Кафе — пијалак, кој се подготвува од печени зрна (семки) од растението кафе. Тоа е еден од главните извори на човековиот психостимуланс - кофеинот, и според многубројни медицински експерти, создава вистинска зависност (кoфеинизам). Кафето после нафтата е производ со кој најмногу се тргува во светот. Првата кафетерија во Америка била отворена во Бостон во 1670 година.
Светскиот ден на кафето, за кој се тврди дека потекнува од Јапонија од 1983 со настан организиран од страна на Сејаpонската организација за кафе, се случува на 29 септември како настан одбележан во повеќе земји."Ten things you didn't know about coffee". Global Saskatoon. September 29, 2011. Retrieved November 4, 2013.
Историја
Легенди околу потеклото мини|262x262пкс|Кафеџилница во Палестина во 1900 Се смета дека етиопските предци на денешниот народ Оромо биле првите што ги препознале енергетските ефекти на кафе растението. Не постои јасен доказ кој укажува каде се одгледувало кафе во Африка или кој меѓу населението го користел како стимуланс или пак знаел за тоа пред почетокот на XVII век. Приказната за етиопскиот овчар Калди кој го открил кафето во IX век, не се појавува во ракописите сè до 1671 и е најверојатно измислена. Од Етиопија пијалакот се воведува во арапскиот свет преку Египет и Јемен. Најраните веродостојни докази било за пиење кафе или познавање на стеблото со кафе се појавува во средината на XV век, во суфиските манастири околу Мока во Јемен. Во Арабија биле испечени и приготвени првите зрна кафе, на сличен начин како што и сега се подготвува. До XVI век кафето стигнало остатокот од Блискиот Исток, Персија, Турција и Северна Африка. За првпат зрнота кафе биле извезени од Етиопија во Јемен. Јеменските трговци го донеле кафето назад во својата татковина и почнале да го одгледуваат зрното. Првата кафетерија се отворила во Истанбул во 1554 година. Првото кафе изнесено надвор од Блискиот Исток од Јемен во Индија било од суфијата Баба Будан во 1670 година. Претходно целото извезено кафе било варено или во друг случај провриено. Портретите на Баба Будан го опишуваат како прошверцувал седум зрна кафе лепејќи ги на градите. Првите растенија одгледани од овие шверцувани семиња биле засадени во Мајсур. Потоа кафето се проширило во Италија и во остатокот од Европа, во Индонезија, и во Америка. Во 1583 година германскиот лекар Леонард Рауволф, го дал овој опис за кафето по враќањето од десетгодишната посета на Блискиот Исток: “Пијалак црн како мастило, корисен против голем број на заболувања, особено кај оние на желудникот. Неговите корисници го пијат наутро, отворено во порцеланска чаша која е округла и од која секој пие полна чаша. Тоа е составено од вода и плодови од грмушка наречен бунну. “-Леонард Рауволф, Патување во Ориентот (на германски)
Ширење
Почетоците во муслиманскиот свет мини|284x284пкс|Поглед на Мока, Јемен во тек на втората половина од XVII век Од муслиманскиот свет, кафето се шири во Италија. Просперитетната трговијата меѓу Венеција и Северна Африка, Египет и Средниот Исток донело многу производи на венецијанското пристаниште вклучително и кафето. Од Венеција се проширило низ Европа. Кафето станало широко прифатено откако во 1600 година било прогласено за христијанински пијалак од страна на папата Климент VIII, и покрај барањата да се забрани „муслиманскиот пијалак“.
