мини|Грб на Македонија од „Стематографија“ - дело на Христофор Жефаровиќ (1741)

Хералдика или грбословие — наука за грбовите која се занимава со правилата кои владеат при нивното дизајнирање, спојување, наследување, како и блазонирање (опишување, читање) на грбовите. Хералдика е и систем на правила и принципи за создавање и носење грбови. Хералдиката е наука која го истражува тој систем и неговиот историски развој. Хералдиката е севкупност на грбови определена преку некои критериуми. Хералдиката е интердисциплинарна наука која опфаќа историjа, уметност, право, филозофиjа итн.

Историја Хералдиката е родена со развитокот на културата и односите во феудалното општество во Европа. Закрепостените селани, кои покрај економската обврска спрема своите земјопоседници, ја имале и таканаречена воена обврска. Тие, по потреба ги придружувале своите господари во разните воени потфати, одбранбени и завојувачки. Писменоста била резервирана за свештенството, во обичното општење се употребувале визуелни симболи.

Опшествените односи во феудалното опшество довеле до раѓање на еден нов слој од помладите синови на феудалните господари. Имотот бил неделив и бил наследуван од најстариот син, додека другите, освен финансиската поткрепа, немале многу други пра¬ва на имотот. Eден дел од нив се школувал за свештеници, додека другиот, поголемиот дел, го барал својот дел во опшеството. Се раѓа една нова класа витези.thumb|Витешки турнир, 16 векВтор момент, кој придонел во раѓањето на хералдиката, е развојот на воената опрема и техника на војувањето. Околопот станувал сè поголем и покривал поголем дел од човечкото тело. Така, природната идентификација на воините преку лицето била невозможна. Повторно, личната идентификацијата се правела преку визуелните симболи.

Воената тактика во тоа време се состоела од борбата на помалите единици на бојното поле, најчесто военообврзниците на еден феудалец. Така, на бојното поле се појавила потреба од идентификација на одделните единици како на својата страна, така и на непријателската. Затоа, биле потребни јасни симболи кои се еднозначни и не се повторуваат.

Трет момент, кој одиграл голема улога во развојот на хералдиката, се крстоносните војни. Со повикот на папата Урбан II од Собирот во Клермонт во 1095 година, голем дел од витезите го прифатиле овој повик како нешто повеќе од само заштита на Исусовиот гроб. Бидејќи немале вистинско место дома, поради неможноста да наследат имот, ова изгледало како добар потег.thumbМногу и од зкрепостените селани го сметале ова за добра замена на секојдневниот тежок живот и се пријавувале како доброволци. И како што кажува самото име, крстот бил далеку најзастапениот симбол така што идентификацијата и командувањето на единиците станувало многу тешко. Така, се јавила потребата од дефинирање на еден систем на организација на симболите. Зачувана и една повелба од 13 јануари 1188 година од Гисор, од кралевите на Франција и Англија, Филип II и Хенри II како и грофот Филип од Фландрија, со која се идентификуваат различните нации преку крстови со различна боја и на различна заднина. Ова им претходиelo на знамињата на неколку европски држави (Англија, Шкотска, Данска, Норвешка).

Оние што се враќале од Крстоносните војни се враќале со нови симболи од Истокот кои засекогаш ќе ја збогатат европската „симболистика“.

Четврт момент, кој веројатно е најзаслужен за развојот на хералдиката, се витешките турнири. Настанокот на турнирите се поврзува со средбата на Лудвиг Германски и неговиот брат Карл во 844 год. кога свитите на двата крала во Стразбур одржале натпревар во вид на војна. Годфри де Преули, од Франција, прв ги составил правилата на турнирот во средината на 11 век. Тоа биле забавни настани во кои најмногу се натпреварувале витези, а служеле и за забава на народните маси кои биле публика.

Турнирите биле одржувани на панаѓурите и претставувле повеќедневни настани во кои се натпреварувале витези со докажано благородничко потекло, во повеќе дисциплини. Хералдите ја имале главната задача и главната улога на овие турнири.

