Секс Пистолс (англиски: Sex Pistols) - англиска панк-рок група, формирана во Лондон во 1975 година. Таа е најзначајна за воведувањето на панк-движењето во Велика Британија, а подоцна и за инспирацијата на многу музичари од панк-рокот и алтернативниот рок. Нејзината кариера траела само две и пол години во кои групата снимила само четири синглови и еден студиски албум, Never mind the bollocks: Here’s the Sex Pistols, кои се сметаат за едни од највлијателните во историјата на популарната музика. Групата ја сочинувале: вокалистот Џони Ротен, гитаристот Стив Џонс, тапанарот Пол Кук и басистот Глен Метлок кого во 1977 година го заменил Сид Вишус. Нивниот сингл од 1977 година „Господе, чувај ја кралицата“ (God Save the Queen) го нападнало британското општоприфатено социјално однесување и почитта кон кралството.

Во јануари, 1978та година, на крајот на нивната брза турнеја во САД, Ротен замина и го најави своето раскинување со бендот. Во следните неколку месеци, другите три члена на бендот снимија песни за Меклареновата филмска верзија за приказната на Секс Пистолс, The Great Rock’n’Roll Swindle (Големата рокенрол кражба). Вишус починал од хероинско предозирање во февруари 1979 година. Во 1996 година, Ротен, Џонс, Кук и Метлок повторно се обединиле за Гнасната лукреанска турнеја, а од 2002 година тие организираа понатамошни обединувачки настапи и турнеи. Во 2006 година, групата добила покана да стане дел од Рокенрол салата на славните (Rock and Roll Hall of Fame), но членовите го одбиле тоа, а пејачот Џони Ротен напишал писмо до гласачите, порачувајќи им дека не обрнале доволно внимание на нивните песни.„Боуви одби да стане витез, Брандо ги бојкотира Оскарите“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 22.

Историја

Почетоците и раните денови

Секс Пистолс произлегоа од „Swindle (Нишката) “,рок-бенд формиран во 1972та година од работничко-тинејџерска класа со вокалот Стив Џонс, тапанарот Пол Кук и гитаристот Воли Најтингел.Според податоците на Џонс, двајцата, и тој и Кук,свиреле на инструменти кои ги украле. Раните почетоци на„Нишките“-понекогаш познати и како„Фалбаџии“-исто така ги вклучувале и фронтменот Џим Мекин и Стивен Хајес(а подоцна Дел Нунс)на бас.Членовите на бендот често пазарувале во двата познатите дуќани за облека на„Kings Road“,во Лондонското соседство,Челзи: “Acme Attractions” на Џон Кривин и Стив Рејнор (каде што Дон Летс работел како менаџер) и во Меклареновите и Вивиен Вествуновите дуќани „Пребрз да живее,премлад да умре“ . Продавницата на Мекларен и Вествуд се отворила во 1971та година како,,Нека се ниша“со темата „Слатко дете“од 1950-тите години. Се преименувала во 1972 година за да се фокусира на друг повторно навлезен тренд’рокерски’ изглед придружен со Марлон Брандо. Како што Џон Лидон подоцна објави„Малколм и Вивиен се навистина како пар корумпирани шарлатани-тие ќе продадат било што на било кој тренд што ќе можат повторно да го грабнат. Продавницата требаше да биде централна точка на панк-рок сцената, соединувајќи ги учесниците подоцна како што се Сид Вишус, Марко Пирони, Ген Октобер и Марк Стјуарт помеѓу многуте други. Џордан, дивиот, стилски продавач е кредитизиран како„добро познатиот сингл работејќи на воведувањето на панк-изгледот.“

Во почетокот на 1974 година Џонс го убеди Мекларенс да им помогне на „Нишките“. Како менаџер на групата Мекларен им платил за нивниот прв официјален простор за проби. Глен Метлок, студент на уметност која наводно работел во продавницата „Пребрз да живее,премлад да умре“ бил прифатен како официјален басист на групата. Во Ноември, Мекларен привремено се префрлил во Њујорк. Пред неговото заминување Мекларен и Вествуд смислија нов идентитет на нивната продавница, преименувана во “Sex (Секс)“ која го смени својот поглед од ретро стил во инспирирана С и М „немодерна“ продавница со главна улога на „Специјалисти во гумената, гламурозната и сценската облека.По неформалното менаџирање и промовирање на “New York Dolls (Њујоршките кукли)“ за време од неколку месеци, Мекларен се вратил во Лондон,1975 година. Инспириран од панк-сцената,која почнуваше да се појавува како фаворит во “Low Menhetan (Нискиот Менхетан)“-од голема значајност за радикално визуелниот став на Ричард Хел, потоа и со телевизијата-Мекларен почнал да зема поголем интерес за „Нишките“. Групата вежбала регуларно,надгледувана од Меклареновиот пријател Бернард Родс,и настапила јавно за првпат. Набргу по враќањето на Мекларен,Најтингел бил избркан од бендот и Џонс ги преземал гитарските должности. Според новинарот и поранешниот работник на Мекларен, Фил Стронгман, во ова време бендот го присвоил името на КТ Џонс и на Секс Пистолс. (или КТ Џонс и неговите Секс Пистолс, како една дизајнирана маица на Род) Мекларен зборувал со една ’Њујоршка кукла’,Силвијан,за нејзино доаѓање во Англија и приклучување на групата. Кога тие планови пропаднаа, Мекларен, Род и бендот почнаа да трагаат по нов член да ги исполни водечките вокални способности. Како што Метлок објаснува,“тогаш сите имаа долга коса,дури и млекарот,па кога ќе забележевме некои со кратка ги сопиравме и ги прашувавме дали себеси се доживуваат како пејачи. Помеѓу сите нив, назначениот беше Миџ Ур,кој беше вклучен во сопствениот бенд,Слик. Кевин Роланд-кој ќе го пронајдат Дексис Миднајт Ранерс три години подоцна-аудитиран,но освен Метлок,никој друг не бил импресиониран.Со потрагата која не водела никаде,Мекларен го повикал неколкупати Ричард Хол,кој ја откажал поканата.