Ширење низ Европа и САД Првото европско кафуле се отворило во Венеција во 1645 година. Холанѓаните први внеле кафе во голема мера. Првиот извоз на индонезиско кафе од Јава во Холандија се случил во 1711 година. Преку напорите на Британската источноиндиска компанија кафето станало популарно и во Англија. Кафулето Квин Лејн во Оксфорд отворено во 1654 година постои и денес. Кафето во Франција било воведено во 1657 година а во Австрија и Полска после Виенската битка во 1683 година кога кафето било запленето од залихите на поразените Турци. Кога кафето стигнало во Северна Америка за време на колонијалниот период, не било толку успешено како во Европа. Сепак во текот на револуционерната војна, побарувачката за кафе се зголемила толку многу што продавачите требаше да ги соберат нивните оскудни резерви и драстично да ги зголемат цените. По војната од 1812 година, кога Велика Британија привремено го прекинала увозот на чај, американскиот вкус за кафе пораснал а за време на Американската граѓанска војна високата побарувачка заедно со напредокот во технологиите на подготвување му ја зацврстиле позицијата на кафето како секојдневен производ во САД. Парадоксално, потрошувачката на кафе опаднала во Англија отстапувајќи му место на чајот во текот на XVIII век. Вториот пијалак беше поедноставен за приготвување и станал поевтин со британското освојувањето на Индија. мини|270x270пкс|Мапа на подрачјата со кафе во Бразил
Експанзија во земјите од третиот свет На територијата на Сан Доминго (денешен Хаити) започнале со одгледување на кафе од 1734 година, а од 1788 го снабдувале со кафе половина од светот. Сепак, ужасните услови во кои работеле робовите на плантажите со кафе претставуваат причина во скоро време тие да се придружат кон Хаитската револуција. Потоа индустријата за кафе таму никогаш целосно не се обновила. Во меѓувреме, во 1727 година кафето стигнало во Бразил, иако неговото одгледување не се зголемило сè до независноста во 1822 година. Прво биле расчистени дождовни шуми заради плантажи со кафе во близина на Рио и подоцна во Саун Пауло. Одгледувањето продолжило во многу земји во Средна Америка во втората половина на XIX век, а речиси сите во големи рамки вклучуваа експлоатација на раселените и на домородното население. Тешките услови довеле до многу востанија, државни удари и крваво задушување на бунтовите. Кафето станало важна профитабилна култура за многу земји од Третиот свет. Над сто милиони луѓе во земјите во развој станале зависни од кафето како нивен примарен извор на приход. Кафето е главен извоз и столб за африканските земји, како Уганда, Бурунди, Руанда и Етиопија, како и за многу земји од Средна Америка.
Кафето и ропството во Куба Помеѓу 1511 и 1886 година Куба имала над 1 милион робови увезени од Африка, со цел да работат на нивните земјоделски култури. Иако производството и продажбата на шеќер во земјата го започнаа поседувањето на робови, присуството на кафе одиграло подеднакво важна улога во воспоставувањето на ропството во Куба. Земјоделците го поздравиле пристигнувањето на кафето во Куба. За да расте, кафето барало малку земја, така што веднаш станало популарно бидејќи не барало специјални машини за обработка. Во овој период, меѓу робовите кои биле во мошне тешки услови предизвикувале многу немири и неизбежени бунтови против богатството на кое му робувале. Производството на кафе во Куба било краткотрајно поради конкуренцијата со бразилското кафе, но доаѓањето на кафето, исто како што било случај со шеќерната трска било причина за купување што повеќе робови за обработка на плантажите.
Видови мини|Зрна кафе|левоКафето има два основни вида: Coffea arabica и Coffea canephora (robusta). Потеклото на зборот кафе не може со сигурност да се утврди меѓутоа се претпоставува дека доаѓа од регионот Кафа во Етиопија од каде што потекнува растението. Првите зрна кафе од Етиопија биле извезени во Јемен. Според легендите јеменскиот суфија Шеик еш-Шедили кој патувал во Етиопија забележал кози кои биле невообичаено витални и енергични. Откако ги пробал малите зрна од растението кое го паселе, почувствувал слични ефекти како оние кои ги набљудувал кај животните. Робуста има повисоко ниво на кофеин а може да се одгледува и во средини во кои видот арабика не може да успее. Тоа е поевтино од арабика и се користи во многу комерцијални кафени производи. За разлика од аракика, вкусот на робуста е погорчлив и покисел па луѓето ја пијат со нешто друго. Подобар квалитет на кафе робуста има во некои марки еспресо.
