Старо Село — археолошко наоѓалиште во тетовското село Фалише. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500 м југоисточно од селото, каде од обете страни на патот за селото Стримница, по површините на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Фалише

Наводи

Категорија:Фалише