Мило Ѓукановиќ (црногорски: Мило Ђукановић; роден на ) ― поранешен претседател и премиер на Црна Гора. Ѓукановиќ отслужува три последователни мандати како премиер од 1991 до 1998 година (1991-1993, 1993-1996 и 1996-1998), а бил и тогашен претседател од 1998 до 2002 година и повторно премиер (2003-2008). Иако при крајот на 2006 тој одлучува да се повлече, во февруари 2008 се враќа на функција како премиер. Неговата коалиција победува на изборите во 2009 со целосно мнозинство обезбедувајќи го шестиот мандат. Тој се повлекува од функција како премиер во декември 2010.

Ѓукановиќ е исто така долгогодишен претседател на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, првенствено црногорска бранша на Југословенската комунистичка партија, која ја води Црна Гора од воведувањето на повеќепартискиот систем. Тој е контроверзен поради неговата улога во деведесеттите години и поради постојаното високо ниво на влијателност во политичкиот живот на Црна Гора. Кога Ѓукановиќ на млади години се појави на политичката сцена беше бизок соработник на Слободан Милошевиќ. Меѓутоа во 1996 се врти против Милошевиќ, напуштајќи ги традиционалните заеднички српско – црногорски гледишта во прилог на независната идеологија. Го предвиде преминувањето на Федерална Република Југославија во Државна заедница на Србија и Црна Гора и порастот на црногорското отцепување од Србија, кулминирајќи со победа во 2006 со референдумот на независност.

Потекло Роден е во Никшиќ во семејство од средната класа (татко му Радован бил судија, а мајка му Стана медицинска сестра) од некогашното црногорско племе Цуца, Ѓукановиќ пораснал со неговиот постар брат Ацо и постарата сестра Ана. Основното и средното образование го завршил во неговиот роден град, Никшиќ, а подоцна се запишал на Факултетот за економија при Унирвезитетот „Вељко Влахович“ во Подгорица каде што во 1986 дипломирал на туристички студии. Во младоста Ѓукановиќ со неговите 190см. висина бил истакнат кошаркарски играч.

Политичка кариера Во 1979, иако бил сè уште ученик во средно училиште, Ѓукановиќ се придружил на Комунистичката партија на Југославија. Неговиот татко, Радован, веќе бил истакнат комунистички црногорски функционер во партијата, со што му биле отворени многу врати на младиот Мило. До 1986год. бил член на претседателството на Социјалистичкиот сојуз на младите (ССО) на Црна Гора. како и член на претседателството на федералната организација. Како активен член на многубројните младински тела на партијата се издвоил од останатите, заслузжувајќи го прекарот „Бритва“ поради неговата директна и моќна реторика. Напредувајќи сигурно на скалата на партијата во средината на 1989год., следејќи ја, анти-бирократската револуција, Ѓукановиќ станал член на највисокото одлучувачко тело на Сојузот, Централниот комитет. Тој станал секретар на претседателството на Сојузот на комунистите на Црна Гора, место на кое ќе се задржи сè до неговата трансформација во Демократска партија на социјалистите на Црна Гора.

Доаѓање на власт во црна Гора Активното следење со постарите членови на Комунистичкиот Сојуз како Момир Булатовиќ и Светозар Маровиќ, Ѓукановиќ имаше сè уште 26год. кога триото се здоби со моќ преку целосна институционална контрола во Црна Гора на 10 јануари 1989год. Тие ја истераа старата црногорска комунистичка гарда со доаѓањето на бранот на анти-бирократската револуција, административен пуч во рамките на Комунистичкиот Сојуз диригиран од Слободан Милошевиќ и од државниот безбедносен апарат. Всушност Ѓукановиќ, Булатовиќ и Маровиќ станаа продолжена рака на Милошевиќ во Црна Гора, контролирајќи ги политичкиот и безбедносниот систем тој беше во завршните фази на формирање на неговите сопствени повластувања. Во јануари 1989год. триото ги смени Миљан Радовиќ (водач на Комунистичкиот Сојуз на ЦрнаГора) и Божина Ивановиќ ( водач на Претседателството на СР на ЦрнаГора) со политички послушни избраници, Веселин Вукотиќ и Бранко Костиќ. Претседателот на извршниот совет на Црна Гора Вуко Букадиновиќ во почетокот го преживеа, државниот удар, но за неколку месеци и тој исто така беше на пат да биде сменет со Радоје Контиќ.

