мини|Средишниот дел на тунелот мини|Тунелот во изградба (1882)

Арлбершкиот тунел (герм. Arlbergtunnel) е тунел долж Арлбершката железница во западниот дел на Австрија, помеѓу покраините Тирол и Предарлска. Има должина од 10,6 километри и минува низ венецот Арлберг на североисточниот крај на Ретските Алпи.

Изградбата траела од 1879 до 1884 г, изведена на „староавстриски начин“Осовременување на Албершкиот тунел - Австриски сојузни железници . Отпрвин имал една пруга, но се покажал толку прометен што наредната година е пуштена уште една. Тунелот започнува на 99,5 км, кај железничката станица Св. Антон на Арлберг, а завршува во Ланген на Арлберг.

Поврзано Арлбершка железница Арлбершки патен тунел

Наводи

Категорија:Тунели во Австрија