Кумарино — село во источниот дел на Општина Велес, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба

Селото е ридско - рамничарско на надморска височина од 340 метри. Се наоѓа во сливното подрачје на реката Отовица, а од градот Велес е оддалечено 9 километри.

Историја

Стопанство Селото Кумарино има изразито полјоделско стопанство при што најмногу е застапено одгледувањето на жита: пченица, јачмен на големи површини, пченка и градинарски култури како тикви за широка продажба и домати, краставици, марули претежно за сопствени потреби и индустриски култури како сончоглед и маслодајна репка на поголеми површини во околината. Во помал дел се одгледува и добиток.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кумарино живееле 130 жители, од кои 70 Македонци и 60 Турци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 157. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кумарино имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Турци и 50 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото Кумарино има 74 жители, од кои 73 Македонци и 1 Србин.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 46 Македонци и 6 лица без податоци.

Родови

По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:

Македонски:

Доселеници: Секуловци (3 к.) најстар род во селото, не го знаат потеклото; Арсовци (4 к.) доселени се од селото Ново Село; Петрушевци или Пантовци (2 к.) доселени од селото Чалошево; Петковци (1 к.) доселени од селото Отовица; Божиновци (1 к.) доселени од селото Караслари. таму се викале Николовци; Јовановци (1 к.) доселени биле од селото Сојаклари, подалечно потекло од овчеполското село Трстеник.

Турски: (денес целосно иселени)

Доселеници: Салиовци или Боримечкалар (2 к.) не го знаат потеклото; Елмазовиќ (1 к.) доселени биле од Мамутчево; Кичик (1 к.) доселени биле од Кишино; Ферадовиќ (1 к.) доселени биле во 1910 година од овчеполското село Ќоселари; Алимлар или Алимовиќ (4 к.) не го знаат потеклото.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2186 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственост на давитков стојан.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Огради — населба од доцноантичко време Рупи — некропола од доцноантичко време

Култура и Спорт

Иселеништво Иселеници Турци од селото има во Турција.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес