Шекил Рашан О’Нил (роден на ) познат како „Шек“ е американски поранешен кошаркар кој во моментов работи како аналитичар на телевизискиот програм Inside the NBA.
Со висина 2.16 метри и тежина 147 килограми, тој е еден од најтешките играчи кои играле во НБА. Низ неговата 18 годишна кариера, О’Нил ги користеше големината и снагата за да ги совладува противниците за бодови и скокови. По пензионирањето на Линдзи Хантер на 05.03.2010, О’Нил стана најстариот активен играч во НБА.
Подоцна, по кариерата во државниот универзитет Луизијана, О’Нил беше повикан од Орландо Меџик со првото бирање во 1992 НБА драфт. Тој наскоро стана еден од главните во лигата, освојувајќи Руки на годината во 1992-93 и потоа го водеше неговиот тим до 1995 НБА финалето. После 4 години со Меџик, О’Нил потпиша како слободен играч со Лос Анџелес Лакерс. Тој освои три последователни првенства, играјќи заедно со Коби Брајант во 2000, 2001 и 2002 година. Односот помеѓу О’Нил и Брајант прерасна во непријателство, што доведе до трансфер на О’Нил во Мајами Хит во 2004 година. Тој го освои четвртото НБА првенство во 2006 година, но после година и 6 месеци беше продаден на средината на сезоната на Феникс Санс. После сезона и пол со Санс, О’Нил беше продаден на Кливленд Кавалерс, каде што играше заедно со ЛеБрон Џејмс во 2009-10 година.
Поединечните награди на Шекил вклучуваат: во 1999-00 награда за највреден играч, во 1992-93 награда за Руки на годината, и во 15 Ол Стар селекции, 3 пати највреден играч во Ол Стар, највреден играч во 3 финалиња, 2 поентирачки титули, 14 во НБА-тим селекцијата и 3 во НБА-Одбранбен Тим. Тој е еден од три играчи кои освоил НБА највреден играч, Ол Стар најдобар играч и 3 во финалиња најдобар играч во истата година (2000). Другите играчи се Вилис Ред во 1970 година и Мајкл Џордан во 1996 и 1998 година. Тој се пласираше на 5 –тото место најдобар поентер на сите времиња, 6 –ти во бодови од поле, 14 –ти во скокови и 7-ми во блокирања.
Покрај неговата кошаркарска кариера, О’Нил издаде 4 рап албуми, со неговиот прв, Шек Дизел доби платина. Тој исто така се појави во некои филмови и започна забавни емисии, Големиот предизвик на Шек и Шек Вс.
Ран живот О’Нил ги финансира машките и женските клубови на Америка во неговиот роден град Њуарк, Њу Џерси, што му дава нему безбедно место за да игра и го чува понастрана од улиците. “ Тоа ми дава да правам нешто” – рече тој. “ Јас само одам таму за да шутирам. Никогаш не сум играл во тим.” О’Нил првпат доби внимание од државјаните додека играше за училиштето Линтон Мидл. Тој го водеше тимот на средното училиште Роберт Џ. Кол, Сан Антонио, Тексас, и за неговите 2 години таму постигна рекорд од 68-1 и му помогна на тимот да ја освои државната титула за време на постарите години. Неговите 791 скока за време на сезоната во 1989 година остануваат светски рекорд за играч во која било квалификација.
Факултет По дипломирањето на средното училиште, О’Нил го посетуваше државниот универзитет Луизијана, каде што студираше бизнис. Тој најпрво го запозна Дел Браун, во тоа време машки тренер на државниот универзитет Луизијана. Со очувот на О’Нил поставен во армијата на Обединетите Нации во Вилдфлекен, Западна Германија, и неговиот кум прв водник во армијата на медицинскиот центар Брук во Сан Антонио, Тексас, О’Нил го посетуваше американското средно училиште Фулда.
Додека играше за Браун во државниот универзитет Луизијана, О’Нил беше двапати Американски играч на годината, и доби двапати Вице играч на годината и наградата на Adolph Rupp Trophy на Националниот Колегиум на Атлетската Асоцијација како машки кошаркар на 1991 година.
О’Нил го напушти државниот универзитет Луизијана порано за да ја продолжи неговата НБА кариера, но се врати на училиште во 2000 година и доби диплома за предмети од општа култура. Тој подоцна беше назначен во државниот универзитет Луизијана во Дом на славните.
