thumb|upright|200px|Кинеско дете војник сликано во мај 1944 година, има само 10 години Искористувањето на децата во воените цели опфаќа три гледишта: Децата може да земат директно учество во воените судири(деца – војници) или можат да бидат искористени во улога на поддршка како поштари, шпиони, доушници, стражари или сексуални робови или пак можат да бидат искористени во позла на политиката или како штит на човештвото или во пропаганди.

Низ историјата и во различните култури, децата во голема мера биле вклучени во воените походи, дури и ако ваквите активности биле спротивно на културните морали. Од 1970 – те, на сила стапија бројни меѓународни конвенции кои се обидоа да го ограничат учеството на децата во вооружените конфликти, но, и покрај тоа, Коалицијата која се залага против искористувањето на децата-војници соопшти дека искористувањето на децата во воените сили и активното учество на истите во вооружените конфликти станува се посеопфатно.

Меѓународно право Меѓународно право за човекови права Во Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации, во Член 38 (1989) стои: “Државните партии треба да ги преземат сите спроведливи мерки за децата кои се под 15 години да не земат активно учество во воените судири.” Меѓутоа, малолетниците кои се над 15, но под 18 години, сè уште остануваат волонтарно способни, како војници, да земат директно учество во битките. Факултативниот протокол за вклучување на децата во вооружените конфликти од Конвенцијата, кој стапи на сила 2002 година, наложува дека државните партии “треба да ги преземат сите спроведливи мерки за децата под 18 години да не земат директно учество во воените судири и да не бидат задолжително регрутирани во воените сили.” Факултативниот протокол понатаму ги задолжува земјите “да ги преземат сите спроведливи мерки за превенција од ваквата регрутација и искористување, вклучувајќи го прифаќањето на правните мерки кои се потребни за забрана и криминализирање на ваквите активности.” Исто така, со Факултативниот протокол, земјите се обврзани да ги демобилизираат децата, регрутирани или искористени во воените судири, под нивна судска надлежност и да обезбедат помош за нивно физичко и психичко опоравување и социјално реинтегрирање.

Под Член 8.2.26 од Статутот на Рим од Меѓународниот кривичен суд (ICC), усвоен во јули 1998година и стапен на сила на 1 Јули 2002 година стои: “Регрутирањето или вклучувањето на деца под 15 години во националните вооружени сили или искористувањето на истите активно да учествуваат во воените судири” е воено злосторство. Обединети нации

Советот за безбедност на Обединетите нации редовно се состанува да води дебати, да прима извештаи и да донесува одлуки на тема “Децата во вооружените конфликти”. Најнеодамнешниот состанок беше на 17 Јули 2008 година. Првата одлука со наслов “Одлука 1261 ” беше донесена во 1999 година (не содржеше белешки за одлуки донесени порано).

Во Одлуката од 2005 година, Советот за безбедност побара планот за обезбедување, мониторинг, извештаи и соодветен механизам, изработен од страна на Генералниот секретар, да биде воведен без одложување.

Меѓународно хуманитарно право

Во согласност со Член 77.2 од Дополнителниот протокол Ι од Конвенциите во Женева од 12 Август 1949 година, што се однесува на Заштита на жртвите од меѓународните вооружени конфликти, усвоен 1977 година, стои:

Страните во конфликтот треба да ги преземат сите спроведливи мерки со цел децата кои не наполниле 15 години да не земат директно учество во воените судири, a особенo треба да се воздржат од регрутирање на истите во вооружените сили. Во регрутирањето на оние кои наполниле 15, но немаат наполнето 18 години, Страните во конфликтот треба да настојуваат да им дадат приоритет на оние кои се постари.

