Општина Јегуновце — општина во областа Долни Полог, Западна Македонија. Седиште на општината е селото Јегуновце, а градоначалник е Димитар Костадиноски.

Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година кон поранешната општина Јегуновце е припоена и Општина Вратница.

Етимологија Името на општината е добиено според своето административно и географско средиште, селото Јегуновце. Ова име првпат се појавува во пишани извори во XIX век, каде што се среќава во форма „Егуновце“. Потеклото на името е поврзано со зборот егумен или игумен, кој во православната црковна традиција означува старешина или управител на манастир. Оттука, називот Егуменовци означувал луѓе или заедница поврзана со игуменот, а со текот на времето преку народна и јазична адаптација ја добил денешна форма Јегуновце.

Грб и знаме Грб Грбот ја претставува општината преку неколку препознатливи елементи сместени во рамките на штит. Централна фигура е буквата „Ј“, која го симболизира името Јегуновце и ја истакнува општината како посебна заедница. Во позадината се наоѓа приказ на планините, како потсетник на природното богатство и географската положба на овој крај. Дополнително, претставена е фабрика, што ја отсликува индустриската традиција и стопанската активност. На грбот има и ѕвезди, кои ги симболизираат населените места на општината и нивната меѓусебна поврзаност. Во долниот дел е вметната годината на основање на општината, како белег на историскиот развој. Грбот бил официјално усвоен во 1996 година.

Знаме Знамето на Општина Јегуновце е со основна црвена боја, што ја симболизира енергијата, традицијата и заедништвото. Во левиот горен агол е поставен грбот на општината, како носител на локалниот идентитет. На знамето се истакнати единаесет жолти ѕвезди, чиј број одговара на бројот на населените места во општината пред присоединувањето на Општина Вратница во 2005 година. Поставеноста на ѕвездите не е случајна, туку е усогласена со нивната географска распределба на картата на општината. Ова симболично претставува заедничко постоење и рамнотежа меѓу сите населени места. Знамето било усвоено во 1996 година.

Географија Општина Јегуновце е општина во северозападниот дел на Македонија, во областа Долни Полог. Морфолошки се наоѓа меѓу западната падина на варовничката планина Жеден и јужната падина на Шар Планина, односно е сместена на пространата алувијална рамнина на реката Вардар. На запад граничи со Општина Теарце, на север со Република Косово, на југ со Општина Желино, а на исток со Општина Сарај. Центарот на општината, селото Јегуновце, е оддалечено околу 20 километри од најблискиот град Тетово, a 35 километри од главиот град Скопје.

Општина Јегуновце се простира на површина од 174 км², а во нејзините рамки се наоѓаат вкупно 17 населени места, кои може да се поделат на две групи според географската поставеност: во рамничарскиот и во планинскиот дел на територијата. Планинските населби се сместени во подножјето и падините на Шар Планина и се одликуваат со почиста клима, повисока надморска височина и поразвиено сточарство и шумарство. Од нив, Старо Село претставува највисоко населено место во општината, сместено на 870 метри надморска височина. Од друга страна, рамничарските села се протегаат во котлинскиот дел, покрај реката Вардар и плодните полиња околу неа. Овие населби имаат порамномерна структура, подобри услови за земјоделство и полесна достапност до патната инфраструктура. Најниско место во општината е селото Туденце, кое се наоѓа на 385 метри надморска височина. Со вакви природни разлики, општината Јегуновце претставува простор со изразена разновидност – од високопланински услови погодни за сточарство и туризам, па сè до рамничарски области со богати земјоделски површини.

Историја мини|лево|Границите на Општина Јегуновце во периодот 1996-2005 година. мини|245п|Карта на Општина Јегуновце со атарите/катастарските општини. Просторот на Општина Јегуновце претставува подрачје со исклучително богата историја и културно наследство, кое било населено уште од најраните историски периоди. Археолошките истражувања и бројните пронајдоци сведочат дека животот на овие простори постоел уште од 5 и 6 век. Ова укажува на континуитет на населување и развој на локалните заедници низ различни епохи.

Како материјални сведоштва на овој континуитет се појавуваат разновидни археолошки наоди – некрополи кои зборуваат за погребните обичаи и организацијата на древните жители, ранохристијански градби кои ја потврдуваат раната распространетост на христијанството, како и средновековни цркви што ја рефлектираат духовната и културната традиција на населението. Покрај нив, пронајдени се и други вредни предмети и градби кои го претставуваат богатството и разновидноста на културното наследство на регионот.

