Карабуниште (офиц. Карабуњиште) — целосно раселено село во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба Карабуниште е мало село во сместено во северозападниот дел на Општина Велес од десната страна на реката Вардар на нејзиниот излез од Таорската КлисураПанов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.147, недалеку од вливот на Пчиња во Вардар. Селото е многу мало и е на пат да се расели во него живеат само 4 луѓе, Македонци. Карабуниште е ридско село расположено на надморска височина од 500 метриhttp://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=17&Itemid=40, во подножјето на планината Голешница. Селото е тешко пристапно, до него може да се стигне одејќи пеш од железничкото стојалиште „Пчиња“ или со теренско возило (џип) и трактор преку земјениот пат кој го поврзаува Карабуниште со селата С’лп, Белештевица, Раштани и градот Велес. Над селото Карабуниште има силен извор на вода, која ја напојува селската чешма и чешмата во манастирот „Свети Илија“ недалеку од селото. Водата е студена, чиста и одобрена од надлежните институции за пиење. Карабуниште е опкружено претежно со дабова шума, како и со тополи, јасики, маслинки, смокви, ореви и нискостеблести грмушки. Месности околу селото се Крст, Петров Гроб.

Историја Според местоположбата на селото, а и големиот број на старини од антиката и средновековието во пошироката околина, живот во Карабуниште имало од најстари времиња. Потеклото на името на селото е составено од два зборови кара (турски:црно) и буниште (синоним за македонските зборови ѓубриште или латинизмот депонија), но не е исклучено името на селото да произлегува од Карабунариште (поради силните извори), а со текот на времето да го добило ова име. Во селото постоела црква која била разрушена од Турците. Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот вилает и имало 50 семејства и 1 неженет, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.512

Во својот напис за Цариградски весник од 7 март 1859 под наслов „Велес - статистическо описание“, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот веројатно погрешно запишал дека селото е населено само со турско населениеhttp://www.promacedonia.org/bmark/jhk/jhk_2.htm#7. Со оглед на големиот број на македонски родови кои од Карабуниште се иселиле во голем број на скопски и велешки села кон крајот на XVIII и во текот на XIX век како и податокот што го изнесува Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, за минатото на Карабуниште може да се заклучат две издржани претпостваки. Едната е дека по бурните настани од крајот на XVII век и големата несигурност за Македонците по Карпошевото востание и Австриско-турската војна, ридско-планинскиот терен на кој се наоѓа ова село бил сигурно прибежиште и живеалиште за Македонците од ниските предели , како што било случај со многу села (пр. Драчево) кои во овие периоди се раселиле, а нивните македонски жители - христијани отишле да живеат во збегови по планините на масивот Мокра Планина. Втората претпоставка е дека со продорот и населувањето на муслимани Албанци во планинските предели во текот на XVIII и XIX век, тие почнале да се доселуваат во околината на Карабуниште , како што е впрочем случај и со сите македонски села на Караџица и Голешница, при што од големата несигурност многу Македонци од Карабуниште започнале да се иселуваат на чифлизите каде имало поголема сигурност.

Стопанство Главно занимање во селото се земјоделството и сточарството. Постојаните жители на селото одгледуваат градинарски култури за свои потреби и тоа: грав, грашок (на месниот говор: „безелје“), компир (од видот „златица“), кромид, лук, пипер, патлиџан, бостан (тиква), краставици. Во Карабуништесо земјдоелие се занимаваат и луѓе кои имаат земја, а не живеат во селото. Тие одлгедуваат и жито (пченица). Од сточарството најмногу се одгледуваат кози, од кои постојаните жители прават козјо сирење и млеко, за што добиваат и субвенции од државата. Исто така се одгледуваат и кокошки, за сопствени потреби. Едно домаќинство се занимава и со пчеларство и има околу 15ина пчелни сандаци.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Карабуниште живееле 153 жители, од кои 128 Македонци и 25 Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карабуниште имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Карабуниште е многу мало село и е на пат целосно да се расели. Бележи постојано опаѓање на бројот на жители од 109 во 1961 година на само 2 жители во 1994 година. Во него денес постојани жители се само 4 луѓе, сите МакедонциТеренско истражување на Марио Шаревски од 16.06.2011Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X. Четворицата жители (3 мажи и 1 жена) на Карабуниште се стари лица над 60 години. За време на викендите, како и во текот на летниот период во селото доаѓаат поголем број на луѓе од Велес, Скопје, Зелениково, кои имаат потекло и куќи во Карабуниште. Тогаш селото брои од 60 до 80 луѓе.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Родови Според записи од 1935 година во селото живееле следните македонски православни христијански родови: Бошковци (старинци) од кои потекнуваат селските родови Балабановци или Левкови и Трајковци или Гоцови,Соколовци (од с. Добрино во поречието на Кадина Река денес Општина Зелениково) и Јовановски или Крстевци (од с. Сопот)Филиповиќ, Миленко. Северни велешки села. Белград, 1935. стр.547.

Општествени установи Цркви и манастири Манастир „Св. Илија“ - Карабуниште - со црвките Св.Илија (нова и стара) и Св. Богородица Самоуправа и политика Поради малиот број на жители селото Карабуниште заедно со селото Белештевица спаѓаат во рамките на месната заедница на селото С'лп.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани На патрониот празник на манастирот Свети Илија, Илинден, се одржува голем општонароден собор на кој покрај луѓе со потекло од селото, доаѓаат верници и од Велес, Скопје и околните села. Личности Бранислав Велешки (1834 - 1919) — револуционер

Култура и спорт

Иселеништво Најголем дел од населението на Карабуниште е иселено во Велес, потоа во Скопје, Зелениково и Драчево. Во помала мера има иселеници во околните села. Во странство има само еден иселеник-повратник од Холандија кој има куќа и штала во селото. Карабуниште дало голем број на иселеници во Скопско кон крајот на XVIII и во текот на XIX век, кога се забележани македонски родови со потекло од ова село во скопските села Белибегово, Орешани, Драчево, Градовци, Маџари, Зелениково, ЈурумлериВиди во делата на Трифуноски Ф. Јован за Скопската Котлина.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес

Категорија:Раселени села во Македонија