НБА Кариера Орландо Меџик ( 1992-1996)
Орландо Меџик го повика О’Нил со првото бирање во 1992 година, на НБА драфтот. Во текот на тоа лето, пред да се префрли во Орландо, тој помина убав период во Лос Анџелес под туторство на Меџик ЏонсонLuke, Chelsea. (April 28, 2015). "College triple-double header: Kyle Collinsworth versus Shaquille O'Neal" . Retrieved June 17, 2015. во Домот на славните. За време на неговата руки сезона, О’Нил во просек постигна 23.4 бода од кои 56.2% на шутирање, 13.9 скокови, и 3.5 блокирања на натпревари во сезоната. Тој беше наречен НБА руки на годината 1993, и стана првиот руки кој беше изгласан за стартер во почетниот состав на Ол Старот по Мајкл Џордан во 1985 година. Меџик заврши со 41-41 освојувајќи 20 натпревари повеќе од претходната сезона. Повеќепати во текот на годината, спортскиот новинар Џек МекКалум го слушнал О’Нил како зборува: “Мора да го извадиме Мети од овде и да го внесеме Брајан“.
Во втората сезона на Шекил, Хил бил тренерот, а Гуокас бил во дирекцијата. О’Нил го подобри неговиот просек на 29.4 бода (втор до Дејвид Робинсон). На 20 ноември 1993 година против Њу Џерси Нетс О’Нил го регистрираше првото Трипл-Дабл во неговата кариера, освојувајќи 24 бода, 28 скока, и 15 блокирања.
Во третата сезона О’Нил ги водеше НБА во просек со 29.3 бода од натпревар. Тој заврши втор според гласањето на Дејвид Робинсон за најценет играч, и беше прогласен за негов трет по ред настап на Ол Стар со соиграчот Пени Хардвеј. О’Нил и Хардвеј го формираа едно од врвните дуо во лигата и му помогнаа на Орландо со рекорд од 57-25 и поделба на круната во Атлантската дивизија. Меџик ги освои нивните први плејофи против Бостон Селтикс во првата рунда на НБА плејофи во 1995 година. Потоа тие ги поразија Чикаго Булс во полуфиналето, соработувајќи со Мајкл Џордан. По победувањето на Индијана Пејсер на Реџи Милер Меџик го достигна НБА финалето каде што се соочиле со одбранбените НБА шампиони Хјустон Рокетс. О’Нил играше добро во неговите први натпревари, во просек 28 бода од кои 59.5% шутирања, 12.5 скокови, и 6.3 ассистенции. Покрај ова, Рокетс водени од идните членови на Домот на славните Хаким Олаџувон и Клајд Дрекслер, завршија со убедлива победа во четири натпревари.
Шекил беше повреден во 1995-96 година, пропуштајќи 28 натпревари. Тој постигна 26.6 бода и 11 скока на натпревар што го направи НБА трет тим и играше во четвртиот Ол Стар натпревар. Покрај повредата на Шекил, Меџик заврши со рекорд од 60-22, втор во Источната Конференција зад Чикаго Булс кој заврши со НБА рекорд од 72 победи. Орландо лесно ги порази Детроит Пистонс и Атланта Хокс во првите две рунди во плејофот во 1996 година, меѓутоа немаше мечеви против водечкиот Мајкл Џордан во Чикаго Булс кој им донесе убедлива победа во финалето на Источната Конференција.
Лос Анџелес Лејкерс (1996-2004)
Создавањето на тандемот О'Нил-Брајант (1996-1999)
О’Нил стана слободен играч по сезоната 1995 -96 година. Во летото 1996 година, Шекил беше во олимпискиот кошаркарски тим на Соединетите Американски Држави и подоцна беше дел од победничкиот златен медал во 1996 година во Атланта. Додека Олимпискиот кошаркарски тим тренираше во Орландо, Орландо Сентинел започна анкета за дали Меџик треба да го отпушти Хил ако тоа беше услов за О’Нил да се врати. 82% одговорија “не“. Шекил играше напорно додека беше под Хил. Тој рече: “Тимот не го почитува Хил“. Друго прашање во анкетата беше: “ Дали Шек вреди 115 милиони американски долари?“, сума понудена од Меџик. 91.3% од одговорите беа “не“. Тој беше вознемирен бидејќи медиумите објавиле дека тој не е добар пример за одгледување деца со неговата долгогодишна девојка без идни планови за венчавање.
На првиот ден на олимписките игри во Атланта беше објавено дека О’Нил ќе се приклучи на седум години во Лос Анџелес Лејкерс со договор од 121 милиони американски долари. Тој објасни дека не го избрал Лос Анџелес заради парите.“изморен сум од слушање за пари, пари, пари“, О’Нил рече после потпишувањето.“Јас само сакам да играм, пијам пепси, носам рибок, “ тој додаде рекламирајќи некои производи. Лејкерс освоија 56 натпревари во текот на 1996-97 година, Шекил освои 26.2 бода, и 12.5 скокови во првата сезона со Лос Анџелес; сепак, тој повторно пропушти преку 30 натпревари но за време на повредата Лејкерс доиграа, и во 5 натпревари беа елиминирани од Јута Џез.
