мини Фатаморганата е необичен и прилично комплексен вид на привидение, вид на супериорна илузија, која како и другите од тој вид се гледа во тесен опсег над хоризонтот. Иако терминот Фатаморгана е понекогаш погрешен во однос на општопознатите видови илузии, вистинската Фатаморгана не е иста како и обичната супериорна илузија, и секако, не изгледа како обична илузија.

Привиденијата фатаморгана правата огромно искривување на предметот или предметите на кои се засноваат, така што предметот се чини прилично необичен и дури може да се трансформира на начин што не би можел воопшто да се препознае. Фатаморгана може да се забележи на копно или во море, во поларните предели или во пустините. Овој вид на привидение ги вклучува речиси сите видови оддалечени предмети: бродовите, островите и крабрежјата како оние што се прикажани на фотографиите во прилог на оваа статија.

Фатаморганата не само што е комплексна, туку и брзо се менува. Привидението се состои од неколку превртени (наопаку) и исправени (десно горе) слики кои се наредени една врз друга. Привиденијата фатаморгана покажуваат наизменично збиени и верижни подрачја. Овој оптички феномен настанува бидејќи светлосните зраци се силно свиткани кога поминуваат низ воздушните слоеви на различни температури со огромна топлинска инверзија каде што се формира атмосферски канал. (Топлинска инверзија е атмосферска состојба каде што потоплиот воздух се наоѓа на слој кој е над слојот со значително постуден воздух. Ова температурна инверзија е обратна од нормалната; воздухот всушност е потопол кога е поблиску до површината, а постуден коа е повисоко).

При смирено време, слој од значително топол воздух може да биде над густиот студен воздух, формирајќи атмосферски канал кој делува како прекршени леќи, создавајќи серија од превртени и исправени слики. На Фатаморганата и е потребен канал за да може да постои; топлинската инверзија не е доволна сама по себе за да го произведе овој вид на привидение. Додека топлинската инверзија може да се појави и без да постои атмосферски канал, атмосферски канал не може да се појави без притоа да има топлинска инверзија.

Проучување на фатаморганата Фатаморганата е најчесто забележана во поларните предели, особено над големи плочи мраз коишто имаат постојано ниска температура. Меѓутоа, може да се забележи во речиси секоја област. Во поларните предели, Фатаморганата се појавува во релативно студени денови, но сепак и во пустините, над океаните и над езерата, Фатаморганата се појавува во топлите денови. За да го предизвика феноменот Фатаморгана, топлинската инверзија мора да биде доволно силна така што кривината на светлосните зраци во инверзниот слој биде посилна отколку кривината на Земјата. Во вакви услови, зраците се искривуваат и создаваат лакови. Набљудувачот треба да биде во рамките или под атмосферскиот канал, за да може да види Фатаморгана. Фатаморгана може да се забележи од било која надморска височина на Земјината атмосфера, од нивото на морето до планинските врвови, па дури и од погледот од авион. Фатаморганата може да се опише како мошне комплексна супериорна илузија со повеќе од три искривени и превртени слики. Поради постојаните промени на состојбите во атмосферата, фатаморганата може да се смени на различни начини за само неколку секунди, вклучувајќи ја промената да стане отворена супериорна илузија. Сликата тука покажува шеснаесет фотографски рамки од привидение на Фаралонските острови забележана од Сан Франциско; сите слики се направени во ист ден. Во нормални услови, Фаралонските острови воопшто не можат да се забележат на ова место од нивото на морето, бидејќи се толку многу оддалечени така што се наоѓаат под хоризонтот. Во првите четиринаесет рамки, елементите на привидението Фатаморгана покажуваат наизменичност на збиени и верижни подрачја. Последните две рамки се фотографирани два часа подоцна, во периодот на зајдисонце. Во тоа време, воздухот беше постуден додека океанот веројатно беше малку потопол, што предизвикало топлинската инверзија да не биде толку екстремна како до пред неколку часа. Привидението е сè уште присутно во тој момент, но не е толку комплексно како неколку часа пред зајдисонце: привидението повеќе не е Фатаморгана, туку прераснало во едноставна супериорна илузија. Привиденијата Фатаморгана се видливо со голо око, но за да можат да се видат и најситните детали во нив, најдобро е да се погледнат со двоглед, или како што е случајот со сликите тука, со фотографски леќи.

