Цвет — генеративен орган на скриеносемените растенија чијашто функција е полово или бесполово размножување. По формирањето на спорите или гаметите и после оплодувањето, од него се образуваат семето и плодот.

Всушност, цветот е видоизменет изданок со ограничено растење кој се образува од врвното стеблено творно ткиво (меристем) кога тоа ќе достигне репродуктивна зрелост. Преминувањето на врвниот меристем од вегетативна во репродуктивна состојба настанува постепено. Обично цветниот меристем е кратко активен и активноста му опаѓа со самото формирање на цветот.

Формирањето на цветните елементи најчесто има строг редослед - прво се формираат надворешните, а последни елементите од внатрешниот круг.

Елементи на цветот мини|десно|350п|Делови на цветот Цветот за стеблото е обично прикрепен со цветна дршка (Pedunculus), а доколку таа отсуствува, велиме дека се тоа приседнати цветови. Дршката завршува со силно скусен и проширен дел со слабо изразени нодиуми, на кој се поредени останатите цветни елементи, познат како цветна ложа (Receptaculum).

Цветните елементи на цветната ложа можат да бидат заштитни (стерилни) и репродуктивни (фертилни) елементи.

Заштитни елементи Тоа се главно листови што го претставуваат околуцветникот (цветната обвивка), кој во зависност од тоа од какви листови е изграден, може да биде:

перигон, или хомохламиден, односно прост околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се разликуваат по форма, големина и боја: венчевиден перигон, кога ливчињата се слични на венечните чашковиден перигон, кога ливчињата се слични на чашкините перијант, или хетерохламиден, односно сложен околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се идентични: чашка (Calyx или Sepala), зелени ливчиња со заштитна функција, од 2 до 5 во еден круг венче (Corolla или Petala), живо обоени ливчиња со заштитна функција, секогаш повеќе од две

Репродуктивни елементи thumb|left|Цвет на дневен лилјан, каде се забележуваат шест прашници и стигмата (устенцето) на плодникот Тоа се функционалните елементи на цветот, оние со кои растението се размножува и дава идни поколенија: прашници (Stamen, за група од прашници Androeceum), растителните машки полови "жлезди" во кои се образува поленот. Еден прашник е составен од: прашнички конец (Filamentum) прашничка ќеса (Anthera) (прашниците без антери се нарекуваат стаминодии) полуантери (Theca) сврзувачко стерилно ткиво (Connectivum) плодник или толчник (Pistillum, за група од плодници Gynaeceum), растителните женски полови "жлезди" во кои се образува и развива плодот. Еден плодник е составен од: устенце (Stigma), за прифаќање на поленот столпче (Stylus), го поврзува устенцето со плодница или јајчник (Ovarium), се образуваат и развиваат семеновите зачетоци од кои се формира плодот.

Видови цветови thumb|200px|Цветови на повеќе главоцветни растенија, меѓу кои и на Rudbeckia fulgida. Цветовите можат да се поделат врз основа на различни критериуми.

Според распоредот на цветните елементи на цветната ложа, разликуваме: спирални (ациклични) - елементите имаат спирален распоред на издолжена цветна ложа. Вакви се цветовите на лутичињата. кружни (циклични) - доста чести цветови, елементите поредени во круг на силно скусена цветна ложа. полукружни (семициклични) цветови - поедини елементи имаат спирален, а други кружен распоред.

Според местоположбата на прашниците и плодниците, има: хермафродитни - двополни цветови, на кои има и прашници и плодици, како кај перуниката еднополни цветови - машки или женски, поретки, на кои има само прашник или само плодник стерилни - бесполови цветови, имаат само околуцветник, како кај георгината.

Според местоположбата на машките и женските цветови, има: еднодомни - се развиваат на една единка, како кај пченката (кочан - женски, метличка - машки цвет) дводомни - се наоѓаат на различни единки, односно појава на посебен пол, како кај врбата тридомни - машките, женските и хермафродитните цветови се наоѓаат на три различни единки. мини|Лотосов цвет, Ботаничка градина, Бон, Германија

Симетрија на цветот Асиметрични - не може да се поделат на две еднакви делови симетрични - може да се поделат на еднакви делови: правилни (актиноморфни) - со најмалку две рамнини на симетрија неправилни (зигоморфни) - со најмногу една рамнина на симетрија.