Следната сезона, О’Нил постигна 28.3 бода и 11.4 скока, тој исто така ја водеше лигата со 58.4 бода од игра, што е прва од петте последователни сезони. Лејкерс ја заврши сезоната со резултат 61-21 први во Тихоокеанската дивизија, а втори носители во Западната Конференција во текот на НБА Плејофите во 1998 година. По поразувањето наПортланд Трејл Блејзерс и Сиетл Суперсоникс во првите две рунди Лејкерс повторно го поразија Џез, овој пат со убедлива победа од 4-0.
Во тандем со Шекил и Коби Брајант очекувањата за Лејкерс пораснаа. Како и да е, личните промени беа извор на нестабилност за време на 1998-99 година. Долгогодишниот судија Ник Ван Ексел беше продаден на Денвер Нагетс; неговиот поранешен одбранбен партнер Еди Џоунс оди во пакет со резервниот центар Елден Камбел за Глен Рајс да ги задоволи барањата на Шекил за фрлач. Тренерот Дел Харис беше отпуштен и поранешниот Лејкерс пред Курт Рамбис ја заврши сезоната како главен тренер. Лејкерс заврши со 31-19 во текот на заклучувачката сезона. Тие доиграа, но беа поразени со убедлива победа од Сан Антонио Спарс, водени од Тим Данкан и Дејвид Робинсон во првата рунда во плејофите. Спурс ќе се обидуваат да ја освојат нивната прва титула оваа година.
МВП и шампионски сезони (1999–2002) Во 1999 година, Лејкерс го најмија Фил Џексон како нов главен тренер, и финансиите на тимот наскоро се променија. Користејќи го Џексон како триагонална одбрана, О‘Нил и Брајант остварија одличен успех на теренот, водејќи го Лос Анџелес Лејкерс до три последователни НБА титули (2000, 2001, 2002 година). Шекил беше награден за највреден играч на сите три НБА финалиња и имаше највисок просек за центар во историјата на НБА.
О’Нил исто така беше изгласан за најкорисен играч во 1999-2000 година со недостаток од еден глас за да стане прв едногласен највреден играч во историјата на НБА. Фред Хикман, тогаш во Си-ен-ен (мрежа на кабловски вести), беше единствениот гласач којшто не гласаше за Шекил наместо него го избра Ален Ајверсон, тогаш во Филаделфија 76ерс којшто ќе ја освои наградата за највреден играч следната сезона. О’Нил исто така таа година ја освои титулата, завршувајќи втор во скокови, и трет во блокирани шутови.
Во НБА финалето во 2001 година против 76-те, Шекил фаулираше во игра 3 против Дикембе Мутомбо, одбранбениот играч на 2000-2001 година.“Не мислев дека најдобриот одбранбениот играч во лигата ќе се струполува така. Срамота е што судиите поминуваат преку тоа“, рече Шекил. “посакувам да стане и да игра како маж наместо да се струполува и плаче секогаш кога ќе го турнам.“
Во летото 2001 година, во кошаркарскиот камп на студентскиот дом на државниот универзитет Луизијана, Шекил беше предизвикан на пријателски натпревар во борење од бившиот играч на Луизијана и сегашниот играч на Бостон Селтикс Глен Дејвис- големото бебе, кој тогаш бил 15 години и посетувал средно училиште. Шекил тежок 160 кг беше импресиониран од младиот, кој го креваше и прегазуваше до земјата. Месец пред да започне сезоната во 2001-2002 година Шекил правеше операција на деформитет на ноктот на најмалиот прст од неговото лево стапало. Тој беше подготвен за почеток на регуларната сезона, но прстот често го вознемируваше за време на сезоната. Во јануари 2002 година тој беше вмешан во спектакуларна расправа на натпревар против Чикаго Булс. Тој го удри центарот Бред Милер заради намерен прекршок за да го спречи кошот, што заврши со тепачка со Милер, поранешниот Чарлс Оукли и некои други играчи. Шекил беше суспензиран со три натпревари без плаќање и му даваа само добри 15.000 американски долари. Таа сезона, О’Нил просечно постигна 27.2 бода и 10.7 скокови, одлична статистика но под неговата просечна кариера во тоа време: тој беше помалку од одбранбена сила во текот на сезоната.