Ѓукановиќ и останатите го потикнаа јавното мислење во рамките на републиката со организирање и носење на работниците во главниот град, Титовград, да протестираат пред собранието. Иако многу тогаш покренаа оптужби за слабата улога на безбедносниот систем одиграна во принудениот трансфер на моќ (Славко Петровиќ меѓу останатите), неоспорно е дека и триото исто така капитализираше на ,,младите, убави и паметни,, што одекнуваше кај некои луѓе по државните медиуми развиени преку различни методи. Младолачкиот изглед и силната елоквентност на Ѓукановиќ се покажаа особено корисни во создавањето и ширењето на неговиот имиџ. За една година еднопартискиот систем беше укинат и првите слободни избори беа во подготовка.

Премиер на Црна Гора (1991 – 1998) По параментарните избори во 1990год. кои резултираа со инзворедна победа за црногорскиот Сојуз на комунисти, на 15 февруари 1991год. , на големо изненадување за сите , Мило беше назначен од претседателот Момир Булатович со благослов од српскиот претседател Слободан Милошевиќ за претседател на првата демократски избрана влада. Тогаш тој стана премиер на Црна Гора за првпат во неговиот живот. Само што наполнил 29год., Ѓукановиќ беше најмадиот премиер во Европа. Тоа беше првата платена работа во неговиот живот. Во 1991год. црногорскиот Сојуз на комунистите ја заврши својата трансформација во Деморатска партија на социјалистите на Црна Гора (ДПС). Неговото место беше обезбедено по парламентарните избори во 1992год. со кои ДПС победи со апсолутно мнозинство. Во периодот од 1991год. до 1997год. Ѓукановиќ владееше лојално од Момир Булатовиќ и Слободан Милошевиќ. По признавањето на евентуалната загуба на Хрватска и Босна и генералното распаѓање на СФРЈ, Црна Гора одржа референдум на кој речиси сите гласачи се изјасниа да останат во Југославија. Подоцна Репубика Црна Гора создаде Федерална Република Југославија заедно со Репубика Србија. Мило силно се бореше за зачувување на преостанатиот дел од Југославија со Србија. Од 1991год. до 1997год. тој се здружи со политиките на Слободан Милошевиќ. За време на опсадата на Дубровник, во доцната 1991год. , тој даде некои изјави против понудата за независност на Хрватска што може да се толкува како потикнување на војна. Југословенските трупи инволвирани во опсадата на Дубровник вклучувале голем број на црногорски резервисти и поради нивното однесување Ѓукановиќ испратил извинување. Тој се извинил на граѓаните на Хрватска со зборовите ,,од моја страна и од страна на граѓаните на Црна Гора, сакам да им се извинам на сите граѓани на Хрватска особено во Конавли и Дубровник, за целата болка и материјална штета направена од било кој член на црногорскиот народ,, претседателот Ѓукановиќ изјавил на својот двојник од Хрватска. Иако бил марксист во младоста, Ѓукановиќ беше ,, таков тип на политичар кој има слика од Маргарет Тачер на неговото биро,,. Тоа одело во негова корист од странските инвеститори. Во деведесеттите тој брзо ги принудил сите компании поседувани од работниците и социјалното во државна сопственост од каде што се продадени на приватни странски лица. Во 1996год. Мило се скарал со Милошевиќ. Тој се спротивставил на Дајтон договорите кои тој ги искритикувал за антисрпски, јавно напаѓајќи го Милошевиќ на интервју во белградското неделно ,,Време,,. Во тоа време Милошевиќ се соочуваше во Србија со тешки критики и со студентски протести зимата во 1996/1997год. Ова беше чиста спротивност на ставот на Момир Булатовиќ, кој во прилог да биде претседател на Црна Гора исто така тогаш ја предводел Демократската партија на социјалистите на Милошевиќ. На парламентарните избори во 1996год. ДПС победила повторно со апсолутно мнозинство, меѓутоа недоразбирањата во партијата помеѓу Ѓукановиќ и Булатовиќ останале.

