Ерик Патрик Клептон (, роден на 30 март 1945 година) — англиски блуз-рок гитарист, пејач и текстописец. Клептон е единствената личност која била трипати примена во куќата на славните на рокенролот; како соло изведувач, а исто така и како член на рок групите „The Yardbirds“ и „Cream“. Во текот на неговата кариера тој бил почитуван од некои од најважните и највлијателните гитаристи на сите времиња. Во магазинот „Rolling Stone“, Клептон е рангиран на второто место во списокот на „100 најдобри гитаристи на сите времиња“ и на 53. на нивниот список на „Бесмртните, 100 најдобри гитаристи на сите времиња“. Во 2010 година, Ерик Клептон беше рангиран на четвртото место во Гибсоновата (Gibson Guitar Corporation) список на 50 најдобри гитаристи на сите времиња.

Низ кариерата неговиот музички стил варираше, но секогаш остана заснован на блузот. Од оваа гледна точка тој се смета за иноватор на неколку музички жанрови меѓу кои спаѓаат: блуз-рок (заедно со „John Mayall & the Bluesbreakers“ и „The Yardbirds“) и психоделичен рок (заедно со „Cream“). Сепак Клептоновите успеси на листите не беа лимитирани со блузот, тој ги зазема првите места со песната „Tears in heaven“ - (чија музика припаѓа на жанрот „Современа музика за возрасни“ (или на анг.Adult contemporary music)) и со реге песната на Боб Марли — „I Shot the Sheriff“ — (на сцените често изведува реге и песни на Боб Марли).Примен: Ерик Клептон. Rock and Roll Hall of Fame. 23 февруари 2010. Две од неговите најуспешни песни се љубовната хит песна „Layla“, која ја свиреше заедно со бендот „Derek and the Dominos“ и песната „Crossroads“ на Роберт Џонсон.

Кариера Рани години Ерик Патрик Клептон е роден во Рипли во Сари, Англија. Се родил како син на шеснаесет годишната Патриција Моли Клептон (родена на 7 јануари 1929 година) и Едвард Волтер Фриер (21 март 1920 — 15 мај 1985), 24 годишен војник од Монтреал, Квебек. Накратко по неговото раѓање, Едвард беше испратен во војна и потоа заминал во Канада. Клептон израснал со неговата баба, Роуз, и нејзиниот втор маж, Џек, верувајки дека тие се неговите родители и дека неговата мајка е неговата постара сестра. Неколку години подоцна, неговата мајка се премажила за канадски војник и заминала за Канада.Профили во популарната музика стр. 71. „Sura Books“, 2005. Проверено на 31 мај 2011

На тринаесеттиот роденден Клептон добил акустична гитара „Хојер“, направена во Германија, но учејки да свири гитара со челични жици увидел дека е тешко па скоро и се откажал. И покрај неговите фрустрации, тој останал под влијание на блузот, уште од раните години, па вежбал со часови за да научи созвучја и да ја копира музиката на блуз уметниците кој ги слушал на магнетофонот кој го имал.

По напуштањето на училиштето во 1961 година, Клептон студирал на колеџот за уметност во Кингстон (или на анг. Kingston College of Art) но го напуштил при крајот на академската година, бидејќи бил повеќе фокусиран на музиката одошто на сликањето. Овие години Клептон почнал да свири на јавни места каде што го плаќале. Најчесто тоа го правел во околината на Кингстон, Ричмонд и Западниот Крај (област во Лондон, Англија).Welch, Chris (1994) Extract Во 1962 почнал да настапува во дует со Дејвид Брок, блуз ентузијаст, во клубовите низ Суреи.Клептон, Ерик (2007) Eric Clapton: The Autobiography стр. 22. „Century“, 2007 Кога наполнил 17 години, Клептон се приклучил во неговиот прв бенд наречен „The Roosters“. Во овој бенд останал од јануари па сè до август 1963 година.Ерик Клептон: Биографија Rolling Stone Проверено на 31 мај 2011

1960-тите

The Yardbirds и the Bluesbreakers

Во октомври 1963, Клептон им се приклучил на „The Yardbirds“, влијателен блуз и рок бенд, и останал со нив сè до март 1965. Синтетизирајки го влијанието од Чикаго блузот (вид на блуз музика кој се развил во Чикаго, Илиноис) и водечките блуз гитаристи како што се Бади Гај, Фреди Кинг и Би Би Кинг, Клептон свирејќи ја нивната музика на карактеристичен начин, стана еден од популарните гитаристи на британската музичка сцена.Romanowski, Patricia (2003) На почетокот бендот свирел Чес/Чекер/Ви-Џеј блуз со што привлекле голема група на луѓе која ги следеше кога тие добија престој во резиденцијата на „Rolling Stones“, Ричмонд. Исто така, направија турнеја низ Англија со американскиот блузер Сони Бој Вилјамсон II; заеднички албум, снимен во декември 1963 година, беше издаден во 1965. Во март 1965, само што Клептон го напушти бендот, „the Yardbirds“ го имаа нивниот прв поголем хит „For your love“, на кој Клептон свири на гитара.

Клептон, на својот личен биографер, му кажал „Мојот прекар, Slowhand (Бавна рака) ми го додели Џорџо Гомелски. Тој тоа го измисли како добра игра на зборови. Постојано велеше дека јас сум брз свирач и дека добро се снаоѓам со движењата на рацете, од што и произлезе прекарот“. Сè уште, очевидно, насочен кон блуз музиката, Клептон беше жестоко навреден од страна на новата поп-ориентација на „The Yardbirds“, делумно и поради тоа што „For Your Love“ беше напишана од страна на поп композитор, Грахам Голдмен, кој имал напишано тихејџерски поп хитови. Како своја замена, Клептон го препорачал својот колега гитарист, Џими Пејџ, но во тој период Џими не сакал да се откаже од својата профитабилна кариера како студио музичар, па на препораката на Клептон тој одговорил со негова препорака, со што го препорачал Џеф Бек. Ова трио, Бек, Пејџ и Клептон, се појавило на хуманитарната турнеја која била организирана како „Акција за Истражување на Мултиплекс Слероза“, како и во албумот „Guitar Boogie“.

Во април 1965 г., Клептон се приклучил во бендот „John Mayall & The Bluesbreakers“, но по неколку месеци го напуштил. Во летото, 1965 г., заминал за Грција со бендот наречен „The Glands“ во кој на пијано свирел неговиот стар пријател Бен Пламер. Во ноември 1965, тој потвторно им се придружил на „John Mayall & The bluesbreakers“. Во текот на вториот мандат во овој бенд, неговото страствено свирење го постави Клептоновото име како најдобриот блуз гитарист во кругот на свирачите. Исто така, Клептон придоби светска слава со неговото свирење во енормно влијателниот албум „Blues Breakers“, овој албум не беше пуштен во продажба сè додека Клептон не ги напушти „The Bluesbreakers“. Заменувајки ја неговата фендер телекастер и „Vox AC30 amp“ за 1960 „Gibson Les Paul Standard guitar“ и „Marshall amplifier“, неговото свирење инспирираше графит кој го дефинираше него со познатион слоган „Клептон е Господ“ (или на анг. „Clepton is God“). Фразата, испишана од негов обожавател, беше со спреј во боја, на еден ѕид во Подземната станица во Ислингтон, во пролетта, 1967 година. Графитот беше фотографиран од страна на сега познат фотограф, во чија фотографија куче врши мала нужда врз ѕидот. Клептон изјави дека е засрамен од слоганот искажувајки се во ‘The South Band Show’ „Јас никогаш не го прифатив тоа дека јас бев најдобриот гитарист во светот. Отсекогаш сакав да бидам најдобар гитарист во светот, но тоа е идеал и јас токму така го прифатив“. Фразата се појавила и во други области во Ислингтон низ средината на 60-ите.

Cream

Клептон ги напушти „the Bluesbreakers“ во јули 1966, (за да биде заменет од Питер Грин) и ги оформи „Cream“, една од раните „супер групи“ (во шеесеттите се развил терминот супергрупи кој асоцирал на група направена од познати рок-музичари кои својата слава ја стекнале во друг бенд), со Џек Брус, басист (од „Manfred Mann“, „the Bluesbreakers“ и „Graham Bond Organization“) , и Џинџер Бејкер, тапанар (од „GBO“). Пред да биде оформен овој бенд, Клептон не бил многу познат во САД; ги напушти „the Yardbirds“ пред песната „For Your Love“ да влезе во топ 10 листата во Америка. Во ова време, со „Cream“, Клептон почнал да напредува како пејач, композитор и гитарист, иако Брус најчесто бил водечки вокал и напишал најголем дел од текстовите заедно со композиторот Пити Браун. Првата поуспешна свирка на „Cream“ била неофицијалната изведба во Манчестер на 29 јули 1966, пред нивното целосно деби, два дена подоцна, кое се одржало на Џез и блуз фестивалот во Виндзор. „Cream“, својата трајна легенда ја воспоставиле со нивните високо истакнати џез делови и проширените сола на концертите.

Во почетокот на 1967 година, Клептон доби конкурент во статусот на еден од најдобрите гитаристи во Обединетото Кралство, Џими Хендрикс. Хендрикс присуствуваше на изведбата на новоформираната „Cream“ во централен Лондон на 1 октомври 1966, каде што „паднал“ на двојно издолжената верзија на „Killing Floor“. За возврат, познатите гитаристи во Велика Британија вклучувајќи ги во нив и Клептон, Пити Тоуншенд, и членови од The Rolling Stones и The Beatles, присуствуваа на раните изведби на Хендрикс низ клубовите. Пристигнувањето на Хендрикс имало брзо и големо влијание врз развитокот на следната фаза на Клептоновата кариера, иако Клептон сè уште во анкетите беше препознаван како најдобриот гитарист во ОК.

За првпат, САД, Клептон го посети при турнејата со „Cream“. Во март 1967 година, „Cream“ настапија во „RKO“ театарот во Њујорк, каде што од 11-15 мај ја сминаа „Disraeli Gears“. Репертоарот на Cream варирал од хард-рок („I Feel Free“) до долги блуз-засновани инструметалки („Spoonful“). За 28 месеци „Cream“ постигнале голем успех, продавајќи милиони снимки и свирки низ САД и Европа. Тие ја редефинираа улогата на инструменталистите во рокот и беа едни од првите блуз-рок бендови кои ја нагласуваа музичката виртуозност и воведуваа долги џез делови во стил на импровизациски сесии. Во американските хитови беа вклучени нивните „Sunshine of Your Love“ (#5, 1968), „White room“ (#6, 1968) и „Crossroads“ (#28, 1969). Додека „Cream“ беше рангирана како една од најдобрите групи во тоа време вклучувајќи го и Клептон како херој-гитарист, постигнувајќи нови највисоки нивоа, на „супер групата“ и беше предодреден краток рок. Дрогата и алкохолот предизвикаа тензии помеѓу тројцата членови и конфликти помеѓу Брус и Бејкер, што доведе до крај на „Cream“.Welch, Chris: "Cream" (2000), page 131

Прошталниот албум на „Cream“, „Goodbye“, вклучува изведби во живо од 19 октомври 1968, и беше пуштен во продажба за кратко време откако групата се растури во 1968, исто така во албумот бил вклучен и студио синглот „Badge“, напишан од Клептон и Џорџ Харисон. Брзо по распадот Клептон и Харисон станаа добри пријатели. Блиското пријателство резултираше со свирењето на Клептон во харисоновата „While My Guitar Gently Weeps“, од албумот на „the Beatles“, „White Album“. Истата годна кога беше пуштен во продажба овој албум, Харисон го заврши своето соло „Wonderwall Music“, кое стана првото соло на Харисон во кое беше вклучен Клептон како гитарист, кои подоцна ги имаа многу повеќе. Оваа двојка често била гледана како свири заедно поради тоа што си гостувале еден на друг на концертите. Една година по смртта на Харисон, 2001, Клептон помогна во организирањето на почесниот концерт, на кој беше музички директор.

„Cream“ на кратко се обединија повторно за да свират на церемонија при која беа примени во Рокенрол халата на славните. Како и да е, целосно реобединување се случи во март 2005 година, со Клептон, Брус и Бејкер кога одржаа концерт во Лондон („Royal Albert Hall“) и уште трипати во Њујорк („Madison Square Garden“) во октомври, истата година. Снимките од настапот во Лондон беа пуштени во продажба на плоча, ЦД и на ДВД во септември/декември 2005.

Blind Faith и Delaney and Bonnie and Friends