Горни Ропаич — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Дебреше. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на 1 км западно од селото, на издолжен рид во правецот запад-исток, што лежи под наоѓалиштето Кале (Каља), каде се гледаат камени плочи и крстови од бигор. На западниот крај од некрополата има грамада од кршен камен, а се распознаваат и периметралните ѕидови на една мала еднокорабна црква со апсида.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горни Крст — средновековна црква и некропола; Долни Крст — средновековна црква и некропола; Жубовски Пат — средновековна некропола; Зилбов Гроб — средновековна некропола; Кале — населба од железно и римско време; Св. Богородица — средновековна црква и некропола; Спас — средновековна црква и некропола; Сред Село — средновековна црква и некропола; Стражник — некропола од бронзено време; Чатал — населба од доцната антика; Чифлик — некропола од доцната антика. Наводи

Категорија:Дебреше