Општина Боговиње — општина во северозападна Македонија. Центар на општината е Боговиње. Општината е проширена со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година, кога кон поранешната Општина Боговиње е припоена и Општина Камењане.
Географија Општината граничи со Општина Тетово на север, Општина Брвеница на исток, Општина Врапчиште на југ и со Република Косово на запад.
Демографија
Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 22.906 жители, 6.457 домаќинства и 7.759 станови.
Етничка припадност
Вкупно резидентно население во Општина Боговиње според изјаснувањето за етничката припадност
Етничка припадност ВкупноУдел (%) Македонци 16 0,07 Албанци 20.475 89,39 Турци 803 3,51 Роми 0 0,00 Власи 1 0,0044 Срби 2 0,01 Бошњаци 6 0,03 останати 35 0,15 не се изјасниле 0 0,00 непознато 1 0,0044 лица без податоци† 1.567 6,84 Вкупно 22.906 100,00
Вероисповед
Вкупно резидентно население во Општина Боговиње според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед Вкупно православни 3 муслимани 21.329 католици 2 христијани 0 протестанти 1 евангелисти 0 евангелисти-методисти 0 Јеховини сведоци 0 останати 0 евангелиски протестантски христијани 1 агностици 2 будисти 1 лица без податоци† 1.567 Вкупно 22.906
Мајчин јазик
Вкупно резидентно население во Општина Боговиње според мајчиниот јазик
Јазик Вкупно македонски 936 албански 20.376 турски 9 ромски 0 влашки 0 српски 3 бошњачки 8 останати 5 знаковен јазик 0 непознато 2 лица без податоци† 1.567 Вкупно 22.906
† Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци. Дел од жителите во општината се изјасниле како Турци и Албанци, но всушност тоа се Македонци од муслиманска вероисповед, кои се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик.
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Боговиње е Фети Абази од редовите на Вреди. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 19 члена.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт ФК Дрита (Боговиње)
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Боговиње Општина Боговиње во „АБВ - деловен именик“
Боговиње Категорија:Полошки Регион