Етимологија: легендата за Морган ле Феј Италијанското име “Fata Morgana” е изведено од името на Морган ле Феј, која е познат и како Морген, Моргеин, Моргана и други варијанти. Морган ле Феј е опишана како моќна вештица и противник на кралот Артур и кралицата Гвиневар во легендата Артуриан. Како што покажува и нејзиното име, фигурата на Морган (ле Феј) првобитно се чини дека е самовила, наместо вистинска жена. Во раните остварувања Морган не се осврна на својата природа, освен што ја опиша својата улога како онаа на самовила или волшебничка. Подоцна беше опишана како жена, полусестра на кралот Артур и маѓепсница. По решавачката битка на кралот Артур во Камлан, Морган ле Феј го води својот полубрат Артур во Авалон. Во средниот век, предлозите за положбата на Авалон беа дека е подалеку од Глестонбери. Тие ги вклучуваат другата страна од Земјата на спротивните полови, Сицилија и други места на Средоземјето.

Легендите тврдат дека сирените околу Сицилија ги намамувале непретпазливите кон својата смрт. Морган ле Феј не се поврзува само со Етна, туку и со сирените. Во средновековниот романски Артуриан, Флориан е Флорет, таа е наречена “господарка на самовилите на соленото море”. Па, која е Морган ле Феј, што студираше магија, што живее на огнената Етна и во морето истовремено? За што друго е способна? Можеби таа е суштеството коешто ги создава бродовите што летаат над морето и никогаш не се доближува до брегот и златните замоци кои лебдат во воздухот над протоците на Месина коишто никој не бил способен да ги достигн? Замоците кои не се ништо друго освен оптичка мамка-привидение, или таа сама по себе е наречена привидение, Фатаморгана што би се рекло во Италија? Уште од тоа време, Фатаморгана се поврзува со Сицилија.

Лето, почетокот на јули, утрото мирно и прекрасно; ветриштата извонредно ги смирија страните на заливот – плимата го достигнува врвот и водите се издигнуваат до средината на каналот. Сонцето тукушто го надмина ридот позади Режо, и создаде агол од четириесет и пет степени на благородно пространство вода кој се протега пред градот. Ненадејно, морето кое ги измива Сицилијанските брегови претстави голем број темни планини, додека пак оние на Калабрискиот брег изгледаа како полирано огледало, кои го рефлектира и размножува секој предмет кои постои или се движи во Режо. Со додавање на повеќе од илјадници огромни пиластери, еднакви во висина, оддалеченост, како и степен на светлина и сенка. За момент тие губат половина од својата висина, се виткаат во засводени ходници, како оние на Римскиот аквадукт. Долг корниз беше формиран на врвот, а над него се издигнаа огромен број замоци, кои наскоро се поделија во кули, и набргу потоа во прекрасни колонади. Ним им успеа ширењето на прозорците; потоа борови и чемпреси и огромен број грмушки и дрвја: во позатемните места, “Пен или Силванис никогаш не спиеја; ниту пак нимфата или Фонас прогонуваа.” Оваа славна глетка остана прекрасна во целост додека сонцето не го одмина небото; тогаш исчезна пред да трепнеш; и наместо пиластери, шуми и колонади, ништо не требаше да се забележи, освен планините на Режо, Месина и прекрасно пространство вода, кое ги рефлектира своите култивирани површини, и добиток кој пасе на брегот.

Волтер Чарлтон, во неговата расправа од 1654 година, „Епикуро-Газендо-Карлтонијана физиологија“, посветува неколку страници за опис на познатата Моргана Реџио, во протокот Месина (Книга III, погл. II, пасус II). Toj забележува дека сличен феномен беше пријавен во Африка од Диодор Сикул, грчки историчар кој пишува во првиот век п.н.е. и дека Фатаморгана Реџио е опишана од Дамаск, грчки филозоф од шестиот век од н.е. покрај тоа, Чарлтон ни кажува дека Атанасиј Кирхер го опиша привидението Реџио во неговата книга на патувања.

