Ајкулата Порт Џексон (Heterodontus portusjacksoni) припаѓа на групата од околу 9 тромави ајкули што живеат при дно, наречени големоглави или рогати ајкули. Има две грбни перки, секоја со кратка боцка, и големи, парни перки слични на весла. Не плива добро, а со перките се служи за ползење по морското дно. Ноќе бара морски ежови, ги сграпчува со своите шилести предни заби, а потоа ги дроби со широките задни заби. Женките полагаат необични, спирални јајчни кожурци што ги ставаат во шуплини.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ајкули