Кука — археолошко наоѓалиште во тетовското село Рогле. Претставува населба од римското време. Се наоѓа северно од селото, на карпест рид со зарамнето плато што ги затвора долината на реката Фум и патот што води низ неа, каде што се гледаат остатоци од ѕидови. Во јужното подножје, на повеќе тераси се гледаат темели од повеќе објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу згура од топена хромна руда.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Роглевска тврдина — кастел од римско време; Прој Роглес — населба од доцноантичко време и старохристијанска базилика; Кука — утврдена населба од раноантичкото и доцноантичкото време и црква од старохристијанското време.
Наводи
Категорија:Рогле