мини|Споменик на Димитар Кондовски на Мостот на уметноста Димитар Кондовски (Прилеп, 30 септември 1927 - Скопје, 10 август 1993) — македонски сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има особено значење за развитокот на македонското современо сликарство во шеесеттите години. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Бил член на групите „Денес“ и „Мугри“. Се занимавал со сликарство, илустрација, сценографија, графика, пишувал критика. Професор бил на Педагошката академија во Скопје.

Самостојно изложувал (од 1957 г.) во Скопје, Загреб, Рим, Тетово, Прибој на Лим, Њујорк итн. Изложувал на многу групни изложби во земјата и во странство меѓу кои во: Белград, Александрија, Сан Марино, Саун Пауло, Рим, Шел, Париз, Кан, Сир-Мер и итн.

Димитар Кондовски најдоследно го остварил во своите дела стремежот кон синтезата на внимателно одбрани секвенци од духовно-естетскиот и пластичен репертоар на средновековната уметност и оние облици на нонфигуративна и асоцијативна уметност, што на тоа традиционалистичко ткиво можеа да му овозможат современа ликовна кохезија. За Кондонски ова сликарство: изведено како сложени асамблажи композитни, деликатни колористични и формални структури е сублимен степен на долготрајна денатурализација на разновидни визуелни податоци и естетско „филтрирање“ на ликовниот јазик, со цел уметничкото дело да стане автономен естетски феномен. Тоа се состави што потсетуваат на култни, сакрални објекти: низ нив постојано се провлекува едно современо чувство на уметникот, неговата внатрешна потреба, духовниот ритуал и естетиката на овие дела да се вклопи во актуелното ликовно движење, во медитативно и скептично сфаќање на светот.

Автор е на монументален сликарски објект во Железарницата во Скопје 1967 г. Награден е на 8 Средоземно биенале 1963 г., 3 Триенале во Белград, со Октомвриска награда за сликарство во 1964 г. и др.

Уметнички дела

Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски сценографи Категорија:Југословенски сликари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски сценографи Категорија:Сликари од 20 век Категорија:Апстрактни сликари Категорија:Добитници на награди за уметност Категорија:Професори на Факултетот за ликовни уметности - Скопје