right|250px|Знакот на Мајбах Мајбах-Моторенбау д.о.о. (герм. Maybach-Motorenbau GmbH) — компанија основана од Вилхелм Мајбах и неговиот син Карл, бил германски производител на мотори за цепелини и подоцна големи луксузни автомобили. Компанијата влече корени од фирмата Дајмлер-Моторен-Гезелшафт (Дајмлер) дотолку што нејзиниот основач бил технички директор таму. Денес, компанијата е сместена во Штутгарт, а марката ја поседува ДајмлерКрајслер. Во периодот помеѓу 1921 и 1940 г. ова фирма произведувала разни модели на луксузни класични возила.

За време на Втората светска војна, фирмата почнала да произведува мотори за разни воени возила и оклопни возила како Панцер IV, Тигар I и Пантер.

Мајбах исто така поризведувал дизел мотори за поморски и железнички превоз. Некои од познатите дизел локомотиви со нивни мотори се германската V200 и Британска железница класа 52, т.н. „Westerns“.

Во 1960 год, Дајмлер-Бенц го купува големиот дел од акциите на Мајбах. Шест години подоцна, Мајбах-Моторенбау се спојува со гранката за тешки мотори на Дајмлер-Бенц заедно оформуваат нова компанија со име Мајбах Мерцедес-Бенц Моторенбау д.о.о. Во 1969 г. пак, оваа фирма станува МТУ Фридрихсхафен.

right|thumb|250px|Мајбах 57 Мајбах повторно заживеал како марка во раните 2000-ти под водство на Мерцедес-Бенц со производствотона нов модел во две варијации - Мајбах 57 и 62 (броевите ја означуваат должината на автомобилите во дециметри). Нивната цена се движи од 305,000 до 357,000 УСД и се наменети како конкуренти на Бентли и Ролс-Ројс. Во 2005 е додаден новиот 57S, со помоќен мотор и спортска козметика.

Класични модели right|250px|thumb|Мајбах DS8 Цепелин 1919 Мајбах W1: Тест-возило засновано на Мерцедесова шасија 1921 Мајбах W3: Првиот Мајбах, прикажан на Берлинскиот автосаем. Имал шестцилиндричен линеарен мотор 5.7 L со 70 КС. 1926 Мајбах W5: шестцилиндричен линеарен мотор од 7L , 120 кс 1929 Мајбах 12: V12 претходник на DS7/8 1930 Мајбах DSH: Doppel-Sechs-Halbe („Двојно-шест-половина“) 1930-37 1930 Мајбах DS7 Цепелин: 7L V12, 150 кс 1931 Мајбах W6: Ист мотор како W5, но подолго оскино растојание. 1931-33 1931 Мајбах DS8 Цепелин: 8L V12, 200 кс 1934 Мајбах W6 DSG: Со двоен пренос со додатна брзина. 1935 Мајбах SW35: 3.5L 140 КС I6 1936 Мајбах SW38: 3.8L 140 КС I6 1939 Мајбах SW42: 4.2L 140 КС I6 1945 Мајбах JW61: 3.8L 145 КС I6

Современи модели 2002 Мајбах 57/62 2005 Мајбах Екселеро (Прототип претставен на Меѓународниот автосаем во Франкфурт) 2005 Мајбах 57S (Ѕ означува „Специјал“, а не „Спорт“) 2006 Мајбах 62S

Тенковски мотори Мајбах HL230 - користен на тенкови во Втората светска војна

Надворешни врски Македонски Вест - Премиера на „Мајбах“: Луксуз на четири тркала од над 400.000 евра Вест - Најскапиот "мерцедес" на сите времиња: Луксуз со 360.000 евра вредниот "Мајбах" Точка - Најновото чудовиште на Мајбах - за Екселеро

Странски Официјално мрежно место Клуб на сопственици Биографија на Вилхелм Мајбах Историја на Мајбах Технички податоци за Мајбах-моторите и тенкот Тигар I

Категорија:Германски автомобили

__ИНДЕКС__