Овие археолошки и историски сведоштва не само што ја потврдуваат долгата историја на населување на општината, туку истовремено ја истакнуваат нејзината важност како простор на кој се испреплетувале различни култури, традиции и историски процеси низ вековите.

Општина Јегуновце како самостојна административно-територијална единица е официјално формирана на 18 декември 1996 година. Овој датум има особено значење за локалната самоуправа, бидејќи токму тогаш се одржала првата конститутивна седница на Советот на Општината, на која бил конституиран првиот Совет и со тоа започнала формалната работа на општинските органи. Во спомен на тој историски момент, 18 декември е востановен како празник на Општина Јегуновце.

Демографија мини|десно|245п|Демографска карта на Општина Јегуновце според пописот од 2002 година. Според пописот од 2002 година, во Општина Јегуновце живееле 10.790 жители. Според последниот попис од 2021 година, во општината живееле 8.895 жители. +Вкупно население според изјаснувањето за етничката припадност20022021Вкупна променаПроцентуална променаЕтничка припадностброј%број%Македонци5.96355.264.74653.36−1.217 −1.9 Албанци4.64244.023.48239.15−1.160 −4.87 Турци40.0400.00−4 −0.04 Роми410.38490.558 0.17 Власи00.0000.0000.00Срби1091.01891−20 −0.01 Бошњаци10.0100.00−1 −0.01 Останати300.28110.12−19 −0.16 Не се изјасниле00.0000.0000.00Непознато00.0000.0000.00Лица без податоци//5185.82518 5.82 Вкупно10.7901008.895100−1.895 −17.5 +Вкупно население според изјаснувањето за религиската припадност20022021Вкупна променаПроцентуална променаРелигиска припадностброј%број%Христијани6.08156.374.84354.45−1.238 −1.92 Православни6.07856.344.82154.20−1.257 −2.14 Католици30.03210.2418 0.21 Протестанти//10.011 0.01 Евангелисти//00.0000.00Евангелисти-методисти//00.0000.00Јеховини сведоци//00.0000.00Муслимани4.69243.493.52239.60−1.170 −3.89 Друго150.1400.00−15 −0.14 Не е верник (атеист)//110.1211 0.12 Не се изјаснил00.0010.011 0.01 Непознато00.0000.0000.00Лица без податоци//5185.82518 5.82 Вкупно10.7901008.895100−1.895 −17.5 +Вкупно население според мајчиниот јазик20022021Вкупна променаПроцентуална променаМајчин јазикброј%број%Македонски6.01255.724.78953.84−1.223 −1.88 Албански4.64543.053.52439.62−1.121 −3.43 Турски40.0400.00−4 −0.04 Ромски410.38260.29−15 −0.09 Влашки10.0100.00−1 −0.01 Српски590.54340.39−25 −0.15 Бошњачки00.0010.011 0.01 Останати280.2630.03−25 −0.23 Знаковен јазик//00.0000.00Непознато00.0000.0000.00Лица без податоци//5185.82518 5.82 Вкупно10.7901008.895100−1.895 −17.5 Населени места Во состав на општината Јегуновце влегуваат 17 села:

Беловиште Вратница Жилче Јажинце Јанчиште Јегуновце Копанце Орашје Подбреге Прељубиште Раотинце Ратае Рогачево Сиричино Старо Село Туденце Шемшево ВкупноПлурална етничка групаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациДругиНе се изјаснилеНепознатоЛица за кои податоците се преземени од административни извориОпштина Јегуновце8.8954.7463.482 -49 -89 -11 - -518Беловиште230187 - - - -13 -1 - -29Вратница3643011 - - -10 -1 - -51Жилче5435152 - - - - - - - -26Јажинце913 -884 - - - - - - - -29Јанчиште481451 - - - -18 -1 - -11Јегуновце7056313 -14 -6 - - - -51Копанце844196548 - - - - - - - -100Орашје625 -569 - - - - - - - -56Подбреге199171 - -11 -10 - - - -7Прељубиште33921068 -24 -2 -2 - -33Раотинце48244311 - - - - - - - -28Ратае401385 - - - -8 - - - -8Рогачево282250 - - - -10 -3 - -19Сиричино3993631 - - -5 - - - -30Старо Село185169 - - - -6 -3 - -7Туденце3713582 - - - - - - - -11Шемшево1.5321161.393 - - -1 - - - -22

Стопанство МХЕ „Градиште“ (Јегуновце) ХЕК „Југохром“ (Јегуновце)

