Долги Грм — археолошко наоѓалиште во тетовското село Слатино. Претставува вила рустика од римско време. Се наоѓа во месноста „Св. Недела“, оддалечена 2,5 км југоисточно од селото, на патот што води за селото Ратае. На овој простор со археолошките ископувања во 1953/54 година бил откриен квалитетно граден објект со 4 простории од кои во едната имало префурниум и хипокаустна конструкција под подот, како и одводен канал. Веројатно се работи за луксузна бања со траги од ѕидна декорација во рамките на една богата вила рустика. Најдени се садови убаво и грубо работени, две геми и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Слатино;

Наводи

Категорија:Слатино (Тетовско)