Цветот како тема во уметноста и во популарната култура Цветот се јавува како тема во уметноста и во популарната култура. Цветот како тема во книжевноста „Цвеќето цутило бабо“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 123. „Убаво моминско цвеќе“ — македонска народна песна.Народна поезија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 54. „Качунчице, цветице“ — македонска народна (лазарска) песна.Народна поезија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 23. „Цветот и каменот“ - суфиска приказна.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 34-35. „Цвет на цветовите“ - песна на либанскиот поет Саид Акл.Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 108-109. „Цвет“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска.Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 13. „Цвеќиња на злото“ - збирка поезија на францускиот поет Шарл Бодлер.Bodler, Cveće zlа. Beograd: Izdavačko preduzeće “Rad”, 1964. „Деца и цвеќиња“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 3. „Деца и цвеќиња (второ пеење)“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 4-5. „Деца и божурики“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 7. „Лутичиња“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 10. „Качунка“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 13. „Цветници“ - краток расказ на Јозо Т. Бошковски.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 54. „Синоличка“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 22. „Незнаено сино цвете“ — песна за деца на Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 22. „Цвет“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013. „Цвеќе“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 89-90. „За пеперутката и нејзиниот волшебен цвет“ - расказ на германскиот писател Рајнхард Јоханес Зорге.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 359-364. „Петопрст“ — краток расказ на македонскиот писател Тоде Илиевски.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 114. „Цветови“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 9. „Јаболков цвет“ - песна на полскиот поет Мјечислав Јаструн.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 115-116. „Дете и цвеќе“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 12. „Метла или цветот на пустината“ (италијански: la ginestra o il flore del deserto) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1836 година.Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 48-56. „Белиот цвет“ (Beli cvet) - песна на Десанка Максимовиќ.D. Maksimović, Pesme. Beograd: Rad, 1964, str. 61. „Работен цвет“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 91. „Цвет“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 110. „Цвеќенца“ — книга на македонската писателка Бистрица Миркуловска.Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967. „Пустински цвет“ - збирка поезија на македонскиот поет Сашо Огненовски од 2015 година.„Објавена книга со драми на Сашо Огненовски“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 17. „Со кринот во раката“ (српски: Са крином у руци) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 136-137. „Цветови на славата“ (српски: Цветови славе) - песна на Владислав Петковиќ - Дис.Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 138-139. „Илјада цветови на една гранка“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 25-26. „Воспоставување ред со цвеќе“ — краток расказ на македонската писателка Будимка Поповска.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 182-183. „Велигденчиња“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 209.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 100. „Момина солза“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 210. „Црно калуѓерче“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 240. „Небесна вдовица“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 241. „Вампирче“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 242. „Хризантеми“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 13-14. „Продавачот на свеќе“ — песна на францускиот поет Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 129. „Цвет“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1828 година.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 175. „Букет“ — песна на српскиот поет Стеван Раичковиќ.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 48. „Запис од морето“ (српски: Запис са мора) — песна на српскиот поет Стеван Раичковиќ.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 142. „Цветови“ - песна во проза на францускиот поет Артур Рембо.Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 109. „Утрински игри“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 37. „Секаквоно цвеќе“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 37-39. „Суво цвеќе“ - расказ од македонската писателка Жанета Станоевска, од 2011 година.Жанета Станоевска, Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази, Темплум, Скопје, 2011. „Веќе голем!“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 10. „Градината на чудесните цвеќиња“ – книга на Антонио де Торкемада од 1570 година.„Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 601. „Ти си како цвет“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 34. „Синиот цвет“ - еп на германскиот писател Герхарт Хауптман.B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 129. „Песна на цветот“ - песна на либанскиот поет Халил Џубран.Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 93-94.