алт=Лого на Дизниленд во Париз|мини|Лого на Дизниленд во ПаризDisney resort ДИЗНИЛЕНД ПАРИЗ Локација Marne-la-Vallée, Paris, FranceДен на отворање Сопственик Euro Disney S.C.A.Мрежно место Disneyland ParisДизниленд Париз, порано Еуро Дизни Ресорт, е туристички комплекс за одмор и рекреација кој се наоѓа во новосоздадениот град Marne-la-Vallée во источните предградијa на Париз, Франција.Комплексот е сместен на 32км од центарот на Париз и најголемиот дел од него се наоѓа во општината Chessy, Seine-et-Marne.
Се состои од два забавни парка, продавници, места за забава, ресторани, како и седум хотели во сопственост на Дизни. Пуштен во функција од 12ти Април 1992 година, тој беше вториот отворен Дизни комплекс надвор од САД (пред него беше отворен само Дизни комплексот во Токио) и првиот што беше поседуван и управуван од страна на Дизни.
Дизниленд Париз го поседува и управува француската компанија „Euro Disney S.C.A.ˮ, јавно претријатие на кое 39,78% од акциите ги држи компанијата Волт Дизни (The Walt Disney Company), 10% ги држи принцот Алвалид од Саудиска Арабија и 50,22% им припаќаат на други акционери. Главен управител на комплексот е Филип Гас, претседател и извршен директор.
Комплексот бил предмет на препирања во периодот кога се договарала неговата изградба кон крајот на 80-ите и почетокот на 90-ите, кога голем број истакнати личности од Франција изразиле спротивставување а биле одржувани и протести од страна на француските синдикати и други бунтовници. Уште една пречка по отворањето на комплексот било тоа што бројот на посетители на паркот, резервации во хотелите и приходите бил многу помал отколку што се предвидувал. Комплексот бил преименуван од Евродизниленд (Euro Disney Resort) во Дизниленд Париз (Disneyland Paris) во 1994 година. Во Јули, 1995 година, компанијата ја доживеала својата прва квартална добивка.
Вториот забавен парк Студијата на Волт Дизни (Walt Disney Studios Park) бил отворен за јавноста на 16ти март 2002 година. Со 15.405 посетители на двата парка Disneyland и Walt Disney Studios, во фискалната 2009 година, овие паркови биле најпосетуваните туристички места во Франција па и во Европа.
Содржина1 Основа и развој1.1 Хотели, места за рекреација и ресторани1.2 Вработување 1.3 Контроверзии1.4 Денот на отворањето2 Финансиски статус, статус на посетеност и статус на вработеност2.1 Пресвртот во 1995 година2.2 По 2000 година3 Промени на името4 За комплексот 4.1 Забавни паркови 4.2 Други места за рекреација4.3 Хотели4.4 Превоз4.5 Дизни зад сцената5 Инциденти
Основање и развој По успехот на Дизниленд во Анахајм (Anaheim), Калифорнија и светскиот комплекс Волт Дизни (Walt Disney World Resort) во Флорида, во 1972 година почнале плановите за изградба на еден таков забавен парк и во Европа. Под раководство на Е. Кардон Вокер (Е.Cardon Walker) во 1983 година бил отворен Tokyo Disneyland во Јапонија кој постигнал моментален успех, со што бил формиран катализатор за меѓународно проширување. Кон крајот на 1984 година, одговорните за поделбата на забавниот парк Дизни, Дик Нунис и Џим Кора (Dick Nunis and Jim Cora), ја изнесле листата за околу 1200 можни локации за изградба на паркот во Европа.
До март 1985 година, бројот на предложените локации се намалил на четири од кои две биле Франција и две во Шпанија. И двете нации гледале потенцијална економска добивка од забавниот парк Дизни, па се натпреварувале меѓусебно нудејќи му финансиски спогодби на Дизни. Двете шпански локации се наоѓале близу Средоземното Море па со оглед на тоа можеле да понудат суптропска клима слична на онаа што е присутна во Дизни парковите во Флорида и Калифорнија. Дизни исто така покажал интерес и за област близу Тулон (Toulon), во јужна Франција, недалеку од Марсеј (Marseille). Пријатниот пејзаж, како и пријатната клима ја поставиле таа област меѓу главните кандидати за она што ќе се нарече Евродизниленд. Меѓутоа под овој регион биле пронајдени дебели слоеви темел кои ќе ја отежнеа изградбата, па биле исфрлен од конкуренција. На крај бил избран предел во новосоздадениот град Marne-la-Vallée поради неговата близина до Париз и неговата централна локација во Западна Европа. Оддалеченоста од оваа локација била пресметана на не повеќе од четири часа возење за 68 милиони луѓе и на не повеќе од два часа летање за околу 300 милиони луѓе.