Приклучувањето на Џон Лидон во бендот

Во август 1975 година, Род’с забележа деветнаесет годишен Кингс Роад член,Џон Лидон носејќи маица на Пинк Флојд со зборовите „Јас Мразам“ рачно напишано врз името на бендот и издлабени дупки низ нивните очи. Извештаите објаснуваат дека: истиот ден или набргу потоа, Родс или Мекларен го замолиле Лидон да дојде во блискиот бар да се сретне со Џонс и Кук. Според Џонс „Тој влезе со зелена коса.Помислив дека има многу интересно лице. Ми се допадна неговиот поглед. Ја имаше на себе својата „Јас ги мразам Пинк Флојд“маица , и беше сошиена со безопасни игли. Џон имаше нешто посебно,но кога почна да зборува беше вистински гомнар-ама паметен. Кога барот затвори,групата се пресели во Секс,каде Лидон,кој даваше мало значење на пеењето,беше убеден да ја изведе„I’m 18 (Јас сум 18)“на Алис Купер. Иако изведбата ги доведе до смеа членовите на бендот,Мекларен ги убеди да почнат проби со Лидон. Лидон подоцна го објаснил овој социјален контекст во кој бендот пристигнал заедно: Во раните седумдесетти Британија беше многу деприсирачко место. Беше потполно празно, имаше ѓубре на улиците, невработеност-како сите да штрајкуваа. Сите беа израснати со образовен систем што не ти покажува ништо, ако доаѓаш од погрешната страна на улицата...така што немаш никаква надеж за пеколот ниту идеи за твојата кариера.Од таму произлезе вообразеното мое и Секс Пистолс а подоцна и цела група од имитирачки дркаџии после нас. Ник Кент-писател за списанието “Нов Музички Експрес’ (НМЕ) -којшто запаѓал во неприлика со бендот,но отстапил под барањето на Лидон.“Кога дојдов,го погледнав и реков, “Не, тоа мора да помине.’’подоцна објасни Лидон.“Од тогаш,тој никогаш повеќе не напиша добар збор за мене.“Во Септември,Мекларен повторно помогна во изнајмувањето простор за проби на групата,кои се одржуваа во барови.Кук,кој имаше работа и беше одлучен да се откаже,прозборуваше за откажување.Според објаснувањето на Метлок,Кук„создаде параван“обвинувајќи го Џонс како не доволно спремен да биде соло-гитарист на групата.Една реклама беше сместена во „Создавач на звукот“за „Мал генијален гитарист“. Но постар од 20 години. Што не изгледа полошо од Џони Тандерс.“(однесувајќи се на водачкиот член од панк-сцената во Њујорк.)Повеќето од оние коишто се пријавија на аудицијата очигледно беа несоодветни,но од погледот на Мекларен,самиот процес создаде смисла за солидарност меѓу членовите на групата.Беше избран најталентираниот гитарист,Стив Њу.Како и да е,Џонс напредуваше брзо и развиениот звук на бендот немаше простор за таков вид на техничка работа во која Њу беше експерт.Тој замина после еден месец. Лидон го прекрсти Џонс во„Џони Ротен“,најверојатно поради неговата лоша забна хигиена.Бендот исто така измисли и име.По разгледувањето на повеќето опции,како,„Бомбата“„Проклетите“, „Под“, „Тинејџерска приказна“, „Горделивата детска љубов“и„Кремот на кремовите“,тие се одлучија за Секс Пистолс,скратена форма од името под кое работеа неформално.Мекларен подоцна објавил дека името дошло од„од идејата на пиштолот, девојка, нешто младо, убиец кој изгледа добро“.Непристојно, од друга страна лажно,тој додаде дека„лансирање на идејата е во форма на бенд од деца кој може да си именува како лош.“Групата почна да пишува оригинален материјал.Ротен беше авторот,а Метлок главниот автор на музиката(нивната прва соработка„Pretty Vacant (Убавиот слободен простор)“со текст на Метлок и мала помош на Ротен) официјалниот кредит беше поделен на четири еднакви дела. Првата свирка на новата четворка беше организирана од Метлок,кој студираше на колеџот во Св.Мартин.Бендот свиреше во школото на 6 Ноември 1975 година,со поддршка на рок-групата„Bazooka Joe (Базуката Џо)“употребувајќи ги нивните тапани и други инструменти.Секс Пистолс изведоа неколку веќе постоечки песни како:„Substitute (Резервата)“ на „TheWho“, „Whatcha Gonna do about it (Што ќе сториш во врска со тоа)“на „The Small Faces“, „ (I’m not Your) Stepping Stone (Јас не сум твојата)одлична можност“на познатите„The Monkeys“кои според набљудувањата се неслучајно именувани како екстремно гласни. Пред Пистолс да отсвират некои нивни оригинални песни,еден од членовите на “Bayooka Joe“ ги повлече каблите кога виде дека нивната опрема е уништена.Физичка пресметка меѓу членовите на двата бенда,настапи на сцена.

Градејќи го континуитетот

Свирката во Св.Мартин беше проследена од други изведби во колеџот и уметничките школи покрај Лондон.Сржта на следбениците на групата,вклучувајќи ги-Siouxsie Sioux (Сокси Сокс),Steve Severin(Стив Северин) и Billy Idol(Били Ајдол),кои би продолжиле да формираат бендови на нивна сметка, се познати како„Broomley Contingent“ (Банален контингент)од кои неколку се од соседството.Нивниот добро познат стил,копиран од “Sex (Секс)“,воспостави тренд кој беше прифатен од обожавателите на бендот.Мекларен и Вествуд го гледаа новото лондонско панк-движење како возило со многу повеќе од само еден обичен занает.И двајцата беа маѓепсани од радикалното воздигнување во Париз (Мај 1968 година), особено од идеологијата и агитаиите на “Situationists“, како и мислењето на анархистот за Буенавнтура Дурути и останатите. Вакви интереси делеше и Џејми Рид, стар пријател на Мекларен кој почна да изготвува материјал за Секс Пистолс пролетта 1976 година.Скратените,вметнати букви за класичното лого на Секс Пистолс и моделите за бендот вцушност ги претставил пријателот на Мекларен,Хелен Велингтон-Лојд.„Имавме обичај да зборуваме многу со Лојд за “Situationists,“подоцна изјави Рајд.“Се чинеше дека Секс Пистолс е најсовршениот трансфер за директен пренос на идеи до луѓето кои не ја добиваа пораката од лево ориентираните.Мекларен исто така вршеше аранжмани за првите фотосесии на бендот.Како што опишуваше музичкиот историчар Џон Севич,“Со неговата зелена коса,поднаветнатиот став и неуредниот изглед(Лајден) изгледаше како мешавина од Јурија Хип и Ричард Хел.