Општина Демир Хисар — општина во Југозападна Македонија. Градоначалник е Никола Најдовски. Седиште е градот Демир Хисар. Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2004 година кон поранешната општина Демир Хисар е припоена и Општина Сопотница.

Географија Демир Хисар или Железник се вика ридско-планинската област што се простира во југозападниот дел на Македонија или поблиску одредено северозападно од Пелагониската Котлина, околу горниот слив на реката Црна. Тоа е периферно подрачје на Пелагонија. Источната граница на оваа област поминува по планината Бушева, а западната по сртовите на Бигла, Плакенска и Илинска Планина. На југоисточната страна е планината Древеник. Територијата на општина Демир Хисар зафаќа површина од 478 км2 и се вбројува во средно големите општини на Р Македонија, со просечна густина на населението 21,5 жители на км2.

Патна мрежа Демирхисарко има значајна географска положба во југозападниот дел на Македонија. Асфалтните сообраќајните врски за Демир Хисар даваат убава можност да се посети ова живописно планинско подрачје. Асфалтни патишта го поврзуваат со Битола (25 км), Крушево (24 км), Прилеп преку с. Кривогаштани (53 км) и Кичево (55 км). Во иднина се очекуваат асфалтни патишта за Охрид и Ресен. Со Ресен го поврзуваат шумски патеки, а преку селото Големо Илино со шумски пат е поврзан преку Брежани со Дебрца и Охридско. Со овие градови демерхисарското подрачје било поврзано директно со патишта уште во времето на античка Македонија, средновековното македонско царство, а во римскиот период со патот и краковите на Вија Егнација. Денес, Демир Хисар е поврзан со асфалт скоро со сите демирхисарски села и културно-историски центри. До манастирите Св. Тома - Граиште, Св.Атанасиј - Журче, Добромирово - Слепче, и манастирот Св. Илија на Илинска планина водат неасфалтирани патишта.

Населени места Општината Демир Хисар (9.497 жители, ) се состои од градот Демир Хисар и уште 40 населени места: Бабино, Базерник, Бараково, Белче, Боиште, Брезово, Вардино, Велмевци, Вирово, Големо Илино, Граиште, Доленци, Единаковци, Жван, Железнец, Журче, Загориче, Зашле, Кочиште, Кутретино, Лесково, Мало Илино, Мренога, Ново Село, Обедник, Прибилци, Радово, Ракитница, Растојца, Света, Сладуево, Слепче, Слоештица, Смилево, Сопотница, Стругово, Суво Грло, Суводол, Утово и Церово. Ова се места каде природата ја зачувала својата уникатна недопрена убавина. Тие се мали, но имаат многу да понудат.

Илинска Планина rigt|thumb|Панорама од Илинска Планина Планинскиот дел од Демир Хисар е во групата на средни и високи планини од 1.000 до 2.000 м.н.в. со највисок врв Плаќе од 1.999 м.н.в. Во густите планински шуми има богат и разновиден див животински свет: мечка, дива свиња, дива мачка, срна, зајак, јазовец, куна, верверица, лисица, ласица, царева невестулка, и др. Ова подрачје имало и рисови но сега тие се вистинска реткост. Во овој крај забележани се над 25 видови птици. Сето тоа богатство на разновиден животински свет овозможува развој на ловниот туризам, за оние животни за кои ловот е дозволен во одредените временски сезони. Илинска Планина е една од најстарите планини на Балканскиот Полуостров. Планината е богата со различни видови на шуми, пасишта, извори на ладна планинска вода, различни растенија и животни и има идеални услови за зимски и летен туризам. Илинска Планина се граничи на југ со Плакенска Планина, на запад се наоѓа котлината Дебрца, а на исток исто котлина Суво Поле, на север се расчленува во повеќе ридови кои завршуваат по течението на реката Треска. Илинска Планина се протега Северозапад- Југоисток. Јужно од Кичево на Исток кон Демир Хисар и на Запад кон Охрид. Тоа е голем масив а разни котлини долини и пасишта. Илинска Планина е богата со разновиден свет од растотелно и животинско потекло. Исто така таја е и богата со разни шуми и студена вода. Највисок врв е Лиска со 1908 м. Од Врвот Лиска интересно е да се кажи дека може да се виде и Охридско Езеро. Од подножјето на Илинска Планина извира и Црна Река. Може да се кажи дека во цела Македонија Илинска Планина е нај еколошки чисто место и затоа ова место располага со најчисти шумски лековити билки и шумски плодови. Илинска Планина е една од најстарите планини на Балканскиот Полуостров. Планината е богата со различни видови на шуми, пасишта, извори на ладна планинска вода, различни ратсенија и животни и има иделани услови за зимски и летен туризам. Илинска Планина нуди солидни можности за развиток на летниот и зимскиот планински туризам. Пристапните патишта од Кичево и од Охрид водат скоро до подножјето на највисокиот врв Лиска. Истовремено планината е поврзана со западната магистрала преку селото Велмеј во Општина Дебрца, сè до Демир Хисар на спротивната страна на планината и понатаму, пак, кон Кичево или Битола. Ова е само предуслов за понатамошно развивање на инфраструктурата во овој регион.