Потекло на поимот
Првата употреба на зборот "кафе" во англискиот јазик, во арапската форма qahwah (), датира од 1598 година. Во англискиот и другите европски јазици, зборот кафе дошол преку холандскиот збор koffie,OED, s.v. "Coffee". кој потекнува од отоманско-турскиот збор kahve, кој тие го позајмиле од арапскиот јазик.Oxford English Dictionary, 1st ed. "coffee, n." Oxford University Press (Oxford), 1891. Арапските лексикографи тврдат дека qahwah во почетокот се однесувал на тип вино, и потекнува од глаголот qahiya (قَهِيَ),, со значење "нема глад", па се смета дека овој пијалак го намалува гладот. Се сугерира и дека е можно да потекнува од семитскиот корен q-h-h кој означува "темно". Биологија лево|мини|Цветови на робуста алт=Illustration of a single branch of a plant. Broad, ribbed leaves are accented by small white flowers at the base of the stalk. On the edge of the drawing are cutaway diagrams of parts of the plant.|мини|Илустрација на растение кафе од видот Арабика Неколку видови грмушки од родот Coffea ги даваат зрната од кои се извлекува кафето. Два главни вида комерцијално култивирани се Coffea canephora (вид претходно познат како "Робуста") и Coffea arabica. Арабика е првобитен и почитуван вид кој потекнува од југозападните предели на Етиопија и Бома Плато во југоисточниот дел на Судан и најверојатно од планината Марсабит во северна КенијаCharrier A, Berthaud J in Clifford & Wilson, p. 20. Coffea canephora е распространето во Западна и Централна потсахарска Африка, од Гвинеја до Уганда и јужен Судан.van der Vossen, H. A. M. in Clifford & Wilson, стр. 53 Помалку познати видови се: C. liberica, C. stenophylla, C. mauritiana, and C. racemosa.
Сите растенија на кафе се сортирани во големото семејство броќови. Тие се зимзелени грмушки или мали дрва кои можат да растат 5 метри во височина кога не се кастрени. Листовите се темнозелени и сјајни, обично 10-15 см долги и 6 см широки. Цветовите се аксиларни, група на миризливи бели цветови кои цветаат истовремено и се проследени со овални плодови од околу 1,5 см. Зелени кога не се зрели, созреваат во жолти, потоа поцрвенуваат, пред да стане црно за сушење. Секое зрно обично содржи два семиња, но 5-10% од зрната имаат само едно, тие се нарекуваат грашокливи зрна. Зрната созреваат седум до девет месеци. Кафето арабика претежно е самоопрашувачко, и како резултат на тоа садниците генерално се еднообразни и малку се разликуваат од нивните родители. Спротивно на тоа, кафето канефора, екселка и либерика имаат потреба од вкрстување. Тоа значи дека употребливи типови и хибриди кои треба да се оплодат вегетативно.Wilson, K. C. in Clifford & Wilson, p. 158 Кастрење, калемење, и зачетоци на пупки се вообичаени методи на вегетативното размножување. Од друга страна, постои голем простор за експериментирање во потрага по нови можни сорти.
Одгледување
Садење Традиционалниот начин за садење на кафе е да се стават 20 семиња во секоја дупка на почетокот од дождовната сезона. Половината природно се уништуваат. Поефикасен начин за одгледување кафе, кој се користи во Бразил, е подигање сандици во расадници кои потоа се засадуваат надвор од шест до дванаесет месеци. Кафето често се сади заедно со земјоделски култури како: пченка, грав или ориз во првите неколку години од одгледувањето Кафето расте во зоната меѓу двата повратника (Северниот и Јужниот) која се нарекува зрнест појас, односно кафен појас..
Застапеност на видовите десно|мини|320x320пкс|Мапа за подрачјата на култивација: r:Coffea canephora m:Coffea canephora и Coffea arabica
a:Coffea arabica