Општина Струмица — општина која се простира во западниот и централниот дел на Струмичкото Поле, со површина од . На исток се граничи со Општина Босилово, на запад со Општина Конче, на север со Општина Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54.676 жители. Седиште на општината е Струмица.
Географија мини|десно|Зградата на општината Струмичкиот регион се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија на 41°22' СГШ и 23°45' ИГД и располага со површина од . Регионот на југ граничи со Егејска Македонија во денешна Грција, а на исток со Пиринска Македонија, во денешна Бугарија. Разврстен е во јужносредоземниот подреон, под таканаречениот индустриски микро-реон. Во рамките на регионот се подразбира Струмичкото Поле, кое е дел од Струмичко-радовишката котлина. Површината на регионот денес е поделена меѓу четирите општини Босилово, Василево, Ново Село и Струмица, кои вкупно сочинуваат 72 населени места, со вкупно население од 92.625 жители. Според површината и бројот на населението, регионот има средна големина во земјата, но неговиот низински дел е најгусто населено подрачје во Македонија, на квадратен километар живеат над 100 жители. Просечната надморска височина на котлината изнесува 280 метри, а вкупната површина , што претставува околу 30% од вкупната површина на регионот. Овој дел од котлината е ограден со планините Огражден, Беласица и Еленица. Економски најбогат и најзначаен дел од регионот е Струмичката рамница, потоа доаѓа Подбеласичкиот микро реон или т.н. Подгорие, и на крај микро реонот на населените места распределени во подножјето на планината Огражден.
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Струмица е Петар Јанков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 23 члена.
Стопанство Земјоделство Струмичкиот регион е најголем земјоделски производител во Македонија, особено на градинарски култури. Во 2017 година од вкупното производство во Македонија, во Општина Струмица биле произведени 58% од краставиците, 32% од доматите, 22% од пиперот и 17% од зелката.
+ Произведени жита, индустриски, градинарски, фуражни и овошни растенија во Општина Струмица во 2017 година Култура Произведено (тони) Вкупно во Македонија (тони) Удел (%) Грав 398 4 867 8,18 Грашок 106 1 893 5,60 Зелка 23 783 132 821 17,91 Домати 52 545 159 721 32,90 Пиперки 39 050 175 100 22,30 Краставици 29 948 51 532 58,12 Бостан 7 331 121 168 6,05 Луцерка 4 738 98 083 4,83 Цреши 376 4 061 9,26 Бадеми 24 533 4,50
Демографија Народ ВкупноУдел (%) Македонци 41.871 91,92 Албанци 2 0,1 Турци 2.846 8,86 Роми 102 0,27 Власи 3 0,01 Срби 153 0,34 Бошњаци 2 0,01останати 108 0,58
Вероисповед Вкупно православни 47.515 муслимани 4.193 католици 1.447 протестанти 101 останати 2.420
МакедонциТурциСрбиРомиБошњациАлбанциВласи останати и непознатоапсолутно мнозинстворелативно мнозинство
општина Струмица Вкупно Македонци Турци Срби Роми Бошњаци Албанци Власи останати Вкупно 54,676 (100,00 %) 50,258 (91,91 %) 3,754 (6,86 %) 185 (0,33 %) 147 (0,26 %) 6 (0,01 %) 3 (0,00 %) 3 (0,00 %) 320 (0,58 %) Баница1,137 1,1290201005 Банско1,992 1,0649003170206 Белотино29 290000000 Вељуса1,552 1,5480400000 Водоча318 3160200000 Габрово399 3980000001 Градско Балдовци755 7550000000 Дабиље1,946 1,9410500000 Добрејци1,764 1,7640000000 Дорломбос1170 117000000 Злешево000000000 Костурино1,280 1,2761200001 Куклиш2,532 2,5290200001 Мемешли440 44000000 Муртино2,209 2,2030200004 Орманли340 34000000 Попчево343 3420000001 Просениково1,550 1,5430500002 Раборци105 1050000000 Рич382 3810100000 Сачево540 5400000000 Свидовица325 30916000000 Струмица35,311 32,0742,642157130513299 Три Води12 120000000 Чепели000000000
Наводи
Надворешни врски
Општина Струмица — официјална страница Општина Струмица — Министерство за локална самоуправа Струмица денес Општина Струмица во „АБВ - деловен именик“ „Социјална карта на општина Струмица“
Струмица Категорија:Југоисточен Регион