Клуковец — село во западниот дел на Општина Велес, во околината на градот Велес.
Населбата официјално била прогласена за село во 2014 година.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Тополка, од нејзината лева страна. Од градот Велес селото е оддалечено 16 километри и лежи на надморска височна од 350 метри.
Историја
Стопанство
Население
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 193 жители, сите Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 311 жители, од кои 310 Албанци и 1 лице без податоци.
Родови Клуковец е албанско село.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Доселеници: Касамовци (6 к.) доселени се во 1925 година од селото Горно Јаболчиште. Таму имаат роднини, уште подалечно потекло од Горна Река.
Општествени установи
Во селото работи подрачно основно училиште на ОУ „Васил Главинов“ од Велес. Наставата се одвива тука во првите пет одделенија. Наставата во училиштето се изведува на албански наставен јазик.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2200 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на селото — Гугл Карти
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес
Категорија:Населени места основани во 2014 година