Од коментарот на ICRC (Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст) за Протокол Ι стана јасно дека ова не е целосна забрана за искористувањето на децата во конфликтите. ICRC предложи, страните во конфликтот “да ги преземат сите неопходни мерки”, иако во претходниот текст гласеше “сите спроведливи мерки” што не е целосна забрана на активноста, бидејќи спроведливо може да се сфати како “способност да се направи нешто, успешно да се заврши или да се изнесе, возможно или практикувано”. Воздржувањето од регрутирање деца под 15 години, не ги вклучува оние кои волонтирале во вооружената служба. За време на преговорите околу “вклучувањето на децата во воените судири”, беше додаден зборот „директно“, што ја отвора можноста децата – волонтери да можат да бидат и индиректно вклучени во воените судири, собирајќи и пренесувајќи воени информации, помагајќи во пренос на оружје и муниција, снабдувајќи намирници итн.

Во Член 4.3.ц од Протокол Ι Ι, усвоен 1977 година, како додаток на Конвенциите на Женева од 12 Август 1949 година, што се однесуваа на Заштита на жртвите на немеѓународните вооружени конфликти, стои: „децата кои немаат наполнето 15 години не треба да бидат регрутирани во воените сили или групи ниту да учествуваат во воените судири“.

Со Факултативниот протокол од Конвенцијата за правата на децата за вклучувањето на истите во вооружените конфликти усвоен и потпишан 2002 година, националните вооружени сили можат да прифатат волонтери под 18 години, но, „Државите членки треба да ги преземат сите достапни мерки за да се осигураат дека членовите на вооружените сили кои немаат наполнето 18 години не земаат директно учество во воените судири“. На недржавните глумци и герилските сили им е забрането да регрутираат деца под 18 години.

Меѓународен закон за работни односи

Присилена или задолжителна регрутација во корист на вооружените сили, на кој било под 18 години, е една од предефинираните, најлоши форми на детскиот труд и се смета за форма на ропство во согласност со Конвенцијата на меѓународната трудова организација за најлоши форми на детскиот труд, усвоена 1999 година.

Во согласност со Препораките за најлоши форми на детскиот труд, ратификуваните земји треба да се осигураат дека присилената или задолжителната регрутација на децата во корист на вооружените конфликти им овозможува на другите криминални, цивилни и административни органи да спроведат делотворно стапување на сила на ваквата национална легислатива Ι Ι Ι (12) од (14).

Воени злосторства

Беше поделено мислење за тоа дали децата треба да бидат судски гонети за вршењето на воените злосторства.

Меѓународното право не забранува судско гонење на деца кои извршиле воени злосторства, но Членот 37 од Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации ја ограничува казната што ја добиваат децата и притоа „ниту јавното казнување, ниту доживотниот затвор без можност за ослободување, нема да бидат применети за лицата под 18 години кои извршиле прекршоци“.

Многу деца – војници се бореа во Граѓанската војна во Сиера Леоне. Со тоа Обединетите нации му дозволија на Специјалниот суд во Сиера Леон (SCSL) и на други гранки на Хуманитерното право, да обучува учесници за воени злосторства. Статутот на SCSL има судска надлежност врз лицата кои се на 15 - годишна или постара возраст, меѓутоа Париските начела за децата кои учествувале во воените конфликти гласат:

И ова се одрази во изготвувањето на Член 7 од Статутот на SCSL кој не ја исклучи заштитата, но ја зајакна рехабилитацијата и социјалната реинтеграција. Дејвид Крејн(David Crane), првиот главен обвинител на трибуналот на Сиера Леоне, избра да го толкува Статутот така што со политиката на трибуналот ќе ги казни оние кои ги регрутираат децата без разлика на тоа колку грозоморни биле злосторствата кои ги извршиле.

Во Соединетите држави, обвинителите имаат поразлични тврдења од Дејвид Крејн (David Crane) и имаат намера да го осудат Омар Кадр(Omar Khadr) за неколку сериозни тужби вклучувајќи убиство, за прекршоци кои се претпоставува дека ги извршил во Авганистан додека се борел за Талибан против силите на Соединетите држави на 16 годишна возраст. Ако го обвинат ќе добие казна доживотен затвор.