Претседател на Црна Гора (1998 – 2002) Набргу штитеникот на Булатович преземал контрола и од партијата и од републиката од неговиот ментор. Најпрво Ѓукановиќ добил поддршка од тесното мнозинство во ДПС, политичко влијание што тој тогаш брзо го искористил да ги исчисти сите елементи на Булатовиќ, додека истовремено ги презел сите медиуми управувани од државата и безбедносниот систем со помош на неговиот сојузник од партијата Вукашин Мараш. Во јули 1997год. Ѓукановиќ ја објавил својата одлука да се натпреварува со Булатович за претседателската позиција во Црна Гора. Во првата рунда од изборите на 5 октомври 1997год. со 145 348 гласови. Ѓукановиќ заостанувал со груби 2000 гласа зад 147 615 гласа на Булатович (Булатовиќ во тоа време продолжил да му биде предан сојузник на Слободан Милошевиќ. Тројца од преостанатите кандидати, кои добиле вкупно 11 000 гласови, му ја дале својата поддршка на Булатовиќ за вториот круг од изборите закажан за 19 октомври 1997год. Меѓутоа во контроверзниот втор круг, според многумина од кампот на Ѓукановиќ најзначајната избирачка победа од почетокот на нивното владеење, Ѓукановиќ победил во вториот криг со разлика од 5000 гласови, по изненадувачките слични 29 000 повеќе гласови него во првиот круг (Ѓукановиќ добил 147 145 гласа, додека Булатовиќ 169 257 гласа). Фракцијата на Булатовиќ ја оспори регуларноста на вториот круг и одби да ги признаат резултатите, обвинувајќи дека Ѓукановиќ ги фалсификувал резултатите. Булатовиќ организирал протести во јануари 1998год. во Подгорица што прикажуваат насилни сцени. Меѓутоа резултатите останаа и Ѓукановиќ беше заколнат за претседател на 15 јануари 1998год. Оваа победа ја зацврсти моќта на Ѓукановиќ во Црна Гора. Булатовиќ, неговиот некогашен ментор, беше целосно отстранет и сега сите институции на власта (Демократската партија на социјалистите, владата, парламентот и претседателското место) беа цврсто во рацете на Ѓукановиќ и на неговиот избран круг на соработници. Веќе далеку од Милошевиќ и од неговиот режим, Ѓукановиќ ја оддалечи оваа политика, иако убедувајќи ги сите дека тој ја гледа иднината на Црна Гора во иста земја со Србија. Тој многу се трудеше да даде впечаток дека какви било проблеми да има Црна Гора со учеството во Федерална Република Југославија тоа е само поради авторитетниот режим на Милошевиќ а не и заради српската демократска сила или народот на Србија. На 27 февруари 1999год. тој изјави ,, Црна Гора не е Словенија, таа е составен дел на Југославија и така и сака да остане,, . Во 1998год. Западот исто така почна да му го врти грбот на Милошевиќ. Секако Ѓукановиќ стана автоматски локален сојузник во промена на оваа политика. Тоа беше особено очигледно по крајот на бомбардирањето на НАТО кога Југосавија беше турната во длабока меѓународна изолација.Милошевиќ и неговите соработници од секоја западноевропска влада беа сметани за отпадници, затоа Ѓукановиќ стана еден од малкуте избрани политичари во рамките на Југославија со кој отворено комуницираа. Тие беа спремни да поминат преку комунистичкото минато на Ѓукановиќ, почетниот про-воен став, прикривање докази на криминална инволвираност, дозволувајќи му редовно да се среќава со административните службеници на Клинтон како што се, секретарот на државата Меделин Олбрајт ( Маdeleine Albright ), секретарот за одбрана Вилијам Кохен (William Kohen), советникот за национална безбедност Сенди Бергер (Sandy Berger) како и британскиот премиер Тони Блер (Tony Blair), британскиот надворешен секретар Робин Кук (Robin Cook) и генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана (Javier Solana), се за време на овој период. Некои му дадоа заслуги на Ѓукановиќ поради фактот дека Црна Гора беше поштедена од бомбардирањето што ја уништи инфраструкурата на Србија, претрпувајќи не толку големо уништување. Опозицијата го искористила ова во нивна корист и тврделе дека метите за бомбардирање биле само про-српски сили во Црна Гора, како штабот на партијата. Меѓутоа оваа посебна врска опадна по октомври 2000год. кога Милошевиќ беше конечно сменет и коалицијата предводена од Зоран Ѓинѓиќ и Воислав Коштуница ја презема власта во Белград.