Захаријас Андруцос, познат како Пападас или капитан Фуфас (), бил грчки офицер, деец на грчката вооружена пропаганда, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис
Захаријас Пападас е роден 1876 година во селото Платанаки, Аркадија во Грција. Како поручник на грчката армија во 1906 година со андартска чета влегол во Македонија и се вклучил во Борбата за Македонија.
Со својата чета ги обиколувал Нередска Планина, Лерин и Пелистер. Во март истат година со чета од 250 души навлегол во Корештата, но бил одбиен од турската армија. На 17 април го нападнал селото Крапешино.. На 18 април со капетанот Вардас (Георгиос Цондос) заробил 45 жители од селото Сребрено по што ликвидирал два мажа и две жени .
На 23 април 1906 година убива четворица македоци-егзархисти кај село Трсје Δ. Λιθοξόου - Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Φλώρινας / Τ.
На 10 април 1907 година Захаријас Пападас повторно се вратил во Македонија. Ноќта на 7 мај обединетите чети на ЗахаријасПападас, подпоручикот Григорис Фалиреас, капетаните Андреја, Мицо и Флора, го нападнале селото Паљор.
Нападот започнал во 9 часот вечерта по што дошло до битка со селската милиција на Македонската револуционерна организација, битката траела цела ноќ.
Вооружените селани ги убиле Пападас и четворица други андарти кај куќата на Кире Банчелов, а неколку други андарти биле ранети. При повлекувањето андартите подпалиле 4 куќи и убиле 3 жени Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 81..
Во 1932 година селото Паљор е преименувано во Фуфас, псевдоник на капетанот Пападас. Во 1992 година е основан силогосъо (комитет) „Капитан Фуфас“, една од неговите основни цели е „да се засилува грчкото сознание“ на населението .
Наводи
Категорија:Дејци на грчката вооружена пропаганда во Македонија