Иван Велков ( во — во ) — македонски сликар и универзитетски професор, кој е особено значаен за развојот на македонското сликарство во 1960-тите години.

Животопис

Дипломирал во 1953 година, а во 1955 година магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Во 1960 година бил на специјализација во Париз.

Бил професор на Архитектонскиот факултет во Скопје и член на групата „Мугри“.

Самостојно излагал (од 1955 година) или со други, во Скопје, и на други места низ поранешна Југославија. Групно излагал на повеќе исложби, меѓу кои и во: Град Мексико, Дижон, Риека, Рим, Торино, Нирнберг, Штутгарт, Белград, Болцано, Ферара и други места.

Неговиот опус се движи во рамките на фигурацијата, енформелот и геометриската апстракција.

Наводи

Категорија:Родени во 1930 година Категорија:Починати во 2008 година Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Апстрактни сликари Категорија:Македонци во Србија