Мајкл Ајснер (Michael Eisner), извршниот директор на Дизни во тоа време, го потпишал првиот договор со француската влада за плац од 20 км² (4.940 хектари) на 18ти Декември 1985 година. Наредната пролет биле склучени првите финансиски договори. Крајниот договор бил потпишан од страна на управителите на компанијата Волт Дизни и од француската влада и територијалните колективитети, на 24ти март 1987 година. Изградбата започнала во август 1988 година, а во декември 1990 година бил отворен информативниот центар наречен „Espace Euro Disneyˮ со цел да и го прикаже на јавноста она што се градело. Плановите за изградба на друг забавен парк, покрај Евродизниленд, заснован на забавната индустрија Disney-MGM Studios Europe, брзо почнале да се реализираат, и се утврдил и рок за крајна реализација до 1966 година, со вложен буџет од 2,3 милијарди американски долари. Раководител на изградбата бил Бовис.
Хотели, места за рекреација и ресторан За во голема мера да се контролира хотелскиот бизнис било одлучено 5.200 хотелски соби што се во сопственост на Дизни да бидат изградени во рамките на комплексот. Во март 1988 година, Дизни и комисијата на архитекти (Frank Gehry, Michael Graves, Robert A.M. Stern, Stanley Tigerman and Robert Venturi) се решиле за една исклучително американска шема според која секој хотел ќе потсетува на регион од САД. До денот на отворањето, април 1992 година, биле изградени седум хотели со вкупно 5.800 соби.
До 2017 година, „Евро Дизниˮ, според условите назначени во договорот кој го беше потпишал со француската влада, треба да ја заврши изградбата на уште 18.200 хотелски соби на различна оддалеченост од комплексот. Комплексот за забава, шопинг и вечера заснован на Walt Disney World's Downtown Disney е дизајниран од страна на Френк Гери.
Дополнително бил создаден и Дизни фестивал.
За проценетата секојдневна посетеност од 55.000 луѓе, Евро Дизни предвидел послужување на 14.000 луѓе на час во Евро Дизниленд паркот. За да се оствари тоа, 29 ресторани биле изградени во внатрешноста на паркот, 11 во хотелите на Евро Дизни и 5 во областа каде се одржувал фестивалот Дизни. Менито и цените варирале а доминантни биле американските зачини. Забраната за служење на алкохолни пијалаци во паркот, која била воведена од порано, останала и понатаму.
Биле монтирани и 2.300 патио седишта (30% од местата за седење во паркот) со цел да се задоволи желбата на Европејците да јадат на отворено во пријатни временски услови. Во кујните каде се создаваат нови типови на храна во Светот на Волт Дизни, рецептите биле прилагодени за европскиот вкус. Волтер Мајер (Walter Meyer), одговорен за проширувањето на листата со јадење во Евро Дизни и за послужувањето на храната во Светот на Волт Дизни изјавил: „Има некои работи што треба да ги смениме, но повеќето луѓе сè уште ни велат: Прави го своето. Прави го американското’.”
Вработување За разлика од забавните паркови на Дизни во Америка, Евро Дизни имал замисла да има постојани вработени (со проценета потреба од 12.000 за самиот забавен парк), плус дополнителните сезонски и привремени вработени со скратено работно време. Центрите за кастинг биле поставени во Париз, Лондон, и Амстердам. Дизни барал работници со задоволителни комуникациски вештини, кои зборуваат два европски јазика (француски и уште еден), и кои се дружељубиви. За таа негова потреба, Евро Дизни го основал универзитетот Дизни за обучување на работници. До ноември 1991 година аплицирале 24.400 луѓе.
