Битка кај Аламо (23 февруари - 6 март 1836) — клучен настан во Тексашката револуција. По 13-дневната опсада, силите на Мексико под команда на генерал-претседател Антонио Лопес де Санта Ана го започнале нападот врз мисијата од Аламо во близина на Сан Антонио де Бејар (денешен Сан Антонио,Тексас). Сите, освен двајца бранители на Тексас, биле убиени.
Забележаната немилосрдност кај Санта Ана во текот на битката, поттикнала многу населеници на Тексас и авантуристи од САД да стапат во Тексашката војска. Водени од желбата за одмазда, на 21 април 1836 година, Тексашаните ја поразиле мексиканската војска во Битката кај Сан Хасинто, ставајќи ѝ крај на револуцијата.
Неколку месеци претходно, Тексашаните ги избркале сите трупи на Мексико надвор од Мексикански Тексас. Во тоа време, околу 100 Тексашани биле заштитени кај Аламо. Тексашката воена сила малку се зголемила со пристигнувањето на засилувања водени од команданти-помошници Џејмс Боуви и Вилијам Б.Тревис. На 23 февруари, како прв чекор во воената операција за повторното освојување на Тексас, околу 1.500 мексикански трупи го започнале својот марш кон Сан Антонио де Бејар.
Во следните 12 дена, двете војски се впуштиле во неколку престрелки со минимален број на жртви. Свесен дека неговиот гарнизон не би можел да издржи напад од страна на толку голема воена сила, Тревис напишал многубројни писма во кои молел за повеќе мажи и резерви, но само помалку од 100 засилувања пристигнале.
Во раните утрински часови на 6 март, мексиканската војска се приближила кон Аламо. Откако два напади биле одбиени, Тексашаните не биле во можност да го одбегнат третиот напад. Како што мексиканските војници се искачувале по ѕидовите, така повеќето тексашки војници се повлекувале кон внатрешноста. Бранителите кои не можеле да пристигнат до овие места биле убиени од страна на коњицата на Мексико, додека се обидувале да побегнат. Можно е да се предале од 5 до 7 Тексашани, и доколку било така, тие бргу биле погубени. Според изјавите на сведоците имало од 182 до 257 мртви Тексашани, додека повеќето историчари се согласуваат дека од 400 до 600 Мексиканци биле убиени или ранети. Неколку биле испратени во Гонсалес да пренесат на луѓето за поразот на Тексас. Вестите предизвикале паника и поради тоа, тексашката војска, повеќето доселеници и Владата на новосоздадената Република Тексас побегнале од мексиканската војска која била во налет.
Во Мексико, битката често била засенета со настани од мексиканско-американската војна која траела од 1846 до 1848 година. Во XIX век Тексас, комплексот на Аламо постепено станувал познат како место на битка отколку некогашна мисија. На почетокот на XX век, законодавната власт на Тексас го купила земјиштето и градбите, и ја означила капелата на Аламо како официјално светилиште на државата Тексас. Денес,Аламо е најпознатото туристичко место во Тексас. Почнувајќи од 1843, Аламо послужило како тема за многубројни дела од научно-стручната литература. Сепак, повеќето Американци знаат за Аламо од митовите кои се расприкажани од страна на многу филмски и телевизиски адаптации, вклучувајќи ја и мини серијата Дејви Крокет на Дизни од 1950-те години и филмот Аламо на Џон Вејн од 1960 година.
Позадина
Под команда на претседателот Антонио Лопес де Санта Ана, мексиканската влада започнала да се оттргнува од федералистичкиот модел. Сè повеќето диктаторските политики, вклучувајќи го и укинувањето на Уставот од 1842 година во почетокот на 1835, поттикнало многу федералисти да се побунат. Регионот на мексиканската граница на Тексас бил значително населен со доселеници од САД. Тие биле навикнати на големи поединечни права и гласно го искажале незадоволството за промената кон централизмот. Веќе сомничави од претходните обиди на Америкаците да го купат Тексас, мексиканските власти ги обвиниле американските доселеници за немирите во Тексас, од кои повеќето не ни вложиле напор за да се приспособат кон мексиканската култура.