Настанување на грбот thumb|Емаил од гробот на Жофри Плантагенет Анжујски, еден од најраните претстави на хералдиката. Отсекогаш, воините го украсувале своето оружје. Штитот, како најголем дел од вооружувањето, бил особено погодно место за осликување. Тој бил направен од дрво, најчесто прекриен со кожа врз која се сликало, но често, и релјефно се украсувал со форми од варена кожа и жица.

Долго време, изборот на симболот, амблемот, бил избиран самостојно. Најчесто, тоа биле или едноставни геометриски форми или едн¬оставни животни или растенија. Се случувало и често менување на амблемот. Подоцна, симболот станал постојан и се пренесувал од татко на син. Овие амблеми почнале да излегуваат од штитот и да обележуваат другите предмети од кој меѓу најпрвите била облеката.

Опшествениот начин на живот наложувал оваа привилегија да си ја дозволат само слободните. Поради фактот што овие симболи имале и улога на идентификација, и за да се избегне препознавањето на грбовите, тие почнале да се разликуваат еден од друг.

Традиционално се верува дека најстариот документиран грб е грбот на Геофри Плантагенет, војводата од Нормандија, а подоцна Хенри II, (прикажан на сликата лево), опишан во свадбената повелба од 1127 година, која го прикажува доделувањето на грбот од кралот Хенри I, таткото на неговата сопруга. Неговиот внук, Вилијам Лонгспи, го употребува истиот грб со што се потврдува една од најважните одлики на грбовите, постојаност односно, наследноста.

Првите грбови биле штитови поделени во две бои кои давале доволен контраст за да бидат претпознатливи од далеку, или пак, имале еден амблем. Крстоносните војни, допирот со источните култури довеле до многукратно збогатување на симболиката која се употребувала на штитот.

Крстоносните војни имале големи последици и влијание во сите сфери на животот во старата Европа, па и на оружјето. Како неопходен додаток на воената опрема почнал да служи и плаштот со кој железните витези се заштитувале од средоземното сонце. Така, шлемот со овој детаљ и штитот станале неразделни делови на грбот.

На шлемот се наоѓала и челенка, апликација направена од жица, кожа, дрво, која го држел плаштот. Челенката претставува еден важен дел, амблем, во хералдичкото достигнување што претставува збир на хералдички елемнти во кои покрај грбот (штитот, челенката, штитодржачите, итн), спаѓаат и штандартот и беџот.

Најнапред, грбот бил личен и користен на бојното поле, но брзо се ширела употребата на грбовите. Така, во почетокот на 13-от век во Англија се употребувале 1.500 различни грбови. Грбови почнале да употребуват и цивилите, надвор од бојното поле, обичните луѓе и различните опшествени и трговски заедници. Така, црковните лица почнале да употребуваат грбови од 1200 година, граѓаните (жителите во градовите) од 1220 год., умет¬ници од 1230 година. Градовите од крајот на 12-от век, потоа корпорациите од 1240 година итн.

Грбовите може да се поделат според видот на носителот. Ако носителот е поединец или семејство, станува збор за личен грб, ако носителот е заедница, организација, фирма, тогаш станува збор за корпоративен грб, а ако носителот е географски ентитет, град, област, територија, зборуваме за месен грб. Доколку грбот е врзан со определена функција, тогаш постои грб на функцијата. Посебна категорија се црковните и државните грбови. Поради посебните одлики на армигерите (носителите на грбот), се јавуваат и специфични одлики на секој од овие видови грбови.

Хералди thumb|Процесија на хералдите на погребот на Елизабета I. Хералдиката може да се дефинира и како активност на хералдот. Впрочем, и името хералдика доаѓа токму од зборот хералд. Зборот хералд (herr Alt) потекнува од двата старогермански зборови воин и стар, со денешно значење „ветеран“. Првата активност на еден хералд ја забележал хроничарот Гуилам Ле Маршел. Тој запишал дека Битката кај Дринкорт, Нормандија, која се одвивала во јули 1173 година, ја набљудувал хералд.