Движење против военото искористување на децата

Денот на Црвената рака(Red Hand Day), кој е на 12 февруари, е годишен комеморативен ден за привлекување на вниманието на јавноста и е поврзан со искористувањето на децата како војници во воените и вооружените конфликти.

Неодамна, се појави силно меѓународно движење кое сакаше да стави крај на сето тоа. На пример, тоа е Коалицијата против искористувањето на децата – војници. „Соединетите Држави не успеаја да ја заштитат сопствената младина од поганата воена регрутација и со тоа не успеаја да ја заштитат младината во другите земји кои се веќе присилно вклучени во воените конфликти“ – изјави Џемил Даквар(Jamil Dakwar), директор на Програмата за човекови права на Американската унија за граѓански слободи (ACLU). „Соединетите Држави треба под итно да ги доведат своите политики и активности на воена регрутација и третман на поранешните деца – војници во согласност со меѓународните прифатени стандарди.

Нации и групи вклучени во военото искористување на децата

Петар В. Сингер(Peter W. Singer) од институтот Брукинг(Brookings Institution), во јануари 2009 година, процени дека во сите конфлкти што се случуваат во светот, децата - војници учествуваат со процент од три - четвртини.На веб - страната Human Rights Watch(HRW) од јули 2007 година стои:

Под условите од Протокол Ι од Конвенцијата на Женева стои дека децата под 15 годишна возраст кои волонтирале можат да бидат искористени како набљудувачи, разгледувачи или носачи на пораки (погледни го Меѓународното хуманитарно право). Бирото на Обединетите нации за координација на хуманитарните работи (UNOCHA) соопшти дека најмногу од децата кои служат како војници се над 15 годишна возраст но дека има и помлади.

Африка

Во начелата на Кејптаун и најдобрите практики усвоени од работната група на NGO (Невладина организација) на Конвенцијата за правата на децата и УНИЦЕФ, на симпозиумот за заштита од регрутација на децата во воените сили и демобилизација и социјална интеграција на децата војници во Африка, во април 1997 година, беше предложено африканската влада да го прифати и ратификува Факултативниот протокол за вклученоста на децата во вооружените конфликти, зголемувајки ја минималната старосна возраст од 15 на 18 години. Исто така предложија африканската влада да ратификува и воведе други релевантни договори и да ги инкорпорира истите во национални права. Симпозиумот го дефинира детето – војник како секое лице под 18 години кое е „дел од каква било регуларна или нерегуларна вооружена сила или група со свој капацитет, вклучувајќи ја, но неограничувајќи ја способноста да готви, да пренесува писма и да известува, и оние кои се приклучени кон ваквите групи се сметаат за членови на семејството. Дефиницијата вклучува и девојчиња кои се регрутирани за сексуални цели и присилени бракови. Притоа тоа не се однесува кои носат или носеле оружје.“

Повеќе од половината од децата - војници од светот се во Африка, известува UNOCHA. Во 2004 година, бројката на деца, вклучени во вооружените конфликти, вклучувајќи ги и борбите, е проценета на 100.000 деца- војници. Во последното поглавје од филмот „Крвав дијамант“(Blood Diamond) се посочува дека „во Африка има 200.000 деца – војници“.

Бурунди

Во 2004 година, стотици деца – војници служеа во Forces Nationales pour la Libeeration (FNL), вооружена бунтовничка футу – група. Децата меѓу 10 и 16 години беа исто така регрутирани од бурундиската војска.

Централноафриканска Република

Помеѓу 2001 и 2003 година, децата служеа во вооружените бунтовни групи, вклучувајќи ја и Унијата за демократски сили за заедницата (UFDR).

Чад

Децата – војници се бореа за чадската војска и беа вклучени во бунтовните сили – Обединет фронт за демократски промени ( Front Uni pour le Changement, FUC ) , локални сили за самоодбрана познати како Tora Boromilitias и две судански бунтовнички движења кои оперираа во Чад – Движењето за правда и еднаквост (JEM) и Фракцијата G-19 на Суданската либерална армија (SLA). Брегот на Слоновата Коска