thumb|right|245px|Карта на Општина Дебар со селските атари. thumb|right|245px|Демографска карта на Општина Дебар со селските атари. thumb|right|245px|Јазична карта на Општина Дебар. Мајчин јазик на населението, прикажано по населени места.
Општина Дебар — општина во Западна Македонија. Седиште на општината е градот Дебар. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 19.542 жители, од кои мнозинството се Албанци и Македонци.
Географија Општина Дебар се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓа во Дебарскиот регион и има вкупна површина од 142.67 км2. На исток граничи со Албанија, на југ со Центар Жупа и Струга, на исток со Кичево и на север со Маврово и Ростуше. Во општината се наоѓаат планината Крчин и Дебарското Езеро.
Стопанство Главен стопанско објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Градското население во општината се занимава со трговија, производство и услуги, а руралното население со сточарство, земјоделство и шумарство.
Демографија Население
Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 19. 542 жители со густина на население од 134.15 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:Попис на населението во Македонија, 2002 Народ Жители Удел Македонци*3.911 20,01% Албанци*11.348 58,07% Турци*2.684 13,73% Роми1.080 5,53% Срби22 0,11% Бошњаци3 0,02% Власи2 0,01% останати*492 2,52%
*Треба да се напомене дека иако во Дебар се попишани 1.415 луѓе како Турци, тоа се всушност Македонци муслимани со оглед на тоа дека од попишаните Турци 98% за мајчин јазик се изјасниле дека им е македонскиот. Со тоа бројот на Македонци по националност во Дебар без разлика на вероисповеда е всушност 4469 или 30,69% (бројот на попишани со мајчин македонски јазик). Исто така и околните села на Дебар се во најголем дел македонски (населени со Македонци муслимани). Дел од Македонците муслимани се изјасниле и како Албанци. Мал број од Македонците муслимани се изјасниле и како други.
Вероисповед Вкупно православни 734 муслимани 17.083 католици 57 протестанти 0 останати 78
Мајчин јазик Мајчин јазик на населението според пописот од 2002Попис на Македонија 2002: јазик, националност и религија: Јазик Жители Удел македонски5.97330,5 албански 12.051 61,6 турски1.358 6,9 ромски50 0,25 српски190,09 босански30,01 останати880,45
МакедонциТурциСрбиРомиБошњациАлбанциВласи останати / непознатоапсолутно мнозинстворелативно мнозинство
Општина Дебар Вкупно Македонци Албанци Власи Турци Бошњаци Срби Ромиstyle="background: bgcolor="#CC7722" | останати |- | rowspan="1" | Баниште |90 |10 |style="background: bgcolor="#986960" | 80
| rowspan="1" | Бомово |0
| rowspan="1" | Гари |10 |style="background: bgcolor="#CC5500" | 9
|1 |- | rowspan="1" | Горно Косоврасти |818 |style="background: bgcolor="#CC5500" |578
|222
|18 |- | rowspan="1" | Дебар|14.561 |1.054 |style="background: bgcolor="#986960" | 10.768 |2 |1.415 |2 |22 |1.079 |219 |- | rowspan="1" | Долно Косоврасти |813 |style="background: bgcolor="#E97451"|388 |4 | |244
|197 |- | rowspan="1" | Коњари |0
| rowspan="1" | Кривци |9 | |style="background: bgcolor="#986960" | 9
|1
| rowspan="1" | Могорче |1.794 |style="background: bgcolor="#CC5500" |1.408 |1 | |376 |1 | |1 |7 |- | rowspan="1" | Осој |6 |style="background: bgcolor="#CC5500" |6
| rowspan="1" | Отишани |530 |style="background: bgcolor="#CC5500" |302 |46 | |170
|12
| rowspan="1" | Рајчица |131 |42 |style="background: bgcolor="#BDB76B"| 72 | |1
|16 |- | rowspan="1" | Селокуќи |104 | |style="background: bgcolor="#986960"|104
| rowspan="1" | Спас |32 | |style="background: bgcolor="#986960"| 32
| rowspan="1" | Татар Елевци |10 |style="background: bgcolor="#CC5500"|10
| rowspan="1" | Трнаниќ |0
| rowspan="1" | Хаме |135 | |style="background: bgcolor="#986960"| 135
| rowspan="1" | Џепиште |499 |105 |96 | |style="background: bgcolor="#177245"| 276
|22 |- | rowspan="1" style="background: #E9E9E9;" | Вкупно| style="background: bgcolor="#FFFF00" | 19.542 100,00%| style="background: #E9E9E9;" | 3.911 20,01%| style="background: bgcolor="#BDB76B" | 11.348 58,07%| style="background: #E9E9E9;" | 2 0,01%| style="background: #E9E9E9;" | 2.648 13,73%| style="background: #E9E9E9;" | 3 0,02%| style="background: #E9E9E9;" | 22 0,11%| style="background: #E9E9E9;" | 1.080 5,53%| style="background: #E9E9E9;" | 492 2,52%'''
Иселеништво Иселувањето на населението од Општина Дебар е процес кој се одвива подолг период. Во минатото, миграцијата била претежно село-град или град-град, но денес е забележано големо отселување на населението во странски држави. Дебарски емигранти во Бугарија (1905/1906) издавале свои весник*.