Новите политики кои го забранувале на ропството и имиграциите, како и зголеменото спроведување на законите и увозните тарифи, поттикнале многу имигранти на бунт.Todish et al. (1998), p. 6. Пограничниот регион на мексикански Тексас бил главно населен со имигранти од САД, некои легални, но повеќето нелегални. Некои од овие имигранти донеле со себе голем број робови, така што до 1836 година, имало околу 5.000 поробени лица во вкупното население кое не е домородно население кое се проценува на 38.470
Во октомври, Тексашаните се впуштиле во првата официјална битка со мексиканските трупи и тоа претставувало почеток на Тексашката револуција. Решен да го задуши востанието, Санта Ана започнал да собира поголема војска во Тексас за да воспостави ред. Повеќето негови војници биле неискусни регрути и голем дел од нив број биле присилно регрутирани.Todish et al. (1998), p. 20.
Тексашаните ги поразиле силите на Мексико кои биле поставени во Тексас. На 9 декември, по опсадата на Беар.Barr (1990), p. 56., се предадела последната група на мексиканските војници во регионот, која била под команда на генерал Мартин Перфекто де Кос (зет на Санта Ана).
До тој момент, Тексашката војска била доминирана од страна на неодамнешните пристигнувања во регионот, главно од авантуристи од САД. Многу населеници на Тексас, неподготвени за долга и голема операција се вратиле дома. Разгневен од американското мешање во мексиканските работи, Санта Ана донел решение во кое ги прогласил туѓинците за пирати, доколку тие учествуваат во борбата во Тексас.
Одлуката успешно го забранила преземањето воени заробеници: заробените пирати биле бргу погубени во овој временски период.Barr (1990), p. 63.Scott (2000), p. 71. Санта Ана ја повторил оваа порака во добро формулирано писмо до претседателот на САД, Ендру Џексон. Ова писмо не беше широко расподелено и повеќето американски регрути кои ѝ служеа на војската на Тексас не биле свесни дека нема да има воени заробеници.Scott (2000), pp. 74–75.
Кога силите на Мексико заминале од Сан Антонио де Беар (денешен Сан Антонио), тексашките војници основале гарнизон кај мисијата од Аламо, поранешна шпанска религиозна населба, која била претворена во привремена тврдина, опишана од Санта Ана како „неправилна тврдина едвај достојна на името“. Аламо била изградена да издржи напад од страна на домородни племиња а не од војска опремена со артилерија. Комплексот се протегал на 1,2 хектари, обезбедувајќи речиси 1.320 стапки на периметар (400 метри) за да се брани. Плоштадот во внатрешноста на исток се граничел со капела, а на југ со касарна. Дрвен бедем се протегал помеѓу овие две градби.Todish et al. (1998), p. 10. Северно од капелата се протегале долгите касарни. На северниот агол од источниот ѕид било поставено трло за стока и корал за коњи. Ѕидовите кои го обиколувале комплексот биле големи околу 2,75 стапки (0,84 метри) и варирале од 2,7 до 3,7 метри во височина.Myers (1948), p. 180.
За да се надомести недостатокот од засолништа за престрелки, тексашкиот инженер Грин Б.Џејмсон изградил писти за да им овозможи на бранителите да пукаат преку ѕидовите; меѓутоа, овој начин го оставил горниот дел од телото на стрелците незаштитен. Мексиканските воени сили заборавиле 19 топа, меѓу кои бил и топот што користел гранати од 18 фунти,кој Џејмсон го поставил по должина на ѕидовите.
Тексашкиот гарнизон бил слабо опремен со екипаж и со набавки, со помалку од 100 војници кои останале до 6 јануари 1836 година. Полковникот Џејмс С.Нил, командантот на Аламо за вршење на должноста, напишал писмо до привремената влада: „Доколку некогаш овде имало долари, јас не сум запознаен со тоа“. Нил побарал дополнителни трупи и резерви, истакнувајќи дека гарнизонот најверојатно не е во состојба да издржи опсада која ќе трае подолго од 4 дена. Владата на Тексас била во превирање и не била во можност да обезбеди помош. Четири различни луѓе тврделе дека им е дадена команда врз целата војска. На 14 јануари, Нил стапил во контакт со еден од нив, Сем Хјустон, за помагање при собирање опрема, облека и муниција.
