Рајан Џозеф Гигс (р. 29 ноември 1973 во Кантон, Кардиф) — велшки пензиониран професионален фудбалер, кој целата своја професионална кариера ја помина во Манчестер Јунајтед. Тој се докажа како лево крило за време на 1990-тите и прдолжи да игра добро на оваа позиција и во почетокот на двеилјадитата година, но беше сè повеќе и повеќе употребуван и подлабоко во плејмејкерска улога во неговите подоцнежни години. Гигс е најодликуваниот играч во англиската фудбалска историја. На 16 мај 2009 година, стана првиот фудбалер кој освоил 11 шампионски медали во Англиската најквалитетна лига. Гигс беше првиoт фудбалер во историјата што освои двe последователни награди (1992 и 1993 година) за младински играч на годината од Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија, и е единствениот фудбалер што има играно и постигнувано голови во секоја сезона на Премиер лигата. Гигс има долготрајна домашна и континентална кариера и е единствениот фудбалер во историјата на УЕФА Лигата на шампиони што има постигнато голови во 11 последователни сезони, и како резултат на тоа е избран во тимот на векот во 2007 година од страна на асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија, во тимот на декадата во Премиер лигата, во 2003 година, како и во тимот на векот во ФА купот. Тој е исто така единствениот играч на Јунајтед кој има играно во сите 11 тимови на Јунајтед кои ја освоиле Премиер лигата икако и првите три тима тима кои го освоиле Лига купот. Во финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 2008 година, одржано на 21 мај 2008 година, Гигс го надмина рекордот на Сер Боби Чарлтон со 758 настапи за Манчестер Јунајтед и стана клупски водач во настапи на сите времиња.

На интернационално ниво, Гигс играше за репрезентацијата на Велс сè до неговото пензионирање од меѓународниот фудбал на 2 јуни 2007 година, и еднаш беше најмладиот фудбалер кој некогаш ја претставувал својата држава. Во збирката на многуте почести кои Гигс ги доби со фудбалот како што е да се биде именуван во 100-те легенди на Фудбалската лига (тој е единствен активен фудбалер на листата), тој беше избран за Офицер на Редот на Британската Империја во листата за почести за роденденот на Кралицата во 2007 година, и беше внесен во Куќата на славните на Англискиот фудбал во 2005 година, за неговата улога во Англискиот фудбал. Тој беше именуван како BBC Спортска личност на годината во 2009 година.

Почетни години

Роден како Рајан Џозеф Вилсон (тој подоцна го присвои моминското презиме на неговата мајка за негово професионлно презиме) во болницата Сент Давид во Кантон, Кардиф, од Дани Вилсон, рагби играч кој играл за Крдиф РФК, и Лине Гигс (сега Лине Џонсон), како дете пораснал во Ели, станбена област во западен Кардиф. Неговиот помлад брат Родри ги водеше Солфорд Сити кои не се натпреваруваа во лигата. Тој помина многу време со родителите на неговата мајка играјќи фудбал на патиштата до нивната куќа во Пентребан. Во 1980 година, Гигс имаше шест години, неговиот татко потпиша за Свиндон РЛФК, принудувајќи го целото семејство да се пресели на север во Свиндон, град во Солфорд, Грејтер Манчестер. Преселбата беше трауматична, бидејќи Гигс беше многу близок со неговите дедо и баба во Кардиф, но тој често се враќаше таму со неговата фамилија за викенди или за школските распусти. Гигс е дете од мешани раси- неговиот дедо е од Сиера Леоне и говореше за расизмот со кој се соочувал како дете.