Останува барем уште една мистерија за присуството на Фатаморгана во протокот Месина. Сè уште не се прикажани слики на интернет од феноменот. Дури и италијанската статија за Фатаморгана на Википедија користи слика од супериорна илузија на норвешкото крајбрежје. Дали тоа треба да значи дека Фатаморгана ги напушти бреговите на Месина и Реџио? Спомнувањето на изразот „фатаморгана“ на англиски јазик во 1818 година се однесува на такво привидение забележано во протокот Месина, помеѓу Калабрија и Сицилија.

Фатаморгана: чудно привидение кое привремено се забележува на бреговите на протокот Месина, коешто локално и се припишува на самовилата Моргана. Оттука, метафорички, секоја илузорна појава. 1818 во планински предели, измама на видот, Фатаморгана, итн.

Познати легенди и проучувања

Летечкиот Холанѓанец

„Летечкиот Холанѓанец“, според фолклорот, е брод-дух што не може да си отиде дома, и е навек осуден да плови во океанот. Летечкиот Холанѓанец кој обично се забележува од далеку, некогаш изгледа како да свети налик дух. Како едно од можните објаснувања за потеклото на оваа легенда е привидението Фатаморгана забележано во морето.

Вестите набрзо се проширија низ бродот така што фантомски брод со екипа духови пловеше во воздухот врз фантомскиот океан, и дека тоа е лош знак, мислејќи дека ниту еден од нив не смее веќе никогаш да здогледа копно. На капетанот му беше кажана прекрасната приказна, и доаѓајќи на палубата, им објасни на морнарите дека оваа чудна појава е предизвикана од рефлектирањето на некој брод кој пловел на водата под оваа слика, но на таква оддалеченост од којашто не можат да го забележат. Постојат одредени услови на атмосферата, рече тој, кога сончевите зраци можат да формираат совршена слика во атмосферата на предмети на земјата, како сликите што некој ги гледа во чаша или вода, но не се воопшто исправени, како во случајот со овој брод, туку обратно-со долната страна нагоре. Оваа појава во воздухот се нарекува привидение. капетанот рече морнарот да се качи на јарболот и да погледне позади фантомскиот брод. Човекот го послуша и соопшти дека може да види привидение на водата, под бродот во воздухот, кое е баш како опишаното. Во исто време друг брод беше забележан во воздухот, само што овој беше пароброд и беше со долната страна нагоре, како што кажа капетанот дека се појавуваат овие привиденија. Набргу, паробродот сам по себе се појави. Морнарите овојпат беа убедени и никогаш потоа не веруваа во фантомски бродови.

Објаснувајќи го феноменот на својата екипа, капетанот би можел попрецизно да го користи зборот прекршување наместо рефлексија, бидејќи рефлексијата е резултат на ефектот на прекршување на слоевите од воздухот. Илустрацијата од книга прикажана погоре, е исто така погрешна бидејќи го покажува привидението од десната страна: сликата на привидението никогаш не е поширока од предметот од којшто потекнува. Целото искривување и зголемување предизвикано од овој вид на привидение се јавува во вертикален правец, а никогаш хоризонтално.

Од суштинско значење е да се запомни и тоа дека фолклорот го поврзува Летечкиот Холанѓанец со Северното Море. Така е поради фактот што Северното Море со својата многу студена вода е едно од најдобрите места да се забележи супериорна илузија. Фатаморгана како супериорна илузија на брод може да се јави во повеќе различни форми. Дури и кога бродот во привидението не изгледа како да виси во воздухот, сепак изгледа како дух и невообичаено и што е уште поважно, постојано се менува при своите појави. Понекогаш Фатаморганата предизвикува бродот да изгледа како да е носен од брановите, а другпат, превртен брод изгледа како да плови над својот “вистински” придружник.