Причини за битка
Хјустон не можел да располага со потребниот број на мажи за да организира успешна одбрана. Наместо тоа, го испрати полковникот Џејмс Боуви со 30 мажи да ја собори артилеријата на Аламо и да го уништи комплексот. Боуви не беше во способност да ја пренесе артилеријата бидејќи на гарнизонот на Аламо му недостигаа потребните животни. Набрзо, Нил го убеди Боуви дека местото е од стратешко значење. Во писмо до гувернерот Хенри Смит, Боуви образложи дека спасот на Тексас во голема мерка, зависи од чувањето на Беар од непријателот. Служи како гранична стража и ако беше во сопственост на Санта Ана, не постои упориште кое би го одвратило во неговиот марш кон Сабин.. Крајот на писмото до Смит гласеше:-Полковникот Нил и јас дојдовме до свечена одлука дека гордо би загинале во овие ендеци отколку да го предадеме на непријателот. Исто така, Боуви прати писмо до привремената влада барајќи -мажи, пари, пушки и прав за топови. Беа овластени неколку засилувања;на 3 февруари офицерот на коњицата Вилијам Б. Тревис со 30 мажи пристигна во Беар. 5 дена подоцна, пристигна мала група на волонтери заедно со Дејви Крокет.
На 11 февруари, Нил замина од Аламо, најверојатно да бара дополнителни засилувања и да собере резерви. Тој ја предаде командата највисоко-рангиран офицер од редовен ред на војската во гарнизонот на Тревис. Гарнизонот го сочинуваа голем број на волонтери, и тие не беа подготвени да го прифатат Тревис како нивен водач. Наместо него, луѓето го избраа Боуви како нивен командант, кој имаше углед на жесток борец. Боуви ова го прослави така што се опијани и направи пустош во Беар. За да ги ублажи произлезените непријатни чувства, Боуви се согласи да ја дели командата со Тревис.
Додека Тексашаните вложуваа крајни напори да најдат мажи и опрема, Санта Ана продолжи да собира мажи кај Сан Луис Потоси;до крајот на 1835, неговата војска броеше 6. 019 војници. Наместо да тргнат напред крај брегот, каде набавки и засилувања би можеле да бидат лесно доставени, Санта Ана ѝ нареди на војската да оди кон внатрешноста на Беар, политичкиот центар на Тексас и местото на поразот на Кос. Војската го започна својот марш на север кон крајот на месецот декември. Офицерите го искористија долгото патување да ги обучат мажите. Многу од новодојдените регрути не беа запознаени како да го користат нишанот од нивните пиштоли, а многу одбија да пукаат од рамо поради големото отскокнување на оружјето.
Напредувањето одеше слабо. Немаше доволно животни да ја пренесат опремата и многу кочијаши, сите цивили, си заминаа кога нивната плата беше одложена. Голем број на жени и деца кои ја следеа војската ги користеа веќе скудните набавки. Наскоро, војниците беа сведени на нецелосни оброци. На 12 февруари, тие го преминаа Рио Гранде. Во Тексас, температурите беа екстремно ниски, и до 13 февруари беше паднал снег од 15-16 инчи (38-41 см) Хипотермија(смалување на телесна температура), дизентерија и групите за грабежи на Команчи оставија катастрофални последици на мексиканските војници.
На 21 февруари, Санта Ана и неговата извидница стигнаа до брегот на реката Медина, 25 милји (40 км) оддалечена од Беар. Несвесни за наближувањето на мексиканската војска, мнозинството од гарнизонот на Аламо им се придружи на фиеста(забава) на жителите на Беар. Откако разбра за испланираната прослава, Санта Ана му нареди на генералот Хоакин Рамирес и Сезма веднаш да го зазеде незаштитеното Аламо, но ненадејни дождови го запреа тој поход.
Опсада
Вложување
Во раните утрински часови на 23 февруари, жителите започнаа да го напуштаат Беар, стравувајќи од неизбежното пристигнување на мексиканската војска. Иако не беа убедени од озборувањата, Тревис постави војник во камбанаријата на црквата во Сан Фернандо-највисоката точка во градот-да набљудува знаци од воена сила која би се приближувала. Неколку часа подоцна, тексашките извидувачи изјавија дека ги гледаат