По преселбата во Стафорд, Гигс настапи за локалниот тим, Динс ФК, кои беа тренирани од скаутот на Манчестер Сити Денис Скофилд. Неговиот прв натпревар за Динс заврши со пораз од 9-0 за Стритфорд Викс но, како и да е, многу луѓе признаа дека Гигс бил најдобриот играч на теренот тој ден. Скофилд го препорача Гигс до Манчестер Сити, и беше запишан во нивното училиште. Во меѓувреме, Гигс, продолжи да игра за Солфорд Бојс, кои стигнаа до финалето на натпреварот на Гранада училишниот куп на Енфилд во 1987 година. Гигс го предводеше тимот Солфорд до победа над нивните противници од Блекбурн, и трофејот му беше предаден од страна на главниот скаут на Ливерпул Рон Јетс. Јетс беше импресиониран од перформансите на Гигс, и го препорача на менаџерот на Ливерпул Кени Даглиш, но Гигс беше веднаш одбран од Манчестер Јунајтед. Додека играше за Динс, Гигс редовно беше набљудуван од локалниот агент и стјуард од Олд Трафорд Харолд Вуд кој редовно го препорачуваше младото момче на сениорскиот персонал на Манчестер Јунајтед да го добијат. Вуд зборуваше лично со Алекс Фергусон кој испрати скаут кој беше импресиониран доволно за Јунајтед да понуди проба за време на Божиќниот период во 1986 година. Гигс играше меч за Солфорд Бојс против Јунајтед под 15 години на Клиф и постигна хет-трик, додека Фергусон го гледаше од прозорецот на неговата канцеларија. На 29 ноември 1987 година (неговиот 14-ти роденден), Фергусон помина во куќата на Гигс со скаутот на Јунајтед Џо Браун и му понудија две години како вонреден ученик. Тие му понудија младински договор и го убедија да потпише со нудење на можност за да го претвори во професионален за три години. Гигс потоа потпиша за рекордни за непрофесионален договор 350 000 фунти, кои сè уште се највисоки. Гигс беше капитен на Англија на школско ниво, играјќи на стадионот Вембли против Германија во 1989 година. Тој го промени неговото презиме на возраст од 15 години, кога неговата мајка се прамажи. Неговите родители се разделија две години порано.

Првиот тим на Манчестер Јунајтед

Гигс го забележа неговиот прв настап за клубот за време на сезоната 1990-91 и беше постојан играч од сезоната 1991-92. Тој го држи клупскиот рекорд за настапи, и клупскиот рекорд за освоени тимски трофеи од страна на играч (23). Од 1992 година, тој освои 11 Премиер лигашки титули, 4 ФА куп титули, 3 Лига куп титули, 2 титули во Лигата на шампиони. Тој има медал и како финалист во Лигата на шампиони, 3 како финалист во ФА купот, и 2 од финалињата во Лига купот, и беше дел од тимовите на Јунајтед кои четири пати завршија втори во лигата. Во последните години, Гигс беше капитен на тимот во многу прилики, практично во сезоната 2007-08 кога првиот капитен Гери Невил беше надвор од теренот поради многуте повреди. Гигс е единствениот играч кој играше во секоја сезона од Премиер лигата за еден клуб и постигнуваше погодок во секоја сезона од Премиер лигата за било кој клуб.

