Борис Вишински ― македонски раскажувач, романописец и драмски автор. Роден е на 6 јуни 1929 во Скопје. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил главен уредник на ревијата на Друштвото на писателите на Македонија, „Стожер“, и уредник на списанијата „Културен живот“ и „Македонска ревија“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Тој станал член на ДПМ во 1958 година. Неговите дела се преведени на повеќе јазици.Македонски ПЕН
Книжевно творештво Сенки и жед (роман, 1958) Девојка (драма, 1962) Виножито (роман, 1972) Древни брегови (раскази, 1975) Лавина (роман, 1978) Рацин (драма, 1979) Клисура (роман, 1983) Барбара (раскази, 1983) Тесно море (роман, 1986) Круна од песок (роман, 1992) Кожа од облаци (роман, 1993) Крстот на Богомил (роман, 1994)
Награди Добитник е на наградите: Награда „Кочо Рацин“, Награда „4 Јули“, Награда „13 Ноември“, Награда „Стале Попов“, Награда „Петрозино“, Награда „Михаил Еминеску“, Награда „Марио Рестиво“, Награда „Јозефин“ и Награда „Данте Алегиери“ за литературнен опус на странски автор во Италија.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 53.
Извори
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски драматурзи Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски романописци Категорија:Југословенски раскажувачи Категорија:Југословенски драматурзи Категорија:Југословенски уредници Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „Кочо Рацин“ Категорија:Добитници на наградата „4 Јули“