Контроверзии Изгледот на Дизни паркот во Франција бил предмет на многу дебати и контроверзии. Критичарите, меѓу кои беа и видните француски интелектуалци, го осудуваале сметајќи го за културен империјализам, односно непровинцијализам на Евро Дизни и сметале дека би го поттикнал во Франција нездравиот американски модел на потрошуваштво. За други пак, Евро Дизни претставувал само американски симбол во Франција. На 28ми јуни 1992 година, група француски земјоделци го блокирале Евро Дизни во знак на протест против земјоделските политики кои САД ги поддржувале во тоа време.
Еден новинар во францускиот весник Le Figaro напишал: „Од сѐ срце посакувам бунтовниците да го запалат Евро Дизнилендˮ. Ариан Нуцкин (Ariane Mnouchkine), сценограф од Париз, изгледот го нарекол „Просветен Чернобилˮ, фраза која се одгласила во медиумите и постоела напоредно со Евро Дизни во неговите почетни години.
Како одговор на тоа, францускиот филозоф Мишел Серес (Michel Serres) истакнал: Не е Америка таа која сака да не нападне. Ние сме тие кои сакаме да бидеме освоени и кои ја обожаваат нејзината мода и нејзините изрази. Тогашниот директор на „Евро Дизни С.Ц.А.ˮ Роберт Фицпатрик (Robert Fitzpatrick) пак одговорил: „Кога почнавме со работа ние не му ставивме беретка и багет на Мики Маус. Ние сме тие коишто сме.ˮ Исто така излегло на виделина и тоа дека потеклото на презимето на Волт Дизни е од едно село во Нормандија, Isigny-sur-Mer. Со Волт во целина (Walt d’Isigny) , d’Isigny звучи како Дизни.
Понатамошни контроверзии настанале поради барањето на американските менаџери на Дизни на сите состаноци да се зборува англиски, како и поради составениот Кодекс на Дизни за правата на членовите на персоналот. Во него биле наведени правила и ограничувања за употребата на шминка, брада, тетоважи, накит.
Француските синдикати покренале протести против Кодексот сметајќи го за ограничување на поединечната слобода. Многумина го критикувале Дизни дека е безобѕирен за француската култура, индивидуализмот и приватноста, исто поради ограничувањата на слободите на поединците или колективот кои според Француското право се илегални, освен ако може да се докаже дека се неопходни за работата и дека се во одредена мера. Дизни се спротивставил велејќи дека правото кое ги спречува во поставување на таков стандард за вработување како нивниот би можело да ја загрози сликата и долгорочниот успех на паркот. Тор Дегелмен (Thor Degelmann), директор на персоналот на Евро Дизни изјавил: „ Ние сметаме дека Кодексот на однесување има одличен ефект од гледна точка на идентификација на производот. Без него не би можеле да го претставиме производот на Дизни кој луѓето го очекуваатˮ.
Денот на отворањето Комплексот Евро Дизни, со забавниот парк во негов склоп Евро Дизниленд, официјално биле отворени на 12ти Април 1992 година. Посетителите биле предупредени на сообраќаен метеж а претходно спроведената анкета покажала дека половина милион луѓе со 90.000 автомобили ќе се обидат да влезат во комплексот. Француското радио ги предупредило автомобилите да ја заобиколуваат областа. До пладне, паркингот бил речиси половина исполнет, што укажало на присуство на околу 25.000 луѓе.
Финансиски статус, статус на посетеност и статус на вработеност Во мај 1992 година, забавното списание The Hollywood Reporter известило дека 25% од работната сила во Евро Дизни т.е. околу 3.000 мажи и жени поднеле оставка поради неприфатливите работни услови. Исто така било изјавено и дека посетеноста на паркот била далеку помала од очекуваната. Сепак, разочарувачката посетеност можела барем делумно да се оправда поради рецесијата и зголемената невработеност кои во тоа време ја погодиле Франција. Кога започнала изградбата на комплексот, економијата сè уште била во пораст.
„Евро Дизни С.Ц.А.ˮ дал интервју за The Wall Street Journal, каде како негов претставник Роберт Фицпатрик (Robert Fitzpatrick) наведил дека само 1000 луѓе ги напуштиле работните места. Како одговор за финансиската сосотјба Фицпатрик укажал на тоа дека проектот на Disney-MGM Studios Europe ќе биде ставен на пауза сè додека не биде донесена понатамошна одлука. И хотелските цени се намалиле.