Деби и сезона на пробив

Гигс потпиша професионален договор на 29 ноември 1990 година (на неговиот 17-ти роденден), од кога беше опишуван од многу извори како еден од најголемите проспритети на Англискиот фудбал од Џорџ Бест во 1960-тите. Во ова време, Јунајтед го освои ФА купот- нивниот прв значаен трофеј од ангажирањето на Алекс Фергусон како менаџер во ноември 1986. После две несигурни сезони во лигата каде што завршуваа во средината на табелата, тие конечно започнаа да му се закануваат на доминантноста на Ливерпул и Арсенал, но тие завршија само шести таа сезона. Барањето на Фергусон за успешно лево крило не беше лесно од разделбата со Јеспер Олсен две години порано. Прво го потпиша Ралф Милн, но играчот не беше успешен во Јунајтед и играше само една сезона во првиот тим пред Фергусон да го доведе крилото од Саутемптон Дани Валас во септември 1989. Валас потфрли во повторувањето на перформансите што го направија еден од најценетите крилни играчи на јужниот брег, и сè до времето кога Гигс потпиша професионален договор тој се бореше со деветнаесет годишниот Ли Шарп за улогата на прв избор за лево крило. Гигс своето деби во лигата го направи против Евертон на Олд Трафорд на 2 март 1991 година, како измена за повредениот бек Денис Ирвин во поразот од 2-0. Во неговиот прв старт, Гигс го постигана неговиот прв гол во победата од 1-0 во Манчестерското дерби, на 4 мај 1991 година, но подоцна се покажа дека е автогол на Колин Хендри. Како и да е, не беше вклучен во составот од 16 играчи што ја порази Барселона во УЕФА Купот на победниците 11 дена подоцна. Ли Шарп, кој сега ја доби трката да го замени Дани Валас како постојано лево крило на Јунајтед, се појави на теренот како лево крило на Јунајтед, додека Валас беше избран како замена. Тој стана постојан првотимец во почетокот на сезоната 1991-92, сè уште останувајќи активен во младинскиот состав и капитен на тимот кои од младинци на Феги станаа победници на ФА купот за млади фудбалери во 1992. Гигс влезе во првиот тим иако имаше само 17 години, ги покажа неговите вештини и зрелост, и си го поплочи патот како прв од многуте млади играчи на Манчестер Јунајтед кој премина во првиот тим на Фергусон. Како најмлад член во составот на Јунајтед, Гигс му се обрати на постарите играчи како Брајан Робсон за совет. Робсон препорача да потпише со Хари Свалс, агент кој самиот наследи од Кевин Киген. Таа сезона, Гигс настапуваше за тимот кој заврши зад Лидс Јунајтед во последната година од старата Прва дивизија пред да настане Премиер лигата. Јунајтед ја предводеше табелата поголемиот дел од сезоната пред серијата разочарувачки резултати во април кога беа претекнати од тимот од Западен Јоркшир. Гигс го доби првиот сребрен медал на 12 април 1992 година откако Јунајтед беше поразен во финалето на Лига купот од Нотингем Форест, откако Гигс му намести погодок на Бриан МекКлаир да го постигне единствениот погодок на средбата. На крајот на сезоната, беше прогласен за најдобар млад фудбалер на годината од страна на Асоцијацијата на професионални фудбалери на англија- награда која му беше доделена на неговиот колега Ли Шарп една година порано.

Почетоците на кариерата Од почетокот на сезоната 1992-93, прва сезона од новоформираната Премиер лига, Гигс беше цврсто естаблирам како прв избор за левата крилна позиција на Јунајтед, и стана познат како еден од најневероватните млади фудбалери во Британскиот фудбал, каде што исто така Гигс беше познат како поневеројатна половина од двете англиски најдобри млади крила, заедно со Стив МекМанаман, кој беше копија од ерата на крилата на Стенли Метјуз во 1950-тите, и за нивната можност да ја ,, посрамотат одбраната со нивните итри движења, кои премногу често немаа финален допир кој го посакуваа”. Гигс, како водач во ова ново заживнување на брз модерен фудбал после традиционалните години на стиловите на долги топки од претходните декади, играше клучна улога во преобразувањето на англискиот фудбал, и му помогна на Јунајтед за нивната прва шампионска титула во лигата по 26 години, и покрај тоа што не дојдоа на врвот дури до Божиќ и ја победија конкуренцијата од тогаш големите вложувања на Астон Вила и Блекбурн Роверс како и изненадувањето во шампионската битка Норич Сити.

Неговото откривање и доаѓањето на Ерик Кантона ја најави доминацијата на Јунајтед во новата лига. Неговиот менаџер беше многу заштитнички настроен кон него, одбивајќи да му дозволи на Гигс да биде интервјуиран сè додека не наполни 20 години, и конечно му го дозволи првото интервју на Дес Линам од BBC за ,,Натпревар на денот” во сезоната 1993-94. Ова беше сезона кога Јунајтед ја освои двојната круна и Гигс беше еден од клучните играчи заедно со Ерик Кантона, Пол Инс и Марк Хјуџис. Ли Шарп, играчот кој Гигс го отстрани од левата крилна позиција две години претходно, сега се бореше со Андреј Канчелскис за десната крилна позиција- и двата играчи имаа клучни улоги во клупскиот успех. Тие беа на врвот на табелата од четвртиот натпревар од крајот на август и не беа престигнати цела сезона. Гигс исто така играше за Јунајтед во финалето на фудбалскиот Лига куп, каде беа поразени со 3-1 од Астон Вила, уништувајќи ги надежите за уникатна домашна тројна круна.