На почетокот, хералдите биле од војничкиот занает. Тоа биле луѓе познати по своите воени вештини во војна или на турнири. Биле познати и по својот карактер и по доблеста. Затоа, добивале улоги кои барале комбинација на добар карактер, искуство, образование и други тајни вештини кои ќе ги откриеме подоцна.

Тие се занимавале со организирање и со спроведување церемонии. Ги носеле поканите и други важни пораки до соседните кралства. Тие биле гласници, и поради тоа, зборот хералд подоца го презел ова значење. Тие биле претходници на денешните дипломати. Хералдите ги организирале турнирите и се грижеле за нивната регуларност. Ги препознавале витезите кои доаѓаат на рингот и ги најавувале со трубење во рог. Потоа, ги читале на глас грбовите, кажувајќи ја нивната генеологија и воспевајќи ги нивните подвизи. Оттука, читањето на грбовите или нивниот опис се вика блазонирање. Потекнува од старогерманскиот збор „блазон“ (Blausen), што значи: дување во рог. Збор кој во францускиот јазик значи грб.

Најважниот дел од регуларноста, сепак, била грижата на турнирот да учествуваат само благородници. Затоа, хералдите добро ги познавале грбовите на витезите, како и нивните предци и роднини. Воделе евиденција и списоци на тие грбови во книги наречени грбовници. Така, првите грбовници се јавуваат околу 1250 год.

Познавањето на овие нешта, грбовите и семејните врски, херал¬дите полека ги внесувале во службата на феудалните господари, па дури, и на самиот крал. Познавањето на грбовите било од непроценлива важност на бојното поле, а тоа, всушност, значело и препознавање на воените единици. Ова било неизбежлива алка во синџирот на командување. Ги попишувале и настраданите во битките, повторно идентификувајќи ги според грбовите. Преговарале и за ослободување на затворени витези, се разбира за откуп.

За да ги постигнат сите овие должности имале дипломатски имунитет, биле невооружени и непречено оделе по бојното поле и по затворите на непријателот. Разнесувале важни пораки меѓу затворениците и нивните семејства и договарале откуп. Од широкиот спектар на активности, на хералдите им останала само една и тоа во сферата на утврдувањето на стандардите за создавање, поседување, пренесување на грбовите и на другите хералдички достигнувања. Тие ги утврдувале правилата со создавање на грбовите. Со векови, овие правила биле дел од тајната кои не се запишувале, туку се предавале усно од генерација на генерација.

Грб Грбот може да се дефинира како: „Потрајна наследна ознака за идентификација на одделни личности, фамилии, корпорации, политички и црковни установи, организации и држави, функции, територии и населени места, изразени со ликовни средства (знакови и бои) според хералдичките правила“.thumb|Циришкиот грбовник ок. 1340 година.

Во повеќето јазици, зборот грб е ист со зборот оружје. Во словенските јазици, зборот грб доаѓа од германскиот збор ербе што значи наследност. „Erbe“ преоѓа во полското „herb“, а преку руското „герб“ во српскиот збор грб. Оттаму преоѓа во македонскиот јазик. Постарите, пак, словенски ракописи ги користат зборовите „знамени“ и унгарскиот збор за грб „цимери“.

Најраните грбови биле со едноставен дизајн од неколку бои или амблеми, кои можеле да се претпознаат оддалеку. За заштита на железниот оклоп од силното сонце се користела мантијата - плашт кој за шлемот бил прикачен преку челенка - апликација направена од жица, од кожа, од дрво. Штитот, шлемот со челенката и плаштот станале основни делови на грбот. Хералдичкото достигнување е збир на хералдички елементи во кои спаѓаат грбот (штитот, челенката, штитодржачите итн.), стандардот и беџот.

Штитот бил правен од дрво, врз кој се сликало. Долго време симболот, амблемот и симболичката композиција биле избирани самостојно. Најчесто тоа биле едноставни геометриски облици или едноставни животни или растенија. Главната улога на амблемот била магиска, да го заштити воинот од оружјето на непријателот. Се случувало и често менување на амблемот, најчесто по неуспехот на магискиот симбол да го испорача посакуваниот резултат.