{ "type": "FeatureCollection", "features": [

"type": "Feature", "properties": {}, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 21.196060180664062, 40.66397287638688 ]

] } Корешта (дијалектно: Корешча; грцизирано: , Корестија) — историско-географска и етнографска област во Егејска Македонија, денес во Грција. Го зафаќа северозападниот дел од денешната административна област Западна Македонија.

Потекло на името Според некои грчки и македонски научници, името на оваа област произлегува од древномакедонската област Орестида.Историја — Општина Костур Аргировски, Мито. За етимологијата на Корешта. Onomastica Jugoslavica бр. 6, Загреб, 1979, стр. 112-113. Според Љубица Станковска, „Корешта“ доаѓа од личното име Корета.Станковска, Љубица. „Топонимски варијации во Костурско-Леринската област“. во: Македонските дијалекти во Егеjска Македонија, Скопjе, 1994, стр. 241.

Историја Корештата за првпат се среќава во грамота на византискиот цар Василиј II од 1019 г. во која се определуваат правата на Охридската архиепископија, на која ѝ е одземен статусот на патријаршија по поразот на Самуиловото Царство.

Географија Корештата на северозапад се граничи со планината Корбец (Трикларио), на североисток со Бигла (Варнудас), на југоисток со областа Пополе и на југозапад со Нестрамско. Низ оваа област поминува Желевска Река (Рулска Река), а нејзина притока е Беличка Река.

Населени места мини|250п|Косинец во 2011 г. мини|250п|Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Смрдеш.

Корештата опфаќа вкупно 22 населени места, распоредени во четири општини во денешна Грција е едно село во денешна Албанија. Три села се сосема напуштени и отпишани како населени места, а од нив се останати само рушевини.

+ Населени места во КорештатаНаселено местоГрчки називНаселение(2011)МестоположбаНаселени места во Општина КостурГабрешΓάβρος0Д’мбениΔενδροχώρι266ДреновениΚρανιώνας5ЖервениΆγιος Αντώνιος50Жупаништа(Άνω) Λεύκη379КономладиΜακροχώρι117КосинецΙεροπηγή294 ЛабаницаΆγιος ΔημήτριοςотпишаноПоздивиштаΧάλαρα13СтатицаΜελάς88ЧрновиштаΜαυρόκαμπος6Населени места во Општина ПреспаБесвинаΣφήκαотпишаноБрезницаΒατοχώρι23В’мбелΜοσχοχώριотпишаноЖелевоΑνταρτικό84ОштимаΤρίγωνο29РулјаΚώτας22СмрдешΚρυσταλλοπηγή314ТрновоΠράσινο21Населени места во Општина Лерин ТурјеΚορυφή0Населени места во Општина Нестрам КрчиштаΠολυάνεμο11Населени места во Општина Девол (Албанија) Населено местоАлбански /грчки називНаселение(2005)Местоположба Врбник Verniku (Vërnik) / Βερνίκι280

Поврзано Пополе Орестида Костур (округ) Лерин (округ)

Наводи

Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Егејска Македонија Категорија:Региони на Грција Категорија:Костур (округ) Категорија:Лерин (округ) Категорија:Нестрам Категорија:Преспа