Димитар Солев (Скопје, 24 мај 1930 - Скопје, 24 септември 2003) — македонски раскажувач, романописец, драмски автор, есеист, книжевен критичар и преведувач.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 234.

Животопис Основно образование, од 1937 до 1941, стекнал во Пеќ. Нижа гимназија, од 1941 до 1944 година, учел во Скопје за време на окупацијата. По Ослободувањето, тој учел гимназија. Студирал прво на Високата филмска школа во Белград, а потоа на Филозофскиот факултет, при што дипломирал на групата по историја на југословенските литератури.

Работел како уредник во Телевизија Скопје, директор на Македонската телевизија, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ (1978-1987),НУБСК - Историја и како главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“.Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970. Солев бил член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1956 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а одреден период бил и негов претседател.

Творештво Солев пишувал проза и есеи, а се занимавал и со преведување и со книжевна критика. Истовремено, за неговите дела пишувале повеќе критичари од поранешна СФРЈ, а неговите книги се преведени на повеќе јазици.

Тој е припадник на средната генерација македонски писатели кои се појавиле по Втората светска војна. На книжевната сцена се појавил во 1956 година, со збирката раскази „Окопнети снегови“, а веќе следната година го објавил романот „Под усвитеност“. Во 1960 година се појавила неговата втора збирка раскази „По реката и спроти неа“, додека вториот роман „Кратката пролет на Моно Самоников“ излегол од печат во 1964 година.Александар Спасов, „Димитар Солев или Достоинство на авангардниот реализам“, во Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970, стр. 5. Во македонската книжевност, тој е познат како голем поборник за употребата на модерниот книжевен израз.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 103. Исто така, Солев е еден од првите македонски писатели кој пишувал кратки прозни творби.„Белешки за автор(к)ите“, во: Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 354.

Библиографија Најпознати дела на Солев се:Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970.

Збирки раскази: Окопнети снегови (1956) По реката и спроти неа (1960) Ограда (1963) Зима на слободата (1968) Слово за Игора (раскази, 1969) Одбрани раскази (1970) Полжави (1975) Црно огледало (1985) Одумирање на државата (1990) Промена на системот (1993) Ќелав штурец Синовски татковци (посмртно, 2006)„Посмртно објавена книга од Солев“ , Утрински весник, 14.11.2006.

Романи: Под усвитеност (1957) Кратката пролет на Моно Самоников (1964) ДренДимитар Солев, „Дрен“ (1980) Зора зад аголот (1984) Дублер (1988) Мртва трка (1998)

Есеи: Кво вадис скриптор (1970)

Радио-драми: Пушка в езеро (1966) Бамја или hibiscus esculentus (1967) Патот на сенката (1968) Девственици (1969) Мртва стража (1969)

Сценарија: 1959: По врвиците на слободата (сценарио) 1962: Граница (сценарио) 1964: Школски распуст (сценарио) 1965: Денови на искушение (сценарио) 1966: Патем (сценарио) 1972: Истрел (сценарио)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 33-39.

Награди

За романсираната биографија на Васил Антевски - Дрен, која беше објавена во 1980, Димитар Солев ја доби Рациновата награда.

Добитник е на наградата „11 Октомври“.

Наводи

Надворешни врски Архива на Димитар Солев на Марксистичката интернет архива Трудови на Димитар Солев на „Блесок“ „Грижлив афирматор на модерната македонска книжевност“ „Почина писателот Димитар Солев“ , „Вест“ Данило Коцевски „Димитар Солев, раскажувач и брилијантен полемичар“