Реката Северн — река во Велс. Извира од Плинлимонските Планини во западен Велс, а нејзиниот горен тек се спушта 455 м по должината на првите 24 км до долината Повис. По поминувањето низ клисурата Ајронбриџ што се наоѓа на границата меѓу Англија и Велс, реката има полукружен тек низ централна Англија. Една од притоките на нејзиниот средиштен тек, Ејвон во Ворикшир, тече низ родниот град на Вилијам Шекспир, Стратфорд на Ејвон. Јужно од Глостер реката се ширии кривули сè до естуарот, кој се влева во Бристолскиот Залив под градот Њупорт. На месните жители долниот тек на Северн им е познат според ѕидот од прилив, т.н. бор, бранот што се движи со брзина од околу , достигнуваќи висина од речиси 3 м.

Наводи

Категорија:Реки во Обединетото Кралство Категорија:Реки во Велс