Општина Арачиново — општина во северниот дел на Македонија, со седиште во Арачиново. Се состои од четири села: Грушино, Мојанци, Орланци и Арачиново.

Географија Општина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје (околу 12 км од главниот град на Македонија). Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Мојанци и Орланци. Низ општината поминува регионален пат што ги поврзува Скопје со Куманово и Липково.

Историја 1945-1952 Месниот народен одбор Арачиново бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Арачиново, Брњарци, Мојанци, Орланци и Страчинци. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арачиново го изгубил селото Страчинци, на сметка на проширениот МНО Синѓелиќ. МНО Арачиново тогаш припаѓал во Скопска Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Арачиново останал територијално непроменет. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Арачиново бил укинат и неговата општинска територија припаднала на Општина Синѓелиќ.

1996-до денес мини|лево|260px|Граници на општината од 2004-до денес. Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Арачиново била обновена на сметка на намалената Општина Гази Баба. Нејзини населени места биле Арачиново, Брњарци, Грушино, Мојанци и Орланци. Според административната поделба од 2004 година, Општина Арачиново била била намалена на сметка на проширената Општина Гази Баба која го добила Брњарци.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Арачиново имал 1,407 жители, односно вкупното население на Арачиново, Брњарци, Мојанци и Орланци.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:

Народност Вкупно Македонци 490Албанци 752Турци 11Роми 149Срби 3Неопределени муслимани 2 мини|десно|260px|Демографска карта на општината, според пописот од 2002 година и границите од 2004 година. Според пописот од 2002 година, Општина Арачиново имала 11,992 жители, односно вкупното население на Арачиново, Брњарци, Грушино, Мојанци и Орланци. Општината имала 2,377 домаќинства и 2,583 станови.

Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:

Народност Вкупно Македонци 987 Албанци 10,879 Срби 13 Власи 1 Бошњаци 65 Останати 47

Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 12.676 жители, 2.848 домаќинства и 2.815 станови.

Следува табела според народностите во пописот од 2021 година:

Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за етничката припадност Етничка припадност ВкупноУдел (%) Македонци 7 0,06 Албанци 12,353 97,45 Бошњаци 4 0,03 останати 2 0,02 лица без податоци† 310 2,45 Вкупно 12,676 100,00

Следува табела според вероисповедноста во пописот од 2021 година:

Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за религиската припадност

Вероисповед Вкупно православни 1 муслимани 12.363 католици 1 христијани 0 протестанти 0 евангелисти 0 евангелисти-методисти 0 Јеховини сведоци 0 останати 1 евангелиски протестантски христијани 0 агностици 0 будисти 0 лица без податоци† 310 Вкупно 12.676

Следува табела според мајчиниот јазик во пописот од 2021 година:

Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според мајчиниот јазик

Јазик Вкупно македонски 1 албански 12.357 турски 0 ромски 0 влашки 0 српски 0 бошњачки 6 останати 2 знаковен јазик 0 непознато 0 лица без податоци† 310 Вкупно 12.676

† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле службено попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.

Општествени установи Во рамките на општината е и основното училиште „Скендербег” со повеќе од 1,000 ученици.

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Арачиново е Даут Беќири од редовите на Вреди. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Талалеј“ во Арачиново - изградена во 1994 година, единствената црква во селото Арачиново, а една од малкуте во општината. Редовни настани

Личности

Иселеништво

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (2002) Список на општини во Македонија по население (2021)

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Арачиново Општина Арачиново во „АБВ - деловен именик“