Црна Река thumb|Извори на Црна Река Реката Црна со нејзините 207 км е најдолгата река во регионот и е најдолга десна притока на реката Вардар. Името на реката е словенски превод на поранешното тракиско име, Erigon, што значи “црно”. Црна Река извира од неколку карстни извори во центарот на селото Железнец, со просечна количина на вода од 33 м³/с. Таа ги собира сите води од Демирхисарско при што сливот на реката има природни можности за градба на мали и поголеми акумулации на вода. Таа продолжува да тече низ централниот дел на Демир Хисарскиот регион. Ендемска пастрмка живее во долното течение на Црна Река. Бигла, Илинска и Вировска Планина изобилуваат со извори, потоци и реки. “На секој чекор има ивор или чешма”, нагласуваат мештаните. Реките и вештачките езера изобилуваат со неколку видови риби: мренка, крап, пастрмка, белвица, клен и др. а во поголемите реки има и видри, што пак овозможува на развој на риболовен туризам.

Вештачки езера Струговското Езеро се наоѓа на само 3 км од градот Демир Хисар, во близина на месноста (и поранешно село) Крагуево. Тоа овозможува идеално прибежиште од урбаната бучава. Над селото Суводол во падините на планината Древеник се изградени две вештачки езера: Долно и Горно Суводолско Езеро. Богати со риби, скриени во длабоката шума, тие чекаат да бидат откриени од патникот кој шета наоколу, барајќи мир и спокојство во природа.

Историја

Името Демир Хисар доаѓа поради богатството на овие планини со железна руда, па и областа го добива името Железник. Тоа се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Планина. Тоа е името што и денес го носи. Општината започна да се развива некаде во 1945 г. после завршувањето на Втората светска војна. Прво во Демир Хисар беше формирана политичко - општествено административна заедница - Околиски народен одбор. Неговото седиште беше во селото Лопатица, но потоа со промените на територијалните и урбаните закони во Републиката тоа беше преместено во Мургашево. Демир Хисар како општина е независна заедница во постојан развој, и денес е добро развиено и познато место во Републиката, со сопствен систем за водоводна, одводна и електрична мрежа, и асфалтирани патишта што ја поврзуваат со соседните општини.

