Шипска (познато и како Шиписка или Шиписко) () — село во општината Горица на истоимената област, југоисточна Албанија.
Географија Селото се наоѓа во планината Островица, на 4 км северно од Москополе и околу 20 км од Горица, на надморска височина од 1.300 м.Шипска (781669) — GeoNames Под селото тече реката Суља.
Историја Селото се споменува во пописен дефтер од 1530 г. под името Шибиска, спахиски зијамет и тимар, со 113 семејства, 37 неженети и шест вдовици, сите христијани.
Помеѓу XVI и XVII век, Шипска била голем влашки трговски град. Според Вангел Трпковски-Трпку, градот броел дури 10.000 куќи, но овој број е најверојатно преувеличен. Градот бил опустошен за време на Руско-турската војна (1768–1774) поради отворената влашка поддршка на Русите.Даскалов, Георги, Армъните в Гърция, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 2005, стр. 32.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Шипска е претставена како чисто влашко село во Горичката Каза на Горичкиот Санџак со 35 куќи.
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Москополе.
Личности Родени во Шипска
Григоре Пиху (1903–1939) — политичар, деец на Железната гарда.
По потекло од Шипска
Анастасиос Пихеон (1836–1913) — револуционер, деец на грчката пропаганда; и Филолаос Пихеон (1875–1947) — офицер, андартски капетан.
Поврзано Список на села во Албанија
Наводи
Категорија:Села во Албанија Категорија:Горица (Албанија)