Градиште — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Галате. Претставува утврдена населба утврдена населба од железното и римското време. Се наоѓа на околу 500 м северозападно од селото, над патот за селото Топлица, на доминантен рид во чие подножје е каменоломот, каде се гледа траса од утврдување, а по површината на градиштето се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови, питоси и др. На североисточната страна се зачувани делови од бедемот кој е граден во сувоѕидица и има дебелина од 2 м. Градиштето е отворено кон Полошко Поле и е пристапно само од западната страна каде со благ превој се врзува со расклоненијата на Шар Планина. Досегашната археолошка литература ова наоѓалиште го сместувала во атарот на селото Врапчиште, под името Пожаранско Градиште — што не одговара на објективната катастарска поделба на селските атари.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Гладница — населба и некропола од доцна антика;

Наводи

Категорија:Галате