ноќниот клуб Верхаус, а биле потпишани како "Како што е слушнато во Верхаус", што подоцна беше скратено едноставно на "хаус". Луѓето подоцна бараа нова музика која се пушташе во клубот, која ја набавуваше Чип Е., за да дојде до поновите локални клупски хитови.
Лари Херд (Larry Heard), познат како "М-р Фингрс", тврди дека терминот хаус е одраз на фактот дека многу рано диџеите создале музика во своите домови, со користење на синтисајзери и ритам машини, вклучувајќи го и Роланд ТР-808, ТР-909,и ТБ 303. Овие синтисајзери биле користени да се создаде еден подвид на хаус музиката наречен есид хаус (Acid House).
Хуан Еткинс (Juan Atkins) е основоположник на техно музиката од Детроит и тврди дека терминот "хаус" се одсликува исклучиво на одредени траки од посебни диџеи; тие траки биле нивните "хаус" изданија (многу слично на ресторан кој може да има "хаус" прелив за салата)
Звукот на Детроит : раните и доцните 1980-ти години
Детроит техно музиката беше развиена во средината на 1980-тите години, иако е посебна музичка форма од свој жанр. Претежно е инструментална музика која ја следеше хаус музиката на меѓународно ниво. Двете форми на овој вид на музика се развија заедно од 1985 до 1990 година и сè уште се жанрови, кои често се совпаѓаат.
Детроит техно музиката се разви откако легендарниот диџеј Моџо спроведе своја радио програма во тоа време, влијаејќи на слевање на еклектрични звуци во Детроит техно звукот. Овој звук, во голема мера е под влијание на Европската Електроника (Крафтверк), раните Би-Бој Хип-Хоп (Мен Периш, Соул Соник Форс) и Итало Диско, кои беа дополнително предводени од Хуан Еткинс (Juan Atkins), Дерик Меј (Derrick May) и Кевин Саундерсон (Kevin Saunderson), "предводниците" на Детроит техно музиката.
Дерик Меј познат како "Мејдеј" (Mayday) и Томас Барнет (Thomas Barnett)го издадоа синглот "Nude Photo" во 1987 година за издавачката куќа "Трансмит Рекордс" (Transmit Records), кој помогна во интерактивното воведување на Детроит музичката сцена, и доста се вртеше на радио шоуто диџеј микс ,'Хот Чикаго Микс 5' и во многу клубови во Чикаго. Една година подоцна, издавањето што требаше да стане едно од класичните химни на техно и хаус музиката, траката "Strings of Life", на издавачката куќа Трансмит Рекордс (Transmat Records), која имаше многу успешни изданија како што е "Виџин" (Wiggin) во 1988 година. Исто така, Дерик Меј имаше успешни изданија за Кул Кат Рекордс (Kool Kat Records) и многу ремикси со што се сметаше за предводник на андерграунд и мејнстрим музиката.
Компанијата на Кевин Саундерсон , КМС рекордс , издаде многу траки кои беа средина меѓу хаус и техно музиката , Овие траки беа добро примени во Чикаго и беа пуштани на радиата и по ноќните клубови.Во 1988 година, хаус музиката стануваше сè попопуларна меѓу општата публика, групата на Кевин Саундерсон ,Инер Сити (Inner City)заедно со Парис Греј во 1988 година ги издадоа траките "Биг Фан" (Big Fun) и "Гуд Лајф (Good Life)", за музичката киќа Вирџин рекордс (Virgin Records). Во 1989 година, КМС имаше уште едно хит издание на "Rock to the Beat" кое беше доста вртено во ноќните клубови во Чикаго.
Велика Британија: во средината на 1980-тите и раните 1990-ти години
Хаус музиката веќе беше масовна во 80-тите години на денс сцената и беше само прашање на време кога ќе навлезе на поп-листите во Велика Британија. Траката која се смета дека е првиот хаус хит во Велика Британија "Love Can't Turn Around" на Ферли (Farley) достигна 10-то место на топ списокот на Велика Британија во септември 1986 година.
Во јануари 1987 година, американскот уметник Стив Хрли (Steve Hurley) со траката "Jack Your Body" стигна до број еден во Велика Британија, покажувајќи дека е можно хаус музиката да дојде до врвот на топ листите. Истиот месец, исто така Рејз (Raze)со "Jack the Groove", како и неколку дополнителни хаус хитови стигнаа до најдобрите десет оваа година. Клучни издавачки куќи во подемот на хаус музиката во Велика Британија се Џек Тракс (Jack Trax), специјализирана за лиценцирање на клупски хитови во САД за британскиот пазар (и објави влијателна серија на компилациски албуми) и Ридм Кинг (Rhythm King), музичка куќа формирана за издавање на хип-хоп музика, но исто така издадваше и хаус траки.