Општествени установи Цркви Црква „Св. Димитриј“ - Баниште - црква од 19 век; Црква „Св. Јован“ - Баниште - црква од 20 век; Црква „Св. Илија“ - Баниште - руинирана црква од 14 век; Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гари Црква „Св. Никола“ - Долно Косоврасти - црква од 19 век, возобновена во 1985 година. Манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Рајчица Црква „Св. Варвара“ - Рајчица, во маалото Рајчки Црква „Св. Атанасиј“ - Рајчица, во маалото Влаовци Црква „Св. Димитриј“ - Рајчица, во маалото Радовци
Училишта ОУ „Долно Косоврасти“ - Долно Косоврасти
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Краста — средновековна црква и некропола; Ров — средновековна некропола; Арбановци — средновековна некропола; Заградишта — средновековна тврдина; Стар Пат — средновековен пат; Елица — средновековна црква и некропола;
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Дебар е Фисник Мела од редовите на Вреди. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.
Во склоп на општина Дебар е градот Дебар и следниве села: Баниште, Бомово, Гари, Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Коњари, Кривци, Могорче, Осој, Отишани, Рајчица, Селокуќи, Спас, Татар Елевци, Трнаник, Хаме и Џепиште.
Личности Трифон Ангелов (Баниште, 1872 - ?) — револуционер„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.34. Воислав Илиќ — (Баниште), поет и раскажувач, доктор на филолошки науки, литературен критичар и историчар. Божин Теофилов — македонски комита, учесник во Илинденското востание во четата на Георги Сугарев, војвода на ВМРО во Дебарско и Реканско Неделко и Ристе Китанови — македонски комити, членови на дебарската чета на ВМРО. Ристе загинал во 1902 во борба со турскиот аскер кај селото Јанче, а Неделко учествувал и се борел во Илинденското востание. Иван Аговски — македонски револуционер Ибе Паликуќа — учесничка во НОВ, народен херој на Југославија Лиман Каба — учесник во НОВ, народен херој на Југославија Благоја Деспотовски - Шовељ — учесник во НОВ Неџат Аголи — прв министер за социјална политика во македонската влада по Втората светска војна Живко Ошавков — социолог и филозоф, еден од основоположниците на социологијата во Бугарија Јордан Даниловски (р. 15 јануари 1957) — македонски поет, критичар, есеист, романописец. Васил Куноски (20 ноември 1916 - 13 јуни 1993) — македонски поет за деца. Иван Ивановски (10 јуни 1930) — македонски поет, раскажувач, писател за деца, театарски критичар. Алексиј Зографски — преродбеник Никола Аџиев — револуционер Силко Цветков — револуционер Тришо Стојановски — писател
Култура и спорт ФК Кораб (Дебар) — фудбалски клуб основан 1923 г. Има настапувано во Втората македонска фудбалска лига.
Наводи
Поврзано Југозападен Регион Општини во Македонија Дебар
Надворешни врски
Портал на Општина Дебар Општина Дебар во „АБВ - деловен именик“ Општина Дебар на „Златна Книга“ Општина Дебар на mojsovetnik.org.mk
*