Смилевски конгрес rigt|thumb|Музеј во Смилево rigt|thumb|Споменик на Даме Груев

Во периодот од 2 до 7 мај 1903 во селото Смилево, одржан е Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ. Даме Груев бил овластен на конгресот да го претставува ЦК на организацијата и бил назначен за претседател на конгресот на кој учествувале и Ѓорѓи Сугарев, Никола Петров - Русински, Јордан Пиперката, Никола Карев, Христо Узунов и други. За дневен ред на конгресот биле поставени следниве точки: распределување на моралните и воените сили, подготовка, должноста и правата на раководните кадри пред и за време на востанието, прашањето за невооружените и неспособни луѓе, старци, жени и деца, за време на востанието, за сопственоста и распределбата на оружјето, определување на време за востание, определување на составот на реонските раководни тела пред и за време на востанието и начинот на водење на востанието. На конгресот било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и некои делови на други реони не се достатно подготвени за кревање востание. Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на 1903 година како што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Русински и други. Во една крајно напната атмосфера по повод острите расправии околу решението за востание, интервенирал Даме Груев. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол: „А бре луѓе, не губете си го времето да го решавате прашањето - ќе, има ли востание или не, зашто тоа е решено - битти даваси! Говорете сега за востание, како да го направиме и кога, но не по ден и по време.“ Оваа интервенција на Груев ги прекинала споровите. Бил избран Главен Штаб со тројца членови: Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев. Конгресот го задолжил Главниот Штаб да го одреди и датумот на востание. Смилевскиот Конгрес ја завршил својата работа длабоко во ноќта на 7 мај 1903 година. На 27 јули кај селото Буф (Леринско) Г.Ш. како ден за обавување на востанието го определил 2 август. На 28 јули од селото Боиште (Демирхисарско), Штабот преку брзи курири испраќа проглас за востанието во сите краишта на Битолскиот револуционерен округ, a исто така била испратена декларација до Големите Сили да не патуваат нивни граѓани на железницата Битола - Солун, за да не дојде до несакани жртви. Илинденската епопеја била на прагот.

Стари занаети Постојат многу стари занаети, кои сè уште постојат во селата во општината Демир Хисар. Тие се многу интересни за туристите, бидејќи можат да ги видат валавиците во с. Вирово и с. Слоештица, традиционалното ткаење на волнени јамболии, ковачки занает, традиционалното производство на ќумур, правење на вар, изработка на домашни ракотворби со народни мотиви од регионот, рачна изработка на волнени килими, рачна изработка на дрвени и плетени производи, резбарство (најчесто во манастирите), ѕидарство (познати се Смилевските ѕидари), казарници за варење на домашна ракија, изработка на бочви и каци.

Валавици thumb|Валаница во с. Вирово Вировските валавици се едно од најатрактивните и најнеобичните места во овој дел на Македонија, кои одамна не се во функција. Повеќето валавици се срушени и обрастени со капини и базје. Дифтиците и јамболлиите од поодамна се користат како сувенири, како предмети од едно минато време. Некогаш во Вирово имало осумдесеттина валавици, а денес останата е една валавица т.е. валавицата на познатата валајчарска фамилија на Велјан Штрковски. Иако се Штрковските валавици под заштита на Министерството за култура како „споменици на културата“ ништо не е направено тие да се заштитат како туристичка атракција.

Покрај валавиците и вировите, Вировската Река, во Вирово знаменитости се и црквите св. Никола и св. Петка, манастирот Пречиста, Цепен Камен, Орлов Камен, Вировската Рудина од која се гледаат Охридско и Преспанско Езеро, римскиот рудник, многубројните извори и Вировската Планина со изворот Еврејка, како и знаменитостите од илинденскиот период. Производство на ќумур rigt|thumb|Производство на дрвен ќумур Производството на ќумур во Демирхисарско има своја традиција. Производството на ќумур (дрвен јаглен) била една од основните егзистиционални дејности во Демирхисарското горноселие.

Ако до пред неколку децении ќумурџиите произведуваа ќумур исклучиво за потребите на ковачите во последниве години производството го пременија на таканаречен скараџиски ќумур што се користи во угостителството. Во овој занает впечатливо е тоа што после толку години останал традиционалниот начин на производство. Како суровина за добивање на ќумур се користи дабовото и буковото дрво што го карактеризира висока калоричност. Затоа Мреношкиот, Вировскиот и Смилевскиот ќумур се најбарани.

Стопанство Туризам rigt|thumb|Планинарење низ недопрената природа