Општествени установи мини|Седиштето на Општина Јегуновце. Училишта

ООУ „Александар Здравковски“ - Јегуновце ПООУ „Александар Здравковски“ - Јанчиште ПООУ „Александар Здравковски“ - Раотинце ООУ „Симче Настевски“ - Вратница ПООУ „Симче Настевски“ - Долно Орашје ПООУ „Симче Настевски“ - Орашје ООУ „Шемшево“ - Шемшево (во минатото ООУ „Даме Груев“) ПООУ „Шемшево“ - Туденце ПООУ „Шемшево“ - Прељубиште ПООУ „Шемшево“ - Копанце ПООУ „Шемшево“ - Жилче

Пошта Пошта (1225) — Вратница Пошта (1215) — Јегуновце Пошта (1228) — Шемшево

Дом на култура Дом на културата (Жилче) Дом на културата (Јегуновце) Дом на културата (Раотинце)

Железнички станици ЖС „Орашје“ (Скопје — Кичево) ЖС „Јегуновце“ (Скопје — Кичево) ЖС „Јегуновце Фабрика“ (Скопје — Кичево) ЖС „Ратае“ (Скопје — Кичево)

Друго Јавно комунално претпријатие „Чистота“ (Јегуновце) Полициска станица (Јегуновце) Амбуланта (Јегуновце) Амбуланта (Шемшево) Ветеринарна станица (Подбреге) Дисперзирани паралелки на средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ од Тетово (Прељубиште) Библиотека „Светлина“ (Прељубиште) Градинка (Прељубиште)

Културни знаменитости Цркви

Црква „Св. Петка“ - Беловиште Црква „Св. Богородица“ - Беловиште Црква „Св. Јован Крстител“ - Беловиште Црква „Св. Петка“ - Вратница Црква „Св. Архангел Михаил“ - Вратница Црква „Св. Константин и Елена“ - Вратница Црква „Св. Никола“ - Жилче Црква „Св. Теодор Тирон“ - Јанчиште Црква „Св. Архангел Михаил“ - Јегуновце Црква „Св. Ѓорѓи“ - Јегуновце Црква „Св. Никола“ - Копанце Црква „Св. Архангел Михаил“ - Подбреге Црква „Св. Јован Богослов“ - Прељубиште Црква „Св. Илија“ - Раотинце Црква „Св. Недела“ - Раотинце Црква „Св. Петка“ - Раотинце Црква „Св. Сава“ - Ратае Црква „Св. Атанасиј“ - Ратае Црква „Св. Спас“ - Рогачево Црква „Св. Архангел Михаил“ - Рогачево Црква „Св. Петка и Св. Недела“ - Рогачево Црква „Св. Илија“ - Рогачево Црква „Св. Спас“ - Рогачево Црква „Св. Петка“ - Сиричино Црква „Св. Ѓорѓи“ - Старо Село Црква „Св. Спиридон“ - Старо Село Црква „Св. Петка“ - Туденце Црква „Св. Ѓорѓи“ - Туденце Црква „Св. Ѓорѓи“ - Шемшево

Џамии Стара џамија - Копанце Нова џамија - Копанце Главна Џамија - Орашје Џамија - Долно Орашје Џамија - Прељубиште Џамија - Шемшево

Археолошки наоѓалишта

Градиште (Беловиште) Поле (Беловиште) Мали Орман (Вратница) Св. Дуси (Вратница) Св. Петка (Вратница) Тумба (Вратница) Црквиште (Вратница) Просечник (Жилче) Црквиште (Јажинце) Тумба (Јанчиште) Ќерамидница (Јанчиште) Јегуновска тврдина (Јегуновце) Кај Фабриката (Јегуновце) Пештер (Јегуновце) Арбино (Копанце) Плетарница (Копанце) Орашко Кале-Собри (Орашје) Манастириште (Подбреге) Брезјанско Нивче (Прељубиште) Три Тумби (Прељубиште) Арбино (Раотинце) Брце (Сиричино) Матеички Дол (Сиричино) Градиште (Старо Село) Дубје (Старо Село) Цветков Рид (Старо Село) Црквиште (Туденце) Сред Село (Шемшево)

Споменици Споменик во чест на НОБ (Раотинце) Биста на Цоки Стојановски (Туденце)

Природни знаменитости Реки Бистрица Вардар Ракита

Езера Вратничко Езеро Ливадичко Езеро

Месност Савин Камен Сенокос

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Јегуновце е Димитар Костадиноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. На локалните избори од 2025 година Димитар Костадиноски добил втор мандат.

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена. Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност се:

Членови на совет