Сократ Лафазановски (, — Скопје, 5 октомври 2025) — македонски сликар и балетски уметник.Разговор со Сократ Лафазановски
Животопис За време на Граѓанската војна во Грција со семејството пребегал во Романија. Во Букурешт завршил училиште за применета уметност - сликарство и балетско училиште, а дипломира ликовна уметност на Педагошката академија во Скопје.
Покрај професионалната сликарска дејност, цели 14 години бил професионален балетски уметник во Операта во Брашов (Романија) и Македонскиот народен театар во Скопје. Како сценограф има изведено преку 25 оперски постави, оперети, класични балети и претстави за деца. Работел и како ликовен педагог.
За 35 години уметничко творештво, Лафазановски имал насликано околу 1200 уметнички дела изведени во масло, акварел и пастел. Од нив, 600 се наоѓаат во Скопје, 200 се подарени на установи, пријатели и љубители на убавата уметност, а останатите се во други земји: Србија, Црна Гора, Романија, Италија, Австрија, Германија, Франција, Данска, Австралија, Грција.
Член бил на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Во 5 октомври 2025 година починал.
Наводи
Лафазановски, Сократ Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Македонски балетани Категорија:Деца бегалци Категорија:Починати во 2